-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп


Овен

Мали стресови на емотивен план ја прават врската поинтересна. Не ви е здодевно. Не прашувате до кога личноста покрај вас ќе го трпи таквото однесување. Не сте свесни за сопствените слабости, па се обидувате вината да ја префрлите на блиските. Сепак, важно е да остане некој што ве сака.

Бик

Потребата за љубов и секс е силна, па ќе функционирате според тоа. Доколку партнерот не успее да ги протолкува вашите желби, ќе се снајдете на друга страна. Активни сте и среќни, свесни за убавината на секој миг. Продолжете со тоа темпо со поддршка од Скорпија и Овен. Алергија или проблеми со грлото.

Близнаци

Ги средувате меѓучовечките односи, решавате љубовни проблеми. Конечно се решивте на таков чекор, откако работите се искомплицираа. Она од што најмногу се плашите е вистината. Многу ви е полесно да живеете под секојдневна пресија отколку на вистината да и' погледнете во очи.

Рак

Домот е центарот на денешните случувања. Не е исклучено дека некои работи ќе ги завршите во својот дом, а можеби ќе имате гости. Моментално домашната атмосфера е бегство од реалноста во која ве демнат многу стапици. Бидејќи сте дополнително внимателни, не сакате никаков ризик.

Лав

Моментално се' се лепи за вас: љубов, пари и килограми. Што се однесува до ова последново, морате итно да реагирате. Незаборавните моменти влијаат на тоа да се чувствувате добри. Подгответе се за периодот на стагнација, кој е неминовен.

Девица

Решавате важни работи, но по цена на нервирање. Никако не го разбирате однесувањето на лицата со кои сте во директна врска. Мислите дека тие не се задлабочуваат доволно во проблемите, а всушност вие претеравте со задлабочувањето. Патувањето со партнерот и понатаму е актуелно.

Терезија

Ви поаѓа од рака да завршите повеќе работи кои во меѓувреме се насобраа. Уживате во хармонијата, задоволни со успесите на најблиските. Осамените Терезии може да ја запознаат личноста на својот живот доколку бидат, како по обичај - расположени за дружење.

Скорпија

Земете се' што денес ќе ви понуди животот. Ќе ги отфрлите работите што не ви годат, но и личности во чие друштво се чувствувате непријатно. Пред вас е деловен успех, проследен со финансиска добивка. Не може да се пожалите ни на љубовта. Се' оди во комплет.

Стрелец

Многу врева за ништо. Влеговте во период во кој очекувате многу повеќе, отколку што дозволуваат реалните услови. Мора да се спуштите на земја за да избегнете промашувања. Во својот живот мора нешто од корен да смените. Се' уште не знаете што би можело тоа да биде. Талкате!

Јарец

Имагинативните сили се во игра, што е добро за уметноста, живот во светот на фантазијата и идеалите, но лошо за практичен живот. Доколку тоа го знаете, ќе ги избегнете разочарувањата и финансиските загуби. Во спротивно: грижи, слаби нерви и беспарица. Со Близнаците сте во добри односи, додека Рибите ве задушуваат.

Водолија

Она што другите ги излудува, вас ве остава рамнодушни. Можеби тоа е една од причините што околината не ве разбира најдобро? Моментално функционирате благодарение на одличната интуиција. Само во случај да не обрнете внимание на неа, ќе направите грешки во однесувањето.

Риби

Конечно некои ваши проекти ќе добијат материјална сатисфакција. Ви годи сознанието дека добро работите, но нема да останете рамнодушни ни на парите. Планирате на долги патеки, за што е потребна енергија од финансиска природа. Доколку чувствувате умор, контролирајте ја крвната слика.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 4°C

Ситен дожд

Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 10°C, Мин: 1°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |