Ирското „да“ за Лисабон ќе биде тешко
ДАБЛИН - Ирскиот министер за надворешни работи, Мајкл Мартин, вчера изјави дека ќе биде тешко да се обезбеди ратификација на Лисабонскиот договор на ЕУ на плебисцитот следниот месец, откако анкетата за јавното мислење покажа намалување на поддршката за договорот. „Никогаш немав илузии дека ќе биде тешко да се постигне, но мислам дека можеме да го направиме тоа“, изјави Мартин за радиото РТЕ. „Претстои многу значаен предизвик, ќе има многу тешка кампања и ќе бидат потребни сите ресурси, убедувања, политика и страст на сите од таборот „за“. (Ројтерс) |