Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Ароганцијата не плаќа долгови

Нина Нинеска-Фиданоска

Колку и да се обидувате да му најдете алиби на министерот за финансии Зоран Ставрески за неговиот дрзок манир и ароганција, бидејќи човекот, нели, мора некако да излезе на крај со „здодевните“ новинари, за неговиот последен настап во јавноста едноставно нема никакво оправдување.

Главниот чувар на државната каса и ликот преку чиј калкулатор минува буквално се' што се прибира и што се троши од националниот буџет, никако не може да го обезбеди податокот колку пари државата им должи на приватните фирми. Првиот финансиер, завчера, како што кажа и самиот, веќе по десетти пат им објаснувал на упорните медиуми дека долгот бил оперативен податок, кој се менувал на дневна основа. Затоа Ставрески и не можел прецизно да интерпретира колку точно пари македонските компании со месеци безнадежно чекаат на своите сметки.

Но, на министерот за финансии само ќе му порачаме дека воопшто нема да отстапиме од намерите да дознаеме колку навистина е „заглавен“ буџетот, од проста причина што секој месец плаќаме даноци, придонеси, казни..., а токму на Ставрески сме му го дале правото и мандатот да менаџира со нашите, народните пари. Нека повторува тој колку сака дека секој ден се менувале бројките за државниот долг. Ние ги сакаме дневните бројки! Или поконкретно, ако денес државата должи 180 милиони евра, бараме тоа веднаш да ни го соопшти министерот. Ако утре долгот порасне на 185 милиони евра, би сакале да ја знаеме и таа сума.

Така барем прават одговорните и транспарентни власти во сериозни држави, а нема зошто и ние да не посакаме такви услови. И место да се расправа со новинарите, Ставрески нека се п��труди да ги обезбеди точните показатели.

Не само тоа, туку и да им исплати на компаниите барем дел за она што тие веќе од поодамна го изградиле или и' го испорачале на државата во вид стоки и услуги.

Или, пак, ако веќе Владата не е способна да си го плати цехот, нека го признае тоа и официјално. Нека каже – луѓе, криза е, немаме пари, но во таков случај оние смешни 76 милиони евра што ги скрати со ребалансот ќе се покажат како сосема недоволни, па ќе мора да се „кине“ уште најмалку исто толкав износ. Но, фактот дека буџетот е во колапс, а дека Владата на чуден начин го игнорира, веќе е стара тема.

Многу пострашно е што сега власта дури и се обидува да си го легализира својот комодитет во беспоштедно арчење и неплаќање, ставајќи ја во законски рамки можноста фирмите да се уценуваат и со анекси на договорите да се обврзуваат да не притискаат за своите пари. Така било во цела Европа, каде што фирмите биле свесни за кризата и прифаќале слични владини мерки, иако тие за секого изгледаат како самоволни во најмала рака. Исто како што беше класично самоволие простувањето на долговите на јавните претпријатија, без никој да одговара за направените дубиози.

А, да ги поставиме работите обратно. Еве, и за нас граѓаните и за компаниите е криза, па да бараме од ЕВН да не' сфати дека не можеме секој месец да ги плаќаме сметките за струја, туку тоа ќе го направиме тогаш кога ќе имаме пари. Или „Телеком“, зошто па и кон него да се раздолжуваме редовно, нека почека малку и тој. И најпосле државата, сакаме и таа да покаже малку разбирање, па не мора до ден да не' прогонува за плаќање на давачките. Ама власта нема разбирање за своите граѓани и компании. Луѓето што работат во приватниот сектор ќе ви кажат дека само за два дена доцнење со исплатата кон неа, инспекторите од Управата за јавни приходи веднаш ќе ви се јават или ќе ви дојдат на врата по своите пари.

Груевски и неговите соработници, конечно, мора да разберат дека за ваква тврда и надвор од секоја логика бизнис-игра воопшто не ја добија довербата од граѓанството. Затоа и ја губат од ден на ден.


#
Статијата е прочитана 1155 пати.

Испрати комен��ар

Од: Жарко,Ресен
Датум: 10.07.2010 02:15:27
Наместо фирмите да молат за помош од владата,владата ги моли фирмите да и помогнат.Јас знаев дека работите одат во погрешна насока,но сега сфатив дека ситуацијата е сериозна.А сфативте ли вие драги вмро-овчиња?
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 10.07.2010 08:43:27
Безобразлукот е одраз на незнаење и немоќ.И покрас силината на моќта од власта, не ќе можат да го замајуваат народот со тоа каква е вистинската состојба во државата.Знаете онаа за лисицата...лија....лија ...долија.Нема каде да се бега.Ќе се дознае се за штетите кои ги има направено оваа влада.И кој,колку,каде,кому,зошто,кого...мито...корупција...сметки....
Од: јас
Датум: 10.07.2010 09:26:12
ДРаги новинари , како сакате да Ви ја каже „дневмната сума“ на задолженоста на државава према фирмите , кога таа е ЧЕТИРИЦИФРЕНА , секако во милиони евра ..А со толку многу бројки , да простите , човекот не знае да смета ..
Од: kultura
Датум: 10.07.2010 12:54:22
Nisto novo.Odraz na (ne)kultura/
Од: goki
Датум: 10.07.2010 20:00:50
Нека ги плаќаат спомениците во Италија одложено ,ако можат.
Од: Jovan
Датум: 11.07.2010 11:33:37
Za vakov prost narod taka i treba.I malku mu e.Treba skroz da ni ja rasturat drzavata za svatime deka,dodeka ne rascistime so vmro nie nikogas nema da imame drzava.I od toa beganje nema.
Од: Доверлив
Датум: 11.07.2010 13:53:05
Другар ми работи во министерството за финансии и ’у поверење’ ми кажа дека долгот кон фирмите е многу добро познат и е во моментов 680 милиони евра. Аирлија!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Судир за бесмртноста
Негрижата урна даб стар 700 години
Плетњов пристигна во Охрид
Озаконета кражба на Владата
Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава
Стил
Триумф на Капијата над Уставот!
Лидерот во сенка
Русите го славеа својот Валентин
Петтемина среќници одат на финалето во Јоханесбург
Портoкaлово царство
Македонските политичари ја следат својата суета
Куклите Брац задолжителен идол на девојчињата
Неојакобинци
Во древниот ритам на зурлите и тапаните
Кој „ја загуби“ Турција?
Шпионска размена како на филм