Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Понижувањето на „гаучосите“ го гледаа Џегер, Ди Каприо, Терон...

Во фудбалската лекција што Германците им ја одржаа на Аргентинците во четврт-финалето на Светското првенство во Јужна Африка присуствуваа и многу познати личности од светот на музиката и филмот. Меѓу ВИП гостите на трибините на „Грин поинт“ во Кејп Таун можеа да се забележат Мик Џегер, холивудските актери, Леонардо ди Каприо и Чарлиз Терон (родена во јужноафриканскиот град Бенони) и германската канцеларка, Ангела Меркел, која не го криеше воодушевувањето од убедливата победа на Германија.

„Воодушевена сум од она што го видов, момчињата беа фантастични. Оваа победа е како сон. Имаме млада и квалитетна репрезентација која на Аргентина не и' даде на дише“, рече Меркел во чие друштво беше претседателот на Јужна Африка, Џејкоб Зума и првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер.

Пресметката меѓу Германија и Аргентина, од трибините, ја следеше и фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер. За него ова беше четврти натпревар во кој присуствуваше на СП 2010. Претходно беше и во мечевите САД - Гана (1:2), Англија - Германија (1:4), Бразил - Холандија (1:2).


#
Статијата е прочитана 548 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Нина Нинеска-Фиданоска
Анализа
Ерол Ризаов
МАКЕДОНСКИ СОСТОЈБИ
Манчо Митевски
Поглед
Наум Котевски
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Јошка Фишер

Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава

Светски куп 2010
Петтемина среќници одат на финалето во Јоханесбург