Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Портрет: Протоѓер

Лидерот во сенка


Помошникот на премиерот се претвора во главно оружје во политичката битка против Црвенковски

Соња Крамарска


Ако некогаш членството на ВМРО-ДПМНЕ паѓаше на коленици пред челичната леди Доста Димовска, денеска таа улога му припадна на младиот Мартин Протоѓер. Сместен во кабинет на неколку метри од својот шеф Никола Груевски, Протоѓер е неговите очи и уши. Во Владата, во партијата и во политичките кулоари.

Строг темносин костим со ракави кои се секогаш прекратки, невешто чекорење покрај премиерот, кој е за две глави понизок од Мартин, и секогаш двосмислена насмевка. Токму како што прилега на сива еминенција во владејачка партија.

Тоа е Мартин Протоѓер, или гледан со очите на политичките противници - „оној тажен лик, кој никогаш во овие четири години не собра храброст да изјави нешто во камерите, но поради тоа што е здраво ’зацапан‘ во портокаловата изродба на фамилијата и поради младоста, очигледно е најлесен на потпис“ (Андреј Петров).

Има многу причини зошто Протоѓер изгради личен бренд во политиката уште пред да наполни 30 години. Тоа не се само лабавите македонски критериуми кои полесно ќе те искачат на тронот отколку што ќе ти дозволат да созрееш како личност, туку и многу повеќе. Мартин Протоѓер му се придружи на Груевски во миговите кога ВМРО-ДПМНЕ уште беше во длабок раздор со партиската икона Љупчо Георгиевски. Односно, кога се' уште никој не веруваше дека Груевски ќе стане водач на десницата во вистинска смисла. Протоѓер е оној што го чуваше ореолот на Груевски како чесен додека владејачките социјалдемократи силно го напаѓаа за становите, а Георгиевски кроеше планови да се врати на тронот во ВМРО-ДПМНЕ.

Точно 28 години му требаа на Мартин Протоѓер од моментот на раѓањето до искачувањето на врвот. Роден е во мај 1979 година во Скопје. Магистер е по медиуми и интеркултурни комуникации на Факултетите за филозофија во Франкфурт и во Софија, во рамките на Специјалната програма организирана од Министерството за надворешни работи на Германија и Пактот за стабилност. Во текот на своето школување добил стипендии од бројни институции и престижни установи, пишува во педантно обработената биографија на Протоѓер на партиската Интернет-страница..

Работната биографија, пак, се' уште е со мал број пополнети графи. Има работено како помошник за односи со јавноста на директорот на „Медија принт Македонија“ и специјален пратеник на медиумската групација ВАЦ за Југоисточна Европа, од каде што во 2005 е катапултиран на позицијата шеф на кабинетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога требаше Протоѓер да дојде во МПМ („Медија принт Македонија“) да го примам на работа, бидејќи јас не го знаев, имав телефонски јавувања за негов прием. Но, тие што се јавија немаа врска со ВМРО-ДПМНЕ, туку се од другата страна“. Ова тврдење, кое отвори многу прашања за политичкиот бекграунд на првиот вмровски оперативец, го изнесе генералниот директор на МПМ, Срѓан Керим, во интервју за неделникот „Фокус“. За да биде појасно, Керим дополнува дека кога вели „другата страна“, мисли на опозицискиот СДСМ.

Но, репутацијата може и да ослаби. Да се разбере кој е вистинскиот Мартин Протоѓер е многу важно затоа што тој е важна личност во владината хиерархија. На која идеологија и' припаѓа тој, каков вид десничарска провиниенција поддржува - дали народна, конзервативна или демохристијанска.

Блогерската заедница го портретира како припадник на третото колено од лозата на генералот Александар Протоѓеров, обновувачот на ВМРО по Првата светска војна. Протоѓеров бил член на ЦК на ВМРО заедно со Тодор Александров. Важел за дипломат во редовите на ВМРО. Според масонските списи од 20-тите години на минатиот век, фамилијата Протоѓер се наследници на масон. Во 1917 година Големата француска ложа ги обединува трите тогашни бугарски ложи во една Голема ложа на Бугарија на чие чело во јуни 1917 го поставува воениот генерал Александар Протоѓеров.

Протоѓеров е прадедо на Мартин Протоѓер. Презимето со текот на времето

варирало и во Протуѓер. Оние што работат за Мартин Протоѓер, и оние што го познаваат, велат дека тој откако влегол во ВМРО-ДПМНЕ, ја актуализирал приказната за неговото потекло, затоа што, нели, и македонската верзија на политичката десница се потпира на традицијата и семејната лоза.

Но, тоа е историјата, а сегашноста вели дека врската, пак, меѓу Мартин Протоѓер и неговиот шеф Никола Груевски ги интригира дури и нивните најблиски соработници. Ако го видите Мартин како забрзано отчукува текст порака на својот мобилен телефон, веројатно примателот е премиерот. Или обратно, пораките што пристигнуваат во серија на супермодерниот мобилен телефон на Протоѓер се најчесто од Груевски, кој му дава инструкции на својот најдоверлив соработник.

„Тој се соочува со разни проблеми и подметнувања. Тој знае што сака да постигне, тој работи, а не владее, работи со граѓаните и за нив, отворено, чесно и одговорно, кога ќе згреши, веднаш ги поправа грешките и знае да ја признае грешката“, рече Протоѓер со нескриен восхит во интервју за „Утрински весник“ за својот шеф премиерот Никола Груевски.

А за себе, пак, Мартин Протоѓер вели: „Јас би рекол дека со себе ја имам вербата во бога и тоа е она што ме води во животот“ (интервју за „Утрински весник“). Познат е по тоа што сака да користи цитати како политички поенти, и тоа цитати кои прават алузии за чесноста, моралот, етиката кои ВМРО-ДПМНЕ ги нудеше како своја препорака пред македонските граѓани кога се бореа за освојување на власта во 2006 година.

„Лагата, расипаноста, измамата, престапноста можат само да ја упропастат и најдобрата и најсправедлива кауза”, го цитираше Протоѓер револуционерот Георги Баждаров во миговите кога го презеде секретарското место во ВМРО-ДПМНЕ.

Дали?

Во согласност со досегашната практика кога славата на власта ќе почне да бледнее, први на удар се медиумите. Протоѓер, чија слава во новинарските кругови е без малку еднаква со славата на шефот на Владата Груевски, ги дели новинарите на две категории. Новинари со кои се согласува и кои му предизвикуваат пријатна возбуда кога нивните броеви ќе се појават на неговиот дисплеј на повици, а тоа се од „Вечер“, Сител, Македонската радио-телевизија и Канал 5 и новинари со кои неволно разговара. Тогаш прави долги паузи во конверзацијата, внимателно го мери секој збор и покажува патетична потреба за разбирање од другата страна.

За потребите на овој портрет во „Утрински весник“ преговорите со Протоѓер да учествува со свои коментари траеја цели два дена, а на крајот добивме едно категорично „не“. Толку од транспарентноста.

Протоѓер ќе остане запаметен по пишувањето писма, а омилена адреса му е опозицискиот лидер и поранешен претседател на државата, Бранко Црвенковски, кому му пишуваше во декември 2008 година и сега пред неколку дена. „Транзициски херој, сејач на магла, кошмар“ - се дел од атрибутите со кои Протоѓер го почести трикратниот премиер, претседател и сега шеф на опозицијата, Црвенковски, во минатонеделното писмо коешто ја разбранува и онака напнатата политичка сцена во Македонија.

„Мислевме дека тоа време е завршена приказна, лош филм што заврши, кошмар од којшто се разбудивме. Го гледам повторно сега Бранко Црвенковски. Кого сакаме да поразиме? Него. На тоа мислевме кога зборувавме за финалната битка со мрачните сили на транзицијата“, гневно пишува Протоѓер.

А сега една поинаква анализа: простата математика вели дека Мартин, кој сега има 31 година, во премиерските години на Црвенковски од 1992 до 1998 година, популарно нарекувани транзициски период, бил студент. Овој податок и кај најголемите негови поддржувачи ја отвора дилемата од каде толкав психолошки гнев кон политиките на бившиот премиер и претседател.

И што е најважно за политиката - колку автентична може да биде пораката на Протоѓер кон опозицискиот лидер без оглед што е формулирана во релевантен политички камп. Или уште појасно - дали политичкиот и возрасниот профил на младиот шеф на кабинетот на премиерот го прават соодветна личност за да испорача една толку силна порака пред македонската јавност?

За јавноста е невидливо, но младиот Протоѓер игра важна улога во процесот на преговорите за името. Тој, без малку ја има позицијата на втор преговарач (понекогаш и прв) покрај официјалниот преговарач Зоран Јолевски, а меѓу новинарите е познат и како главен брифер кога треба да се пушти малку магла околу тоа прашање.

Како и Груевски, и тој вината за нерешавањето на спорот ја гледа кај опозициските социјалдемократи. „Грците ни се чудат на овој однос на опозицијата, која само за да се врати на власт, го употребува името и им испраќа сигнали дека со нив би се договориле многу лесно во согласност со грчките интереси, што ги охрабрува, пак, да одбегнуваат секаков конструктивен договор со нас“, рече тој во неодамнешното интервју во „Време“. Еве зошто не може да се реши проблемот со името!

Четиригодишното исцрпувачко темпо во Владата и проблемите кои се испречија на патот на „чесното, успешно и транспарентно владеење“ на кое се заколна ВМРО-ДПМНЕ направија од Протоѓер ладнокрвен циник со загрижувачка количина фрустрација кон критизерите на десницата.

„Во однос на тоа дека постои застој во демократијата, не можам да видам ни еден аргумент зошто некој би го тврдел тоа. Тука ги исклучувам тие што ги сметаат за приврзаници или перјаници на СДСМ, меѓу кои се и некои интелектуалци, па и колумнисти или новинари. Тоа е една кампања за да ја прикаже оваа Влада како диктаторска“, бесно ќе возврати тој во интервјуто во „Време“.

Јавноста е поделена за и против Мартин Протоѓер исто како што е поделена за и против Никола Груевски. Но, рано е да се каже дали „ѕвездата е родена“. За некого кој е толку влијателен, уникатен во премиерското опкружување и што има направено за четири години повеќе службени посети на Брисел отколку на кафулињата на скопската култна улица „Македонија“, сето тоа е сосема доволно за солиден почеток на политичка кариера.


#
Статијата е прочитана 4727 пати.

Испрати коментар

Од: marika cair
Датум: 10.07.2010 00:12:22
bre bre jaki licnosto 30god ministri magistri i toa magistriral vo sofija hahaha znaci ima i bugarsko drzavjanstvo pa po politcka karijari odat vo sofija biznismeni stanuvat i toa se patrioti napolnat dzepovi i potoa kloca na makedonsiot narod pa sto se vmro ako ne 100% probugarasi.......
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 10.07.2010 00:17:14
Protugjerov ke si ja "ispolni zadacata".Negoviot pradedo ne uspea,no ovoj so posofisticirani metodi i pod budnoto oko na gazdite toa ke go napravi.Vo Frankfurt i vo Sofija za toa go ucea i go naucija i se gleda KRAJOT NA MAKEDONIJA.
Од: ја
Датум: 10.07.2010 01:33:02
ВОЛК во јагнешка кожинка.
Од: Жарко,Ресен
Датум: 10.07.2010 01:46:16
Не, јас мислам сосема спротивно.Неговото досегашно политичко ангажирање е сосема доволно за неславен крај на неговата политичка кариера.Кога власта си оди,оди и тој заедно со неа.Засекогаш,без можност за негово повторно враќање.
Од: Bojana
Датум: 10.07.2010 03:41:32
многу богата биографија. магистри, министри на 30 години. затоа во македонија нема успех. политика водат бебиња чија уста уште мириса на млеко.И баш чудно се некои во владава добивале стипендии. не сум слушнала до сега некое сосем амбициозно дете со висок просек да добие стипендија или да го вработат.
Од: Of Lele
Датум: 10.07.2010 06:04:15
Uste pred edna godina, Ljubotan Trade Name; Go exponira ovoj Protogjer, sto se strami od negovata Slavna Ohriridska Blgarska familija Protogjerov So V ili so Duplo FF i Go narece politicki opurtunist; A deneska site novini vrcat od kako; Ljubotan trade Name, vece povece od dve godini zboruva za ovoj osakaten,,Protogjer" ,sto se otkaza od slavnoto minato na taa Ohridska Blgarska Familija, so vakvija ne se odi vo ROV.
Од: Zoran
Датум: 10.07.2010 06:42:27
Dokolku ve interesira poveke i imate 6 saata vreme, vi preporacuvam da poglednete 3 dvocasovni videa za takvi kako Protudjer. Toa se lica koi ne se izbrani tuku selektirani. Ke naucite dosta za masonite, iluminatite, i noviot svetski poredok. Samo kopirajte go linkot i odberete go videoto na http://www.mkradio.com/freedom . Ve povikuvam da go spodelite gorniot link so vasite prijateli i rodnini.
Од: Do Protudjer
Датум: 10.07.2010 06:52:25
Gospodine Protudjer, znam deka site ovie komentari vnimatelno ke gi procitas. Bi ti preporacal i na tebe i tvoite pretpostaveni (Grujo i kompanija) da gi poglednete videata na www.mkradio.com/freedom . Da vi stane jasno deka ne se site glupavi, kako vie sto mislite... Pozdrav do utrinski vesnik i Sonja Kramarska za odlicniot "portret"
Од: Imame li zrelost i kapacitet?
Датум: 10.07.2010 07:41:01
Samo vo drzavi bez dovolna politicka zrelost i tradicija , pa i bez dovolna nacionalna zdrelost, moze da se slucuvaat vakvi raboti, da licnosti bez nikakvo rabotno iskustvo i na 28 godini se postavuvaat na takvi visoki i znacajni mesta vo vlasta na koi se donesuvaat znacajni pa i sudbonosni odluki. A toa se slucuvase so Makedonija od osamostojuvanjeto . Pri toa mislam na site ocvie godini nanazad. Setete se na kolku godini i so koe rabotni iskustvo Branko stana lider i premier, isto taka i Ljubco, pa Nikola Gruevski minister, a pokasno lider i premier, pa Mile Janakievski i ova Protidjer. Zatoa i donesuvaa takvi nezreli i nedovetni odluki i drzavata stigna tamu kade sto e, Na opaskata na Evropa.Se prasuvam dali ovaj narod ima dovolna zrelost i kapacitet za edna seriozna drzava?
Од: ace
Датум: 10.07.2010 10:14:29
mene mi gleda kul protuger,ama eden e problemot kaj nego ,kako moze taka da mu pise na crvenkoski koga toj ne moze toa sto bil toj da bide ni 2 zivoti ,i dodeka branko vodel drzava toj kako student igral fudbal togas ,gospod da ne cuva od vakvi pozz
Од: kavadarci
Датум: 10.07.2010 11:01:46
Уште еден нарачан такст од Папата...
Од: jasnovidec
Датум: 10.07.2010 11:26:10
Se mislev dali voopsto zasluzuva licnosta za koja Kramarska pisuva,da se za nea komentira.komentarot go pravam zaradi sebe si.Si velam do koe deredje dojde ova preostanato makedonsko parce zemja.Sega mi e sosema jasno zasto komunistite vo 1941 godina ne sakale da se priklonat i da stanat del od BRP. Za da boidam pojasen da gi pogledneme ovie izminati dvaeset godini.Ljubco- Bugarin,Dosta -Bugarka( ja zaboravivme vo Sofija),gruevski od Stip ( legloto na bugarstinata),Protudjercevo se prci so negoviot pra dedo,a go skolivale ,se znae koj.Da redam li uste.Ne.Nema potreba,oti samiot Ljubco kaza deka VMRO-DPMNE e maltene bugarska .......
Од: sasa
Датум: 10.07.2010 11:45:01
1992-1998 gospodinot bil osnovec pa srednoskolec i na kraj expert za vladeenje na druga politicka opcija
Од: flying-monaco
Датум: 10.07.2010 11:45:08
Gi citam komentarive i se smeskam.Abre dali imate nekoj koj vi se dopagja...Proklet narod Makedonski gospot ke ve kazni... Ako 30 godisen covek ne e pameten, se prasuvam sto ocekuvate od penzionerite tie da ve vodat za nos?i pregovaraat?Samo se brukate kako stram nemate...
Од: Трпе
Датум: 10.07.2010 11:46:41
Од каде толкава омраза,паника и страв кај младиот ПротаГеров.Сигурно во неговото семејство,како млал го плашеле со комунистите а покасно со социјалдемократите,познавајки ја определбата на неговото семејство.Имам едно неразјаснето прашање,кога малиот растел ,чија историја ја има изучувано.Сеуште е млад и некои со него си играт калење,кога пламеникот ке згасне ,сигурно ке остане само обично железо.
Од: TMRO
Датум: 10.07.2010 11:50:13
Nema potreba mnogu da zbori.Martin znae sto pravi i nie veruvame vo nego.Neznam dali ima vrska so generalot Protogerov ama ako ima sekoja cest.
Од: "vodolija"
Датум: 10.07.2010 11:54:06
So 2-3 recenici nemoze da se dade soodveten komentar za stvarnata fakticka sostojba na drzavata.Za Ideolosko teroristickoto Vrednosno Negativno vladenie i ureduvanje na drzavata so ovaa vlada predvodena od Egeecot Gruevski so grcki Gen kako i negovit sovetnik Protogjer so bugarski GEN!? Koga bi mozelo nasite pocineti revolucioneri, na celo so Goce Delcev, clenovi i oformuvaci na VMRO,da voskresnat na MIG, i od kako ke uvidat kako ovie ideoloski teroristi Gruevski ,Protuger i ovaa V lada ja vodat drzavata,za kratko vreme nema da cekaat neptijatelski kursum ,tuku sami ke se otstrelat i ke otidat da pocivaat kade se i dosega!!?? Nitu Gruevski nitu Protogjer imaat makedonski GEN, tie gledaat i pregovaraat so Grcija kako da zemaat pogolemo OBESTSTUVANJE za Makedonija,za niv parite se precka za kompromisnoto ime na Makedonija, a ne Branko Crvenkovski i SDSM. Molam Veb masterot da go objavi napisanoto ZATOA STO e znacajno za citatelite, ako nekoj misli deka e povreden neka se obrati !!??
Од: Od Nasto Palioski-Jablanicanecot
Датум: 10.07.2010 13:06:44
Jas kako clen na VMRO-DPMNE i aktivist vo Evropa od 90 do 98 godina ke kazam samo nekolku zbora.Ako Gruevski ne go SKROTI Martinceto,ke nanese ogromna steta na Partijata.Ova politicka Komedija ima i druga pozadina.Ako Gruevski dopusti da Martinceto izigrava Premier togas so garancija slednite izbori ke gi dobie povamireniot SDSM. Po moe istata prikazma ke se ponovi od 2002 samo so novi glumci.Mozna e i taa varijanta da na Gruevski se mu e dojdeno do vrv glava pa saka i toj da si napravi dozivoten odmor kako i Georgievski.So eden zbor se e mozno vo Makedonija.Martin mora da se protera od partijata za da taa i Makedonija procvetaat,se drugi varijanti se zabluda ,odnosno mizi da ti ja vlepam.
Од: Rade
Датум: 10.07.2010 13:46:53
Dobro be narode ima li nekoj Makedonec vo ovaa vlada.
Од: kris
Датум: 10.07.2010 14:14:00
На сликава делува интелектуално....... ама...... ВМРО и интелектуалност некако не одат заедно....Ме зачудува патолошката омраза кон политичките противници????? А млад човек.....
Од: Tode Brown
Датум: 10.07.2010 14:34:23
Vie dekadentnite komunjari, ako veke go mrzite Martin Protugerov za toa treba da imate samo edna pricina: - vi gi odvlecka site kadri od sdsm vo vmro, pa sega sami i slab rejting epa sami.,.
Од: Ченто
Датум: 10.07.2010 16:25:38
Да се потсетиме дека Мартин Протуѓер заедно со Никола Груевски уживаа во публиката слушајќи ја српската четничка песна "Девет Југовиќи" под диригентство на големата ВМРО-вка Косана Николиќ. Политиката на Мартин Протуѓер и на целата Влада на Груевски е просрпски ориентирана. Новосоздадените ДПМНЕ-овци постојано работат на југословенизација на Македонија, свесно оддалечувајќи ја од ЕУ и НАТО, и уште посвесно туркајќи ја во прегратките на Србија.
Од: Do Protuger II del
Датум: 10.07.2010 17:17:23
ne samo so ke gi procita tuku na gordana ke i nalozi da se vidi od koja IP adresa pisuvame :)))... ... ... a cim taka smenil strani od MPM i VAC kaj so go vrabotile sdsm i presol vo vmro niso cudno i on ko bocevski i onoj gacov da se svrti protiv gruevski ... pa eve oti znam deka i Nikola ke gi procita komentarive vnimatelno; sigurno veke si naucil da se pazis i od sopstvenata senka :))) levata rakata da ne znae sto ti prai desnata, ... i taka Makedonija so vekovi strada od svoite a i Isus bil predaden od onoj koj jadel so nego
Од: Кирил
Датум: 10.07.2010 18:19:01
Дечкото си е супер, а вие и понатака можете да кажувате гачки..... ај сега идете и читајте време
Од: perica
Датум: 10.07.2010 18:34:37
Pameten decko i ideen kreator na novoto VMRO. Cel -klasicna masonska pari,pari i samo pari,sredstvata ne se bitni,kaj nego nema nitrunka patriotizam ilibilo kakvo custvo za segasnosta ili idninata na drzavata.prosto i po manuel od svoite studii go koristi nacionalizmot idjoneokonzervativizmot kakonajednostavno sredstvo za vladenje so prost narod. Aveke koga se spomna dedomu Aleksandar da gi spomneme bitnite fakti: 1. Kraen desnicar po ubeduvanje,totalno bugarski opreelen vo odnos na Makedonskoto nacionalno prasanje. 2.Voen zlostornik od prvata svetska vojna koga e okupaciski komandant vo istocna Srbijana dusa ima 70-110 iljadi nevino nevooruzeno civilno naselenie voglavnom zeni,deca i starci ubieni po negovo komanda i pod negova komandna odgovornost. 3Otganizator na aprilskiot puc i ubistvotona bugarskiot socijalistcki premijer Aleksandar Stamboliski 4.Pisman potpisnik na Majskiot manifest na VMRO so komintrenata i oganizator na ubistvoto na Todor Aleksandrov.
Од: jug
Датум: 10.07.2010 19:14:10
Brend se gradi ako rabotata cbeta a tuka vladee mrak. Makedonija 20 godini e vo ledena doba.
Од: Македонија
Датум: 10.07.2010 19:53:24
ОК е Мартин камо срека да ги има повеке во Македонија како него.Мартине чувајго името на ВМРО да не се валка, и мојот прадедо и твојот се залагале за ВМРО и не дозволуцај некој да го извалака.Поздрав до сите......Се што е лажен ВМРО-ец да го исчистиш од партијата.
Од: zlatko prilep
Датум: 10.07.2010 22:12:29
Го прочитав внимателно текстот, а исто така и коментарите. Јас лично мислам, односно немам забелешки во врска со старосната граница на министрите или пак функционерите. Забелешките ми се следни: -Зошто некои работи не ги работат малку појавно, -Зошто сите го лажат народот и се прават, патриоти, без разлика дали се од ВМРО или од СДСМ -И на крај тоа претходното и не е толку важно туку, зошто се повлекуваат или не ги превземаат одговорностите кои се од клучно значење за Македонија Забелешка: кога јас би бил на некоја функција јавно би ги признал грешките пред народот или би го прашал и притоа не е проблем ја преземам одговорноста па по цена и да горам за Македонија ако треба. јавно ке му соопштам на народот и на светот за ситуацијата во која се наоѓаме кои се мерките кои ке ги превземам во тие тешки моменти и притоа по цена и избори да изгубам или пак и цена на животот
Од: Boshko
Датум: 11.07.2010 02:43:33
Go prochitav textot a i komentarite,mnogu ubavo napishano i objasnato se po red samo shto ne se slozuvam so utrinski zoshto objavuvate komentari so skrieni iminja.jas na pr.Sekade si go pishuvam moeto ime i E mail a ovde gledam nekoi se krijat.Edn komentar od flayng Monako kazuva deka chovek na 30 godini e pameten,tochno deka ne e budala ili neshto drugo,za mene se do 40 tata godina chovekot e ushte so detinski pamet.
Од: pameten
Датум: 11.07.2010 10:49:19
Perice, se shto kazhuvash e vistina! No mora da sfatish tragichniot kontekst na situaciata. General Protogerov bil nacionalno opredelen kako Bugarin, poshto togash taka bilo opredeleno mnozunstvoto vo Makedonija. Bil zlostornik vo okupirana Srbija, no ovo go sfakjal kako odmazda za Srpskite zlostsvorstva vo Makedonija 1912-1915. (D.Vlahov bil Bugarski sluzhbenik vo Kosovo!) Bil megju tie koi sto ubile Bugarskiot zamledelski premier Stamoolijski poshto posledniot odkazhal poddrzhka na Makedonskoto osloboditelno dvizhenje. Organiziral ubijstvoto na Aleksandrov (isto so Bugarska opredelba) no sekoe osloboditelno dvizhenje koga e neuspeshno degenerira vo megjuosobni krvavi konflikti. Rezultat od se toa bilo unishtvanjeto na Bugarshtinata i potoa ragjaneto na Makedonskiot narod.
Од: dejan
Датум: 11.07.2010 12:02:46
M.Protogerov mlad, dobro skoluvan i ambiciozen takvi i trebaat na Makedonija, bravo za VMRO sto vo svoite redovi favorizira mladi intelektualci. Ako stanat Goce i Dame moze samo da go bodrat VMRO vo priblizuvaweto kon istocnite braka, i zosto i pokraj site istoriski vistini i notorni fakti nekoi se uste se drzat do makedonstinata kako slep za stap.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата не плаќа долгови
Судир за бесмртноста
Негрижата урна даб стар 700 години
Плетњов пристигна во Охрид
Озаконета кражба на Владата
Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава
Стил
Триумф на Капијата над Уставот!
Русите го славеа својот Валентин
Петтемина среќници одат на финалето во Јоханесбург
Портoкaлово царство
Македонските политичари ја следат својата суета
Куклите Брац задолжителен идол на девојчињата
Неојакобинци
Во древниот ритам на зурлите и тапаните
Кој „ја загуби“ Турција?
Шпионска размена како на филм