Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Мислења

Кој „ја загуби“ Турција?

Јошка Фишер

Запад (и Европа), конечно, ќе треба сериозно да ја гледаат Турција како партнер, а да престанат да ја гледаат како зависна земја од Запад

Минатомесечното „не“ на Турција (глас даден заедно со Бразил) за нови санкции против Иран одобрени во Советот за безбедност на ОН, драматично го обелодени целиот обем на оддалечувањето на земјата од Запад. Дали, како што голем број коментатори посочуваат, сме сведоци на последиците на таканаречената „неоотоманска“ надворешна политика на турската влада на Партијата правда и развој (АКП), која, наводно, има за цел промена на ориентацијата и враќање на земјата кон ориенталните исламски корени?

Верувам дека овие стравувања се претерани, дури и неумесни. Ако работите се одвиваат во таа насока, тоа би се должело на претскажувањето што се остварува од Запад, отколку на политиката на Турција. Всушност, турската надворешна политика, која се обидува да ги реши постоечките конфликти со и во соседните земји, и активното турско инволвирање таму, не е во конфликт со интересите на Запад. Токму спротивното. Но, Запад (и Европа особено) конечно ќе треба сериозно да ја гледаат Турција како партнер, а да престанат да ја гледаат како зависна земја од Запад. Турција е' и треба да биде членка на Г-20, бидејќи со своето младо и брзо растечко население ќе стане многу силна држава на економски план во 21 век. Дури и денес, имиџот на Турција како „болниот од Европа“ повеќе не е точен.

Кога, по одлуката на ОН, американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс жестоко ги критикуваше Европејците што придонесоа за ова оддалечување со нивното однесување кон Турција, неговата недипломатска искреност предизвика голема вознемиреност во Париз и Берлин. Но, Гејтс многу точно погоди.

Откако се случи промената на власта во Франција, со заминувањето на Жак Ширак и доаѓањето на Никола Саркози, и од заминувањето на Герхард Шредер и доаѓањето на Ангела Меркел во Германија, Турција е оставена да чека и тргната настрана од ЕУ. Всушност, во случајот со Кипар, ЕУ немаше намера да ги промени претходните обврски во однос на Турција и унилатерално ги менуваше заедничко договорените правила. И додека Европејците формално се држеа до нивната одлука да почнат пристапни преговори со Турција, направија многу малку да ја унапредат работата. Но сега, кога дебаклот во турско-европските односи станува очигледен, дали ЕУ е таа која наеднаш е подготвена да отвори ново поглавје во преговорите (што, патем, јасно покажува дека пат-позицијата беше политички мотивирана).

Не може да биде кажано доволно често: Турција се протега на многу чувствителна геополитичка локација, особено кога се однесува на безбедноста на Европа. Источниот Медитер��н, Егејот, Западен Балкан, Каспискиот регион и јужен Кавказ, централна Азија и Блискиот исток се области каде Запад нема да постигне ништо или тоа ќе биде многу малку без поддршка на Турција. И ова е вистина во смисла не само на безбедносната политика, туку и на енергетската политика ако се бараат алтернативи за растечката зависност на Европа од руските енергетски ресурси. Запад, и особено Европа, навистина не можат да си дозволат отуѓување на Турција, со оглед на нивните интереси, но објективно токму тој вид на оддалечување е она што следи од европската политика кон Турција во последните неколку години.

Безбедноста на Европа во 21 век ќе биде определена во значајна мера во нејзиното соседство на југоисток - токму онаму каде што Турција сега е од круцијално значење за безбедносните интереси на Европа, и се' повеќе во иднина. Но, наместо да се поврзува Турција колку што е можно поблизу за Европа и Запад, европската политика ја турка Турција во прегратките на Русија и на Иран.

Ваквата политика е и иронична, апсурдна и кратковидна - се' заедно. Со векови Русија, Иран и Турција беа регионални ривали, никогаш сојузници. Меѓутоа, политичкото слепило на Европа изгледа го игнорира овој факт.

Секако и Турција, исто така, е многу зависна од интеграцијата со Запад. Ако го загуби ова, драстично ќе ја ослаби својата позиција во однос на своите потенцијални регионални партнери (и ривали), покрај сопствената идеална геополитичка локација. Турското „не“ за нови санкции против Иран, голема е веројатноста, ќе се покаже како значајна грешка, доколку премиерот Реџеп Таип Ердоган не донесе реален пресврт во иранската нуклеарна политика. Но, ова е многу неверојатно.

Освен тоа, со конфронтацијата меѓу Израел и Турција, која ги зајакнува радикалните сили на Блискиот Исток, што европската дипломатија (и во Брисел и во европските метрополи) чека? Запад, како и Израел и Турција, најверојатно, не може да си дозволи трајно несогласување меѓу двете држави, освен ако посакуваниот исход за регионот е да продолжи по патот на трајна дестабилизација. Дојдено е времето Европа да реагира.

Уште полошо, додека апатијата на Европа е видлива, пред се' во случајот со Турција и Блискиот Исток, оваа жална состојба не е лимитирана на регионот. Истото важи и за јужниот Кавказ и централна Азија, каде Европа, со одобрение од помалите земји снабдувачи таму, треба цврсто да ги спроведува своите енергетски интереси и да се афирмира себеси наспроти Русија, како и Украина, каде Европа исто така треба да биде сериозно инволвирана. Многу нови случувања се ставени во движење во целиот тој регион од глобалната економска криза. И новиот играч Кина (долгорочен планер) влезе на геополитичката сцена.

Европа ризикува да и истече времето, дури и во сопственото соседство, бидејќи активната европска надворешна политика и силната ангажираност од страна на ЕУ се сериозно пропуштени во сите овие земји. Или, како што Михаил Горбачов, големиот руски државник од последната деценија на 20 век, кажа: „Животот ги казнува оние кои доаѓаат предоцна“.

(Авторот беше поранешен германски министер за надворешни работи и вицеканцелар од 1998 до 2005 година, како и лидер на Партијата на зелените речиси 20 години. Пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 13785 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 10.07.2010 04:31:03
Joska sto e mnogu -mnogu e, pa i od tebe da e. Tvojata nacija e najgolemiot protivnik za vlez na Turcija vo EU. Evropejcite imaat pravo, se razbira. Nitu geografski, nitu etniciki, nitu religiozno pripagjaat vo Evropa. Turcija e svesna za sebe i uporno bara partneri na bliskiot istok, kade sto mislam deka ima mnogu dobri sansi za uspeh. Ne slucajno bea "ujdurnite" so flotilata Mavi Marmara, demek zagrizeni za niskiot sandard na Palestincite, a na drugata strana (sto mnogu malku se zboruva vo vestite) vo samata Turcija sekojdnevno vo vojnata so Kurdistan ginat po 15-30 turski vojnici. - Politika...orospi...
Од: Perica
Датум: 10.07.2010 18:13:06
Najgolema greska na Evropskata Nadvoresna politika. Turcija i treba na evropa dva pati poveke otkolku obratno. Joska znae sto zbori,no za zal ne go slusaat.
Од: Boshko
Датум: 11.07.2010 14:45:01
Ne samo Turcija tuku i Makedonija ako prodolzat da ja slushaat Grcija,ili pak da go smenat redosledot ili poredokot i da bide primanjeto so mnozinstvo glasovi a ne kako shto e sega.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата не плаќа долгови
Судир за бесмртноста
Негрижата урна даб стар 700 години
Плетњов пристигна во Охрид
Озаконета кражба на Владата
Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава
Стил
Триумф на Капијата над Уставот!
Лидерот во сенка
Русите го славеа својот Валентин
Петтемина среќници одат на финалето во Јоханесбург
Портoкaлово царство
Македонските политичари ја следат својата суета
Куклите Брац задолжителен идол на девојчињата
Неојакобинци
Во древниот ритам на зурлите и тапаните
Шпионска размена како на филм