Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет
Цивилни жртви во напад на НАТО врз танкери во Авганистан

КУНДУЗ - Силите на НАТО спроведуваат истрага дали убиле голем број авганистански цивили во вчерашниот извршен напад врз два киднапирани танкера со гориво, при што беше предизвикана голема експлозија. Инцидентот во северната провинција Кундуз би можел да поттикне гнев против странските војници само по два месеца откако новиот командант на американските и на авганистанските сили во земјата најави мерки за намалување на цивилните жртви, за кои вели дека ги поткопуваат воените напори. Капетанот на корвета, Кристин Сајденстрикер, офицерката за односи со медиумите на американските и на меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ), предводени од НАТО, изјави дека авганистанските власти пријавиле оти два танкера со гориво се киднапирани, а воздушните летала на НАТО ги забележале покрај една река. „По надгледувањето дека во таа област има само бунтовници, локалниот командант на ИСАФ нареди воздушни напади во кои беа уништени танкерите со гориво и беа убиени голем број бунтовници. Нападот беше против бунтовниците. Убедени сме дека беа убиени бунтовници. Но, целосно спроведуваме истрага за информациите за цивилни жртви“, рече таа.

На прашањето како пилотите би можеле да знаат дали меѓу лицата собрани околу танкерите имало цивили или борци, таа рече: „Врз основа на информациите на местото на настанот командантите сметале дека тие се бунтовници“. Гувернерот на провинцијата Кундуз, Мухамед Омар, јави дека се стравува оти загинале 90 лица, кои биле живи изгорени во големата експлозија. „Мојот брат беше запален кога авионите ги бомбардираа танкерите со гориво. Не знам дали е мртов или жив“, рече расплаканиот селанец Гулам Јахја, меѓу десетици роднини кои се собраа пред централната болница во Кундуз, во провинцискиот главен град. Инцидентот, исто така, укажува на се' поголема несигурност во северниот дел на земјата, област која се смета за безбедна, но каде што талибанските напади се се' почести. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 158 пати.

Испрати коментар

Од: vladimir
Датум: 05.09.2009 04:14:39
abe ostaj ON baral istraga da vidam ne formiraat sud vo HAG slucajno , ma neee oni se tamo samo za da im pomognat na lugeto da si go ostvarat sonot za podobra idnina, a ovie 90 a i koj znaj kolku ne znaeme se koleteralna steta ! e nie za tamo se stremime za vo NATO da si gi prljame racete so krv ! da ideme po tugi teritorii da okupirame i podrzuvame golemite sili vo NATO da si pravat biznisi i pari na maka na ovie zaginati luge!
Од: bale
Датум: 05.09.2009 07:03:27
E pa takva e Demokratijata na Gjore Grmuskata (George Bush) ... Demokratski go vikaat KOLATERALNA STETA...

Најди! во Утрински
Свет
Седум лица загинаа во експлозиите во фабриката за муниција во Србија
Караџиќ бара време да се подготви за судењето
Осум лица од Естонија се обвинети за киднапирање на „Арктик си“
Обама, му даде рок на Иран за нови преговори за нуклеарната програма
Ирското „да“ за Лисабон ќе биде тешко
Гадафи од ОН ќе бара поделба на Швајцарија