Инспектори го тресат Рамковски, А1 обвинува за упад
УЈП обвинува за милионски проневери во повеќе фирми на „Перо Наков“ б.б., МВР најде 100.000 евра
Горан Адамовски
Милионски проневери во работењето на фирмите поврзани со сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски, откриле инспекциските служби во целоноќниот претрес во документацијата на шест фирми лоцирани на улицата „Перо Наков“ б.б. во скопската населба Маџари.
Чешлањето во документацијата на фирмите беше проследена со бура од негодувања и обвинувања од вработените на А1, чие седиште се наоѓа на истата адреса, дека бил извршен упад во телевизијата и дека на новинарите не им било дозволено слободно да си ги извршуваат работните задачи. Дел од нив тврдеа дека биле тепани од полицијата, но од МВР демантираат, ограбувајќи ги новинарите да пријават доколку биле удрени, со цел насилните полицајци да бидат санкционирани.
Од МВР информираат дека вчераутро, во стан во населбата Чаир, сопственост на еден од управителите на фирмите на „Перо Наков“ б.б., биле пронајдени и одземени неколку компјутери и околу 100.000 евра во различни валути и различни апоени.
„Се претпоставува дека биле изнесувани од просториите на ’Перо Наков‘ б.б. во текот на денот додека инспекторите беа изолирани во одредени простории во објектот. Според оперативните сознанија, биле изнесувани од возачи, но се' уште се работи за прибирање дополнителни докази по судската наредба, која беше обезбедена синоќа“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Во тек се консултации, по што се очекува кривична пријава против инволвираните. Инаку, како што неофицијално се дознава, станува збор за лице што е во роднински врски со Рамковски. Во МВР не сакаа да ги потврдат ниту да ги демантираат ваквите гласишта.
Откако се смири состојбата, вчерашниот ден во А1 мина во состаноци меѓу вработените како да продолжат натаму. Се прераскажуваа бурните четврточни случувања, кога инспекциските служби на Управата за јавни приходи и Финансиската полиција со полициска асистенција се обидуваа да извршат увид во работењето на дел од 40 фирми, колку што егзистираат на таа адреса. Телевизијата обвини дека во четвртокот вечерта бил извршен упад во А1 поради нивните критички прилози против работењето на Владата. Таа драматична вечер, во дворот од телевизијата се собраа роднини на вработените и низа опозициски функционери, кои во отворената програма на А1, обвинуваа за „смрт на демократијата“.
„Околу еден часот по полноќ, народот што дојде да ни изрази поддршка, се разотиде, а и ние се подготвуваме да заминеме. Само десетина минути подоцна, слушнавме силна врева во просториите долу, излеговме со камера да снимаме и прашавме што се случува. Полицајците ме оттурнаа, по што еден од припадниците на обезбедувањето на А1 им рече да бидат повнимателни. Полицајците насилно се однесуваа со него“, вели Младен Чадиковски, главен и одговорен уредник на А1.
Како што велат новинарите во А1, полицајците ги скршиле катанците во просторијата каде што било сместено сметководството. Од телевизијата се жалат дека им бил блокиран компјутерскиот систем и дека само мал пад на системот ќе ја остави телевизијата без сигнал.
Весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ од денеска нема да излегуваат. Печатницата е еден од спорните објекти, чие работење е пломбирано.
„Не знаеме зошто е пломбирано ’Време‘. Не смееме да влеземе во канцелариите“, вели Коле Чашуле, главен и одговорен уредник на „Време“. Новинарите беа пуштени дома, а нивните претпоставени ќе ги известеле сите меѓународни фактори за „упадот во демократијата“. Директорот на УЈП, Горан Трајковски, демантира дека „Време“ бил затворен, констатирајќи дека весникот бил излезен во продажба и се дистрибуирал.
И во МВР демантираат дека на новинарите на А1 им било попречувано да си ја вршат задачата, потенцирајќи дека телевизијата не била цел на инспекцијата. „Дали медиумот и новинарите знаеле дека на нивната адреса функционираат повеќе фирми, дали знаеле за дејноста со која се занимаваат овие фирми или тоа намерно било прикривано од нив, дали знаеле за евентуалните малверзации во овие фирми или биле измамени и изманипулирани од некого, за да застанат во одбрана на нечии финансиски интереси, спротивно на новинарскиот етички кодекс и зошто медиумот и новинарите, откако беа информирани дека се работи за контрола во фирми, кои воопшто не се поврзани со медиумот, не отстапија и не им овозможија на службените лица без притисоци да ги извршат задачите“, праша Јанкулоска.
Фирмите на „Перо Наков“ б.б. вчера беа посетени и од Државниот инспекторат за труд, но инспекторите не ја добиле целокупната документација. „Согласно со процедурите, на правните субјекти им е даден рок да ја достават до понеделник“, изјави директорот на Државниот трудов инспекторат, Горан Јовановски. Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, истакна дека од тоа како правните субјекти ќе постапат ќе зависат и мерките што ќе бидат преземени. „За дел од лицата, кои се затекнати, нема пронајдено или немало кој да приложи документација потребна за контролата на Инспекторатот на труд“, вели Бајрами.
Случувањата на „Перо Наков“ б.б. вчера предизвикаа низа реакции на разни здруженија и асоцијации. Центарот за развој на медиуми и Инфоцентарот сметаат дека полицијата извршила упад во просториите на А1, со што „сериозно се кршат основите демократски принципи и човекови права“.
Од МИМ имаат поинаков став. „А1 беше злоупотребена поради интересите на сопственикот на телевизијата и во политички цели. Сопственикот има обврска да и' објасни на јавноста зошто дозволи новинарите од А1 да бидат ставени во функц��ја на неговите лични интереси“, се вели во соопштението од Македонскиот институт за медиуми.
Од Здружението на новинарите побараа МВР да и' соопшти на јавноста дали имало пречекорување на овластувањата и дали новинарите биле оневозможени во извршувањето на своите професионални задачи.
ЗНМ бара од сопствениците на медиумите во Македонија да бидат пример за почитување на законите и соработка со институциите на системот.
Членовите на Советот за радиодифузија побараа институциите на системот да овозможат непречено извршување на професионалните задачи на новинарите, но и медиумите и нивните сопственици да овозможат непречен пристап на сите надлежни институции до сите информации од нивниот делокруг на работа. (Г.А.)
Така и Милошевиќ започна, но така Милошевиќ и заврши. И не подлегајте многу на твдењата за „направен криминал“. Тоа и Слобо го тврдеше додека затвораше весници, тв и радио станици: дека не ги затвора што се опозициски, ами што работат незаконски. Тоа е препознатлив стил на владеење на Груевски. Тоа ќе биде и негов стил на паѓање, кое е многу, многу наскоро! Отпор! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Minhen
Датум: 27.11.2010 12:21:01
Ja opravduvam celosno akcijata na UJP..Posakuvame site i vo Makedonija da bide kako vo drugite demokratski drzavi, site od MK koga ke gi posetat nekoi od evropskite drzavi se voshiteni od se..od funkcionalnosta na drzavata, red, nema turkanici pred salteri i da ne nabrojuvam...no tamu vladee zakonot isto za site...(pa nedaj boze ovie od opozicija da dojdat na vlast..toa se najlosata opcija) Gledame sega zad cija maska se krijat..Vozat besni koli, imaat po nekolku stanovi...Pa nie vo stranstvo ne uspevme da napravime kapital kolku sto imaat tamosnite mafijasi:::Mora da se stavi red ... A na MaKEDONIJA NE I E POTREBNA VAKVA OPOZICIJA....
Од: Трпе
Датум: 27.11.2010 12:21:20
Ова што го објаснуват УЈП и МВР се приказни за мали деца.Лоша кординација на изјави на директорот на УЈП и портпаролот на МВР.Трпе му кажува на својот син Ѓокица,ако не слушаш ова ќе те снајде и тебе.
Од: забеган.
Датум: 27.11.2010 12:22:15
Ќе кажам само едно Фрчат лаги од сите страни.Не било ова поврзано со а1,Видовме,Инспектрките биле скоро заточени,видовме,сија вршеа работата и нема коментар.Се обвинува Опозициата реагирала,Па зошто е опозиција?.Нели бевме против едно умие?.Го слушнав Г,Рамкоски како изјави дека Шурувале пред избори со Груески и го рекламирал за 4.милиони евра.И кој може да е паметен и се снајде во ова збрка.Ова е само СРАМ за Македонија.На секој паметен Човек ова му изгледаше ко да се зарати во МАКЕДОНИЈА.Кога сија вршеа работата Финасиската инспекција зошто толку Полиција и Специалци.Ако имат нерасчистени сметки Велија и Никола нека сиги расчистат меѓу себе.Вака стана преголем јазот (поделбата) помеѓу Народот.
Од: Mary
Датум: 27.11.2010 13:03:52
Ma kakov vesnik Vreme Spic i ostanati koga lazno ne informiraat , neka ne placat novinarcinjata koi za bez plata rabotat , dali velija im dava od zamrznatite kopani pa vaka go branat.Sramota za takvi intektualci.
\Gledam uste se nema javeno nekoj od citatelite na ovoj dnevnik .Veruvam deka ova ke bide objaveno zasto nikoj ne go navreduvam, a nesporedlivo e kolku novinarite od A1 ne navredija i voznemirija taa kobna vecer . Nekoj i od SDSM veruvam deka nema da im veruva na ovie koi se iznatrcaa bez problem vo televizijata, samio neko novinarki piskaa kako nekoj da gi "tepa" ili za nekoj film ke bidat odlicni kako sto veli prof. Vankovska. Cela Makedonija e UJP da si ja izvrsi svojata obvrska zasto nie gragjanite toa go barame, iako nemame dodirni tocki so Ramkata. Toj koj odese po polinjata i vikase , sega saka toj da bide vi se molam nekoj funkcioner-aramija sramot SDSMovci zaramete se i ako ste makednci trgnete se od Velija, toj nema da ve donese na VLAST
vREDEN I POSTEN PO
Од: lazeski
Датум: 27.11.2010 13:22:24
Selektivna borba Protiv Kriminalot.Zosto MVR I Prerodbata ne vlezat vo Firmite KONARTIS i ZIMEKS,firmi na Goce Zelenkovski,koj e voj Begstvo.Dali i Prerodbenicite se vmesani vo Kriminal nad 10 milioni evra vo Konartis i Zimeks.Neplaten Danok,Izmami na gragani i banki.
Од: Mitko
Датум: 27.11.2010 13:51:04
opozicijata si misli so 10 aktivisti i 1000 plateni reketari so odnapred spremeni tabli dolu vlada ke se vrati na vlast. Po receptot na Miloshevic, Balvan revolucija, ja pushti na Arkan pijanata tajfa i im vleze vo Novi Sad na Sobranie i im go ukina i sobranie i avtonomija ... demek mu se uskratuva na Ali baba i 40-te razbojnici ustavnoto pravo da kradat.. sramota, posebno drskosta na Velija, najgolem stopanski kriminalec vo istorijata na drzavata... neplaka, a fondacii pravi... ako moze Hrvatska da ima USKOK i da gi apsi takvite, zosto Makedonija da nemoze ????
Од: tihi
Датум: 27.11.2010 13:55:38
Branko vlegol vo film deka e Makedonski Gingic ,pa ke ne spasuva od demek Milosevic i zatoa pruza OTPOR. Interesite na B.C. i na Velija se spoija ,im fali uste bager za da ja donesat novata "NADEZ"
Од: Komentator
Датум: 27.11.2010 14:00:12
Пробав да објавам нешто умерено критички на А1 сајтот и се најдов блокиран Можеби е случајно. Затоа се надевам вие ќе ја објавите мојата верзија за правилата за коментари на А1.
Не се објавуваат коментари напишани различен од “демократско-хушкачкиот”, неистомисленици-псујачкиот јазик и стил на А1.
Не се објавуваат коментари напишани со големи букви, освен ако буквите не се склопуваат онака случајно во збор Груевски-фашист или А1 најнезависна телевизија во светот, а и пошироко.
Не се објавуваат коментари навредливи на национална, верска, расна или која било основа освен ако се работи за патолошка омраза кон сегашната власт затоа што ние (Рамковски, СДСМ) би биле подобар Везир од Везирот зато што сме скопски фраери од типот “е шо сеа бе”.
Од: Od Prijatel
Датум: 27.11.2010 14:07:00
Sramota da bese vo nekoja demokratska Drzava ovie oligarci ke bea zad resetki ali naseto korumpirano sudstvo im dava zeleno svetlo na kriminalcite se nadevam deka Mlekarite ke mozat sega dasigi dobiat parite od Mlekoto i edna solidna osteta bravo za Mvr i Vladata
Од: kocanec
Датум: 27.11.2010 14:21:55
sega na red e i Singo da go tresat i toj ima 300 firmi i siguren sum deka ne plaka danok samo Singo e pozicija a Ramkovski opozicija
Од: читателка
Датум: 27.11.2010 14:25:22
Се ми е јасно само неможам да сватам како може да се брани најголемиот лопов во државава, кој за ништо неплаќа и така се богати, долгови до гуша. Ама за фотеља политичарите и со ѓаволот ке се здружат.
Од: Todorce
Датум: 27.11.2010 14:33:28
Covek ne moze da se nacudi na vakvi kako ovoj od Minhen Badijala zivee vo stranstvo koga nisto ne naucil od tamu!!! Opozicijata ti e kriva !!! Kade si videl ti vo Minhen ili nekade vo Evropa da inspektori odat so 20 tina specijalci da si ja izvrsata rabotata-Vsusnost video snimkata e najdobar dokaz..Cudno TI koj sto zivees nadvor imas takvi svakanja...Ramkovksi znaete li kolku ima kako nego vo Mak ama ovoj ja podrzuva opozicijata i zatoa mu e trn vo oko na nekoj. Abe luge se raboti za demokratija so golemo D ako znaete sto e toa. nasite politicari go upotrebuvaat tao kako odbranben atribut vo stranskite diskusii bez da ja znaat promenata vo praksa na toj zbor-posle se ova Sram da vi e site ste makedonci Ako edniot e ovakov togas toj istion e sosema kako nego svakate li deka se samounistuvate bre -..-... edni
Од: Горче
Датум: 27.11.2010 14:43:21
Нели е срамота ова што се случува, како може секој ѓраганин да си плака данок на имот, Фирмите да си плаќаат фирмарина, Што сака Велија Рамковски да зема од народот и од нашата држава, да не плаќа данок и да работи на црно. Тој што не го почитува законот, следи соодветна казна, така и господинот Велија треба да одговара за својата милионска проневера и тоа во ерва!!!
Од: od mene
Датум: 27.11.2010 15:00:33
Sergej !!!, Trpe !!!, Zabegan ili Izbegan!!! SRAM DA VI E !!!!!!!!
Од: Раде
Датум: 27.11.2010 15:06:30
Заради НЕСМАСНАТА акција организирана од директорот на УЈП, целава оваа контрола може да падне во вода. Како прво иако е директор, тој не смеел однапред да знае за доверливите информации поврзани со предметот. Како второ - самиот однапред ја искомпромитира инспекцијата прејудицирајки наоди врз основа на ‘индиции‘. Како трето - тој не ги разграничува ингеренциите меѓу УЈП и Финансиската полиција. Ако имало елементи кои се под ингеренција на Финансиска полиција тие одат сами во инспекција и сами го преземаат предметот. И најнакрај: дали очекувале дека во А1 е скриен Бин Ладен па морале да имаат ‘асистенција‘ од цел батаљон полицајци во фул антитерористичка опрема. Сево ова покажува незнаење и неспремност на институциите во државава.
Од: pp
Датум: 27.11.2010 15:30:23
Ah! Ova e samo kapka vo moreto kriminal sto ja osiromasuva Makedonija sekojdnevno. Nitu eden od novopecenite nepismeni i polupismeni tajkuni sto se namnozija kaj nas vo poslednive 20 god. ne e cvejke za mirisanje. Sekoj pameten covek znae deka so edna sredna plata i bez aramilak i proneveri moze samo da se pomine mesecot, no ne i da se specali kapital vreden povejke milioni evra. Vakva akcija treba istovremeno da se sprovede ne samo vo firmite na Pero Nakov bb tuku i vo mnogu drugi gradovi niz Makedonija ( Kratovo, Strumica, drugi firmi niz Skopje, Kavadarci, Veles, Prilep i sl.) kade sto so prelevanje na parite od edna vo druga, vo treta i kojznae koja firma na mnogu pari im se gubi tragata. Uste dolgo vreme kaj nas nema da ima pravednost, cesnost i postenost i zatoa del od ovoj narod koj e pameten,vreden, cesen i posten i koj ne e so nitu edna od dvete partii, ke strada i ke se bori za gola egzistencija.
Од: MAJKA
Датум: 27.11.2010 16:22:17
Значи накусо во 10 точки:1. Упад во А1 немало, туку надзор на државни органи во простории нејасно одделени од А1, во кои дејност вршат инспектираните фирми.2. Вршењето службена работа во фирмите најбезобразно од СДСМ енд Со е трансформирано во божемен напад на А1 и новинарите, претставувајќи го како попречување на демократијата (демек, се ` од А1=демократија?!). 3.Спроведувањето на ЗАКОНОТ во другите фирми на истата адреса на А1 е долго попречувано со кривично дело-попречување службено лице во вршење на службена должност 4. Против СЕКОЈ што е извршител-треба поведување кривична постапка, без ми��ост! (аман од титрење и амнестирање на новинарите- тие не се заштитени мечки, ниту се толку инфатилни за некој, сиротите, постојано да ги манипулира и злоупоребува!) 5. Новинарите, место да стојат настрана од службените лица и да не ги попречуваат, тие со злоупотреба на својата „недопирлива“ позиција, се ставија во одбрана на криминалот, кој покрај нив (можеби и со нив?!) под ист кров се правел
Од: ne e bitno
Датум: 27.11.2010 16:27:39
Velija: Gruevski mi plakase od drzavni pari!
Gruevski: Velija neplatil danok so milioni!
Novinari: histerija, piskaa nebare gi tepase policijata!
SDSM-ja iskoristi situacijata !
Policijata: upadnala bez nalog!
Vlasta prodava veter i magla!
A1: ne ja opravduvam dramata, mozea pocivilizirano da go izvedat toa-malku bese malogragansko, ali sepak sum na nivna strana.
Se na se, braka makedonci, daaaaaleku ste vie od Evropa, imate seriozni narsusuvanja na sistemot, na mentaliteot, a najmnogu so samite sebe si-sto dopustivte da dojdete do ova derege! Mislam deka izvestajot sto vi go dade EU e mnogu nerealen, vie realno ste vo bezdna.
Од: Kalimero
Датум: 27.11.2010 16:30:47
Da e samo Velija vo Makedonija lesno za ovaa drzava, kolku ima drugi kakonego, ma i beter od Velija, koj mlata pari so amin na Pastirot i familijata. Seto ovoa bese demonstracija na sila od pastirot i rascistuvanje na nivnite dolznicko doveritelni odnosi. Za 4 miliona evra Ovcarot ke go iseli ne samo Velija tuku i polovin Makedonija. Mislev deka vo Makedonija ima poveke novinari, ama sum se izlazal. Kaj nas ima samo platenici i poltroni koj se borat da stanat platenici. Nikoj od vas ne povede istrazuvanje zasto policijata ne davase da se izleguva od A1, zasto bea maltetirani vaste kolegi, zasto Pastirot so svojte jurisnici vi napravi upad vo sobranieto na ZNM, zasto nema vakvi kontroli vo RIK Sileks, sigurno kaj gazda Zingo nema kriminal, zasto selektivno postapuvaat instituciite, zasto eden posten zemjodelec dve godini e se po sudovite, plaka za navreda na likot i deloto na Sv.Grujo, imate milion ZASTO, na koj nikogas nema da odgovorete i nikogas nema da bidete novinari.
Од: јас
Датум: 27.11.2010 16:38:49
Ех портокалчина , портокалчина...Ќе квичите кога вас ова ќе ве снајде од истиов овој грујо , ама тогаш ќе нема кој да ве одбрани! Кај е УЈП да појде во Кратово кај Ѕинго , кај него се ’ е чисто , човеков плаќа даноци , чудо едно невидено , нели ?!Се виде вечерта и другиот ден дека цел беше БАШ А1 ТВ, а не фирмите на Велија.Ако инспекторите биле држани во заложништво оти ниту еден од нив не изјави за тоа пред камера .Ништо не кажаа оти проработи она малкуто човечко кај нив и покрај стравот дека ќе летаат од работа.Зошто беше запечатен серверот на А1 ТВ , ако таа не беше цел на нападот.А тоа дека новинарките глумеле дека се нападнати и удрени , од кај знаете , па не им бевте во кожата..За мене Борјан , Билјана и новинарките беа вистински професионалци !!!!!!! Не подлегнаа на никакви закани ,иако се’ можеше многу лесно да изл��зе од контрола.А полицијата и нивните наредбодавачи се толку глупи што една асистенција не ја направија како што треба...На запад за ова следува ОСТАВКА !!!
Од: Mila Ninovska
Датум: 27.11.2010 16:43:45
ja opravduvam akcijata na ujp.treba da se pochituvaat zakonite i kako vo site evropski zemji da se plakja danok.zoshto tolku se ispolitizira setoa toa>da se raboteshe za drugi firmi dali A1 vaka ke reagiraa?
Од: Nesmasna rabota
Датум: 27.11.2010 17:02:57
Ne sum protiv kontroli i sproveduvanje na zakont , no ne sekako selektivno i spored politicki instrukcii. Ajde neka izvrsat takvi kontroli i kaj Zingo , Despotot Ktkratovski. Toj ima bezbroj firmi , ama nikoj ne smee da go pipne. I kako toa odma posle " uzbunata " koja se krena preku A1 direktorot na UJP i onaj kutar protparol Kotevski otidoja na otcet kaj " najcesniot i najinformiraniot" novinar Latas. Ako rabotata bese taka cista tie trebase pravo da pojdat vo A1 i pred site gledaci jasno da ja iskazeja pricinata za ovbie postapki. Toa ce bese me poefikasno em poubedlivo za celata javnost i ce im gi izbieja site aduti na Velija..
Од: Komentator ama prv...
Датум: 27.11.2010 17:07:49
E..sega narode konecno mi e jasno deka NISTO NE MI JASNO ..i se prasuvam DO KOGA ???
Од: sasa
Датум: 27.11.2010 17:33:57
veruvale ili ne konecno ujp vleze vo carstvoto na gazda velija .
Од: Milan
Датум: 27.11.2010 18:06:13
Opravduvam borba protiv kriminal,no ova e daleku od borba protiv kriminal.Ova e selektivnost.Neka vlezat vaka i kaj Singo, i toj ima 300 firmi,site rodnini mu se direktori tamu,del se po upravni odbori vo javni firmi(sin, kerka,zet,snaa),negovata banka e centar za deluvanje na bugarskata mafija koja ja RUSI DRZAVAVA, slucajot Zletovica i da ne nabrojuvam uste kolku mnogu MATERJALI ima za apsenje.No Singo e drzava.Grujo kaj nego odi na baci raka. Velija na vremeto prv obelodeni za zdelkite na Singo.Posto Singo e i drzavata, zatoa sega DRZAVATA se spravuva so Velija. Ednostavno,no dobro zamaskirano.Grujo e samo Potrcko na Singo.Latas e prenositelot na naredbite.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2010 18:30:35
Зарем небеше зачудувачки тоа што ете власта упаѓа во храмот на демократијата и независното новинарство а сопственикот нели нее виновен го нема никаде.Ги остави независните новинари да одработуваат за него.Се појави дури по два дена да ни каже да примал државни пари за партиски реклами.Тоа што се повикуваше од тука на уличарско неизборно ушење на власта исто така небило важно.Иземти таква демократија и такво новинарство.
Од: biljana stojanovska peshko
Датум: 27.11.2010 19:10:10
Vo sekoja drzava vo koja vladee pravoto i se pocituva zakonot, se placa danok! Krajno vreme e da se sfati deka zakonot vazi za site! Nema nedopirlivi i privilegirani! I Al Kapone vo USA go uapsija za neplacanje danok!
Upravata za javni prihodi samo si ja vrsi rabotata.
A,toa sto ovaa slucka opozicijata ja koristi za svoi celi i promocija e s r a m n o ! Na toj nacin taa svesno i perfidno frla damka vrz demokratijata vo R.Makedonija vo ocite na Evropa koja sekogas jasno i glasno ne kritikuva za povrzanosta na politickite partii i nivnoto vlijanie vo mediumite!
Ubavo e sto narodot ostana nastrana od zavcerasnite zbidnuvanja i so toa dokaza deka pravilno ja proceni sostojbata i deka vo idnina nema lesno da se manipulira so javnoto mnenie!
Bea prisutni samo partiski vojnici,i ne samo od Skopje,koi na mnogu cuden nacin,kako sto izjavija i samite, od nekade se najdoa n a,,Pero Nakov,,bb.
Vo tie momenti,novinarite of A1 i politicarite od Socijaldemokratskiot sojuz uporno tvrdea deka
Од: Biljana
Датум: 27.11.2010 20:28:50
Dodeka ima vakvi kako Todorche, A1 i SDSM odlichnop ke gi rabotat.
Todorche, vide kolku policajci imase na pocetokot i kade stoea? Ne vide, a? Specijalcite dojdoa odkako se napravi guzva so povikani lugje i partijci. Normalno deka ke dojdat specijalci. Vo sekoja normalna drzava toa se pravi koga ima indicii za bilo kakvi nemiri. Ja vidovme atmosverata deka pochnuva da vrie.. A A1, bidejki e TV, mnogu lesno moze toa i da go namontira...da dodade da odzeme. Ama sto da ti objasnuvam koga ne razbiras ni ti, ni tie kako tebe. Sramota, skandali ni pravat za sopsveni interesi i ne potresuvaat.
Onie kako Velija ke kradat...a takvi kako vas ke gi branat. I poradi takvi kako vas treba uste da kradat. A veruvam deka odvaj krpite kraj so kraj.
Од: realen
Датум: 27.11.2010 23:10:37
Vo normalna drzava sekoj si ja vrsi rabotata. Novinarite na A1 mozebi i ne znaea sto vistinski se slucuva, no dali e normalno Kotevski (so negoviot listing) da odi kaj Latas, pa vo Kanal 5, onaa persona od Premier da odi kaj Milenko, nebare F1 ke komentirat. Zarem ne ste ste pomislile deka e ova dolgo planirano scenario na VMRO, pa da se stavi pecat na A1 kako na SDSM-ovska televizija, a ocigledno e nezavisna od samiot pocetok. Zarem po site kritiki na adresa na Gruevski vo Parlamentot vo cetrvrtokot, te se vrzano so bliskiot mu Mijalkov ne mu doslo preku glava (iako e nizok) ta prorabotela negovata arogancija i ignoratnski odnos i ne ste li pomislile deka vo ramkite na tie 24/7 smisluva edno vakvo scenario i istata vecer go realizira. Kade se videle specijalci vo vakvi situacii vo dr. drzavi. Ovoj covek samo sto ne go pritisnal kopceto za samounistuvanje, vo koe toj apokalipticno ke ostane na ostatocite na Triumfalnata kapija, pardon onaka kako oni toa go narekuvaat...Porta na sto li
Од: blagica
Датум: 27.11.2010 23:19:35
ova e uste edno iscenirano izdanie na branko i negovite istomislenici. Policijata nikogo ne maltretirase , samo si ja vrsese svojata dolznost. Samo edno ne e "jasno" kako za tolku kratko vreme se sobra tolkava tolpa narod site privrzanici na sdsm ,
sto znaci deka tie odnapred bile pripremani i povikani demek vlasta da ja ocrnime, kako se odnesuva sprema novinarite , ne smetajci deka narodot cita medgu redovi i znae koj stoi zad ovaa gnasotija. Uste eden obid da se ocrni vlasta mu propadna na Branko.
Од: zacuden makedonec
Датум: 28.11.2010 00:47:37
kako prvo .partiski sum neopredelen!da naglasam deka staviv komentar na site internet izdanija samo na a1 ne mi se objavi mkomentarot!ova sto se sluci na a1 denovive posle se otkako site karti se otvorija moze mnogu jasno da se razbere deka gospodinot branko crvenkovski pravi samo prikazni za deca za da se vrati na vlast.posle ovaa glupost uste tolku se otkazav od sdsm.ve molam objavete pozdrav
Од: trpe od gradcko
Датум: 28.11.2010 02:48:52
Ne ja mesajte akcijata na UJP so brutalnosta na polcijata....Site vidoa deka policjata nemase objasnuvanje za sprecuvanje na dvizenjeto i maltretiranjeto vrz novinari vrz A1...a mnogu e somnitelno i toa sto se kaza deka se vrsilo pritisok vrz inspektorite koga nieden od niv nease komentar..ocigleden pritisok vrz sloboden i nezavisen medium koj kriciki e nastroen kon sekoja somnitelna rabota na vlasta i Gruevski...
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 28.11.2010 04:35:11
Коментатор во право си. Јас сум партиски неодреден. И јас кога испраќам коментар во А1 што не е во нивна концепција на плукање и пцуење кон власта, или не дај Боже да испратам промакедонски коментар, нема да бидам објавен. Толку.
Од: ne-VMROVEC
Датум: 28.11.2010 07:48:05
Arni se i ednite i drugite neka trosat SDSM i VMRO miljoni za reklami i neka se bogati Velija i compania a lugeto neka berat glava za edno parce leb , Ebati drzavata cim dojdovme na toj stepen da se manipulirame kako decata mali sto gi lazat so sekercinja samo napred i posle Grcite ni se krivi za so ne ne sakale smesno nie oci sami eden so eden ke si izvadime , samo napred na mnogu ubav pat e Makedonia svestete se luge.....
Од: Ljubisav
Датум: 28.11.2010 07:56:15
Ako nekade ima kriminal toa e Kaj Singo, Sileks, Sitel i se taka po red vo Singovo Kratovo. Sekoj znae kakov kriminal ima napraveno Singo, ama Grujo e prijatel so nego! Koj e nad Zakonot?
Од: Rade.Hollandia
Датум: 28.11.2010 09:42:39
edno prasanje zosto ne upadnat vo sitel tv kaj latas ama szingo je gazda koj zazema cela teritorija vo kratovo i go drze kratovskiot narod vo zaloznistvo tamu neka idat mislte deka on je cist vo taa drzava nema ni eden cist toaje kriminalna drzava koja ja uvek vodile i ke ja vodat kriminalci razbojnici .
Од: Ајван Доктор®
Датум: 28.11.2010 09:48:55
Она што е гнасно во целава ситуација е неслогата на новинарите!Лигавењето на одредени нивни колеги е непресушно!Се здадоа полтрончиња од видот Латас-Миленко,во одбрана на сопствените газди,кои ја освоија МВР дипломата „кодош-не-кодош“!Со кој закон е забрането постоење на неколку фирми на иста адреса?Со кој закон е забрането поседување (поголема) количина на пари (па и во девизи)во приватен стан?Со кој закон и во која држава е забрането поседување повеќе фирми?40-те фирми на Велија,се сведоа на 6.Зошто токму сега се врши упад,и тоа-ноќе?Работат ли дење?Зошто се чекало 8/16 месеци?Дали УЈП би чекал некој друг граѓанин „семкар,дуќанџија...“(со значително помал имот)за да му изврши упад во станот?Намерата беше Замолчување на А1!Тоа е очигледно!Причината...?Па,објавувањето непријавени фирми во Чешка на братучедчето на Шерифот McLaboud и копањето по имотот на „Фамилијата“,се доволна причина за русвајот во „Перо Наков“!
Од: cento
Датум: 28.11.2010 11:56:58
Todorce ne jadi mnogu burek koga nemas apsolutno vrska so zivotot!!! Dokolku Inspektorite od komisijata za zatajuvanje na danok pobaraat pomos od policijata toa mora i da bidi odobreno! Vo Amenrika pa duri nekoj skroz golemi zdelki gi istrazuva licno FBI. Pozdrav
Од: Marjan
Датум: 28.11.2010 14:22:49
Konecno mora da se stavi kraj na reket-medimuite,koj se alatka na gazdite za ostvaruvanje biznis interesite.Novinarite na A1 se sram za novinarstvoto.Obicniot covek ke pocne da go poistovetuva novinarot reketar,siledzija,ucenuvac i sl.Zatoa vo Makedonija ima mnogu kriticni mediumi kon vlata i treba d gi ima no A1 e poinakva prikazna a osobeno firmite koi se nacckani tamu
Од: Велимир Цвејиќ
Датум: 28.11.2010 15:04:24
Се надевам дека државава ќе најде сила да подигне обвинение против А1, неговиот уредник, а посебно против Борјан Јовановски зарад вознемирување на највисоките институции на државата, за вознемирување на граѓанитие и повикување на бунт. Тука има повеќе прекршоци. Ово изледаше како да инспекторите и полицијата упданале во нелегална јавна куќа, а тамо ги затекла и курвите и макроите истовремено на едно место. А Борјан безобразно викаше: „Ало Пемиеру!, па „Ало Председателе, јевете се!“....
Од: pero
Датум: 28.11.2010 16:00:12
ova go nema ni vo afrika
Од: usamkd
Датум: 28.11.2010 16:03:36
Uste edno nesuspesno scenario od mnogubrojnite na branko i grujo za da si ja ostvarat planiranata cel so razmenuvanje na vlasta megu niv dvjatcata.. problemot e koj da im poveruva vo zadskrinetie igri i glupostite sto gi plasiraat kako informacii..
Од: Ljupco
Датум: 28.11.2010 20:30:16
Nesakam da ostavam komentar vo vrska so temata, bidejki se e kazano vo prethodnite komentari. Edinstveno ne mi e jasno zosto "najdemokratskata" i "najobjektivnata" A1 TV ne gi objavuva komentarite koi sodrzat kritika za nivnata rabota. Pa neli slobodata na izrazuvanjeto e klucna za demokratijata ! Ova e samo dokaz deka demokratijata vo MK tone se podlaboko.
Од: stanko
Датум: 28.11.2010 23:37:32
Ne mi e jasno kako moze sdsm vaka na transparenten nacin da stiti kriminal samo da bide protiv vmro.Pa vo sekoja normalna drzava se placa danok i za neplacanje na danok se odi vo zatvor.Velija kazuva deka bile mali ducancina,no daanok mora da se plati i se odgovara pa makar i da e 1 evro,a ne 8-9 milioni evra,SRAMOTA ZA SDSM
Од: Jovan-Toronto
Датум: 29.11.2010 02:12:29
Iako ne se chustvuvam kako pripadnik na 52% na superiorniot narod,tuku kako pripadnik na narodot koj treba da se bori i denes da dokazuva deka ima pravo da se chustvuva kako saka i da se vika kako saka...Iako kako pripadnik na dijasporata sum glupav i zaostanat i nemam pravo da kazam sto mislam...Sepak mojata malenkost ce se osudi da dade eden komentar..
Prvo se prasuvam kako tolku mnogu ligje uspeaja da bidat zavedeni od edna klasicna manipulacija.Zar ako nekoj sakase da i go uskratati pravoto na A1 za javen zbor bese tolku nesposoben i nepismen pa nemozese so ednostavno gasenje na linkovite i repetitorite da ja napravi i gluva i slepa..Ili mislite ne znaeja da go napravat toa ,ne se setija...Kako uspeaja pokraj blokadata za koja se zboruva da ja donesat celata opozijija vo svoeto studio.Kako koga im bilo ovozmozeno da ja obavuvaat svojata dolznost uspeaa da se imaat snimeno i da celo vreme zrachat vo eterot..Ajde vi se molam...Koga ve fatia na kradenje sega ce se pravite zrtvi...