|
|
|
|
|
|
Уште еден месец за купување дворови
Државата молчи за предлогот на ЛДП да се пролонгира рокот за откуп за две години
Билјана Ангеловска
Уште малку време остана до истекот на рокот во кој граѓаните можат да аплицираат за откуп на дворното место по цена од едно евро за квадрат. Сите оние што нема да поднесат барање за приватизација на земјиштето до 27 јануари, по тој датум ќе треба да плаќаат наемнина за земјата под куќите и околу нив.
Неодамна Либерално-демократската партија предложи рокот за откуп на дворовите по 61 денар за квадратен метар да биде продолжен за уште две години, со цел граѓаните што досега не успеале да поднесат барања од разни причини да имаат доволно време да го сторат тоа. Од ЛДП ваквиот предлог го образложија со големиот интерес кај граѓаните за откуп на дворовите, но, пред се', поради долгата процедура и обемната документација потребна за да се заврши процесот на приватизација на државното земјиште. Дали државата размислува да ја прифати сугестијата на ЛДП и евентуално да им даде уште една шанса на граѓаните да си ги купат дворовите за евтини пари, останува нејасно.
„Барањето на ЛДП е доказ дека оваа владина мерка е добра и оти граѓаните имаат корист од неа. Крајниот рок за аплицирање за откуп на дворно место е крајот на јануари“, беше кусиот одговор што го добивме од Министерството за финансии, без конкретно да се каже дали воопшто се размислува за пролонгирање на рокот.
Од Кабинетот на Зоран Ставрески не' информираа дека постои голем интерес за откуп на дворно место за едно евро квадрат. Од септември лани, кога стартуваше продажбата на државното земјиште по минимална цена, па заклучно со ноември оваа година биле поднесени вкупно 30.060 барања од физички лица, од кои 27.000 веќе биле решени.
Процесот на приватизација на државното земјиште се одвиваше многу бавно уште од почетокот на целиот процес. Освен цената, која реално беше многу висока, па мнозинството граѓани не беа во можност да ја платат, голема пречка претставуваше обемната документација неопходна за утврдување на фактичката состојба на земјиштето, како и долгата процедура во подрачните единици. Државата ја намали цената на квадратот земјиште, што, сепак, не го зголеми многу интересот за откуп на дворовите. Тоа само покажа дека голем проблем претставуваат сложената постапка и обемната документација. Оттаму, следниот чекор беше токму во таа насока.
„Граѓаните што сакаат да извршат откуп на државното земјиште треба да се обратат во општинските канцеларии на Управата за имотноправни работи и да поднесат доказ за идентификација, каков било доказ дека имаат корисничко право на земјиштето и писмена изјава дека сакаат да го откупат земјиштето. Управата ги обезбедува копиите од катастарски план, уверението за движење на имот и изводот од урбанистички план, односно најскапите документи во целата процедура“, велат од Министерството за финансии потенцирајќи дека на овој начин максимално е поедноставена постапката и на граѓаните им останува само да поднесат барање за откуп пред истекот на рокот и на тој начин да ја искористат поволноста со евтиниот квадрат. |
#
|
Статијата е прочитана 2209 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: sale |
Датум: 23.12.2010 17:55:26 |
|
Koj nesaka da go otkupi zemjisteto,sekoj saka da go sredi toa,ne 1evro i za pola da padne cenata djabe,nema pari,dajte pojaki plati na vrabotenite stabilna rabota,a ne samo so reklami ne gusite po tv, net, vesnici ! |
|
|
|
|
|
|
Од: varvarin |
Датум: 23.12.2010 23:59:41 |
|
podrska do predlogot na ldp |
|
|
|
|
|
|
Од: sonja |
Датум: 24.12.2010 03:00:25 |
|
razmisluva li nekoj deka mnogu gragjani rabotat vo stranstvo i imaat 2 do 3 nedeli godisen odmor,sto ponapred da napravat tie lugje,moze li baranje da se podnese po elektronska posta |
|
|
|
|
|
|
Од: Arac |
Датум: 24.12.2010 03:58:41 |
|
Sto sakaat da zemat pari od narodot, dobro, ama sto ne maltretiraat, e toa ne mi e jasno. Cela godina od zgradata odat za otkup na dvornoto mesto, prvo ni tie ne znaeja sto treba, e sega znaat ama ima komplikacii. Koga se znae kolku kvadrati e dvornoto mesto podeli po stanovi i kvadarti i da platime sto treba, a ne vaka. Sreka sto ima penzioneri, inaku nekoj vraboten da trebase tolku pati da izleze od rabota, i posle ke kazat deka pravat se za gragjanite... |
|
|
|
|
|
|
Од: Trpce |
Датум: 24.12.2010 08:29:46 |
|
ima drugi problemi... vo kolektivnite zgradi ne e resheno nishto, koj shto stignal uzurpiral.. a tamu pishuva deka imash pravo da go kupish dvornoto mesto ako go vladeesh... a vo Skopje, osobeno opshtina Aerodrom 95% e ushte so gradbata ogradeno so betonska ograda i dvorot go koristi toj od prizemjeto... duri i nad ogradata, do patot, se postavuva nova ziva ograda i toa go koristi pak toj od prizemjeto... a treba site zaednicki da plakaat ???, seedno dali otkup ili kirija ??? a shto so ABH skrivnici koj se pod dvornite mesta a koj se predvideni za poveke stanbeni zgradi ??? totalna nedorecenost vo sopstvenosta, ne od sega, ushte od pocetokot na prodazba na privatni stanovi vo kolektivni stan.zgradi... isto i so zemjishteto pod zgrada... toa sekade e obvrska na Investitorot, sega kaj nas se izmisli da bide obvrska na kupuvacot na stanot... protivustavna rabota, ne mozel investitorot da gradi vo vozduh... |
|
|
|
|
|
|
Од: strumica |
Датум: 24.12.2010 09:19:52 |
|
ne mi e jasno koj e vo zabluda jas ziveam vo zgrada i bevme mo mim. za uimotno pravni odnosi i tamu ni bese kazano : osven imoten list za stanot treba da se platat 2 barana po 400den. sami da si najdeme geometar za merene na stanovite geometarot go plakame od sekoj stan od 3000-4000 plus gpleminata na stanot 70 m plus vlezovite i povrsinata na podrumite i na krajot e po kolku dvor ke delime sto znaci 80evra za stan +10evra za dvor+4000za geometar koj posle ja dava dokumentacijata na glaven inzener koj isto ke zema pari i koga ke soberes nas ke ne kodta po 8000 denari od stan e pa vo ova vreme tie se mnogu pari ne tak kakosto kazuvaat nie mislevme zgradata e na 5 kata i zemjisteto pod zgradata i dvorot go podelime na sekoj stan ama ne znaci povrsinata pod zgradata se plaka sekoj kat posebno nie znaci treba da platime 5 pati pod zgrada i 1 pat dvo e ako ima nekoj drugo objasnuvane neka se javi na nas taka ni e objasnetoa zamislete zgradata da ima 40katovi? |
|
|
|
|
|
|
| Поглед | | |
|
| Мислења | | |
|
| Мислења | | |
|
| Меридијани | | |
|
|
|