Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Интервју

Македонските политичари ја следат својата суета

Зоран Талер, известувач за нашата земја во Европскиот парламент

Најлошо за Македонија е ако не биде на дневен ред на ЕУ

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Г-не Талер, разговарате со поранешниот претседател на Македонија и лидер на опозициската СДСМ. За што разговаравте со Бранко Црвенковски?

Најнапред го замолив да ме информира како ја гледа од своја страна ситуацијата во Македонија и, пред се', нејзината меѓународна политичка положба. Од друга страна, ги разгледавме варијантите како може да се помогне Македонија да излезе од блокадата околу европските интеграции и побрзо да се промовира за членство во ЕУ. Позитивно ме изненади со конструктивниот пристап. Факт е дека опозициската партија на социјалдемократите и' дава бланко-карта на Владата на премиерот Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ околу проблемот со името и мислам дека е позитивно тоа.

Од моја страна, го убедував да пристапи проактивно кон премиерот Груевски и да го промовира периодичното усогласување на нивните национални интереси. Знаеме дека тоа не е традиција во Македонија и дека често се претерува со личните напади. Би било подобро за националниот интерес на Македонија да бидат усогласени клучните одлучувачи. Се гледа дека опзициската партија посакува Македонија да напредува, а од друга страна, бара и варијанти ако дојде до предвремени избори, политичка дестабилизација, и самата да се промовира. Тоа беа главните теми за кои разговаравме со Црвенковски.



Дали му порачавте нешто на Црвенковски како лидер на опозицијата, но истовремено и до сите политички лидери и партии во Македонија?

Да, мојата порака е - обидете се да ја прескокнете својата сопствена сенка и суета, преминете го Рубикон. Црвенковски, како лидер на опозицијата, да му даде иницијатива на претседателот на Владата да се најдат во четири очи и да се договорат кон сензационалните интереси на Македонија и да се направи тоа не дека им е лесно, туку дека им е тешко. Ова е во национален интерес на Македонија. Но, гледам дека ситуацијата не е лесна, работите се премногу персонализирани и луѓето тешко излегуваат од нивната кожа.



Дали ситуацијата во Македонија е дестабилизирана по инцидентите што се случија во парламентот и недостигот од политички дијалог меѓу власта и опозицијата?

Не, не го мислам тоа. Но, сите чувствуваме еден вид страв и неизвесност што може да се случи. Тоа не е добро, бидејќи климата станува напната, нестабилна и нервозна. Тие што се одговорните во Македон��ја треба да бидат свесни за тоа и да работат за да не се дофрла масло на огнот. Причината за сето ова е блокадата од Грција, која во суштина е неправедна, но животот на реалполитиката бара компромисно решение.

Добивме информации од други страни дека процесот за изнаоѓање решение на името напредува. Откако премиерите на Грција и Македонија ги презедоа работите во свои раце, има повеќе оптимизам и можности да се дојде до компромис. Мислам дека треба со сите сили да се поддржи тоа. Претседателот на Владата, Груевски, не се наоѓа во лесна позиција, тоа е јасно, бидејќи јавното мислење во Македонија не е наклонето за компромисно решение за името. Но, тука треба да дојде до израз лидерството. Потребно е да се дојде до компромис, за кој од Грците бараме да биде мек, во смисла да биде прифатлив за Македонија и потоа да ги убедиме луѓето дека тоа е во долгорочен интерес на Македонија.



Ако не се најде компромис околу името, дали постојат други решенија за да се забрза пристапот на Македонија во ЕУ?

За жал, засега не гледам други варијанти. Очигледно е дека сите се наоѓаме во еден вид стапица, во смисла дека општо е прифатен политичкиот став оти тоа е билатерален проблем. Во таа насока, меѓународната заедница го чека тоа решение и никој не се занимава со алтернативата - што ќе стане ако не дојде до решение. Во тоа е и големиот проблем на Македонија. Долго се играше играта на имиџ на преговарање, во смисла се оставаше впечаток дека се преговара, зад сцената, всушност, ништо не се случуваше. Но, според мене, тоа започна да и' штети на Македонија и таа нема корист од тоа. Исто така, мислам дека таа ситуација и' штети и на Грција, но, за жал, во Атина не се подготвени самите себе да си го признаат тоа. Грција е маргинален играч на Балканот, а би можела да биде главен играч.

Тука имаме ситуација во која е потребен пробој, но во меѓународната заедница нема сила да се најдат клучните актери и да ги соберат Скопје и Атина во присуство на Ештон, Филе, Хилари Клинтон, Меркел и Саркози и да останат заедно толку време колку што е потребно да се најде решение. Тоа не се случува и, најверојатно, нема да се случи. Така, ни останува да ги убедуваме двете страни да го најдат тоа решение.



Дали Вие го правите тоа?

Да, јас се занимавам со тоа да ги убедувам Грците, за нив е доволно и решение со кое ќе си го „спасат лицето“, односно што и да се промени во името, тоа е веќе промена и значи дека треба да бидат задоволни, зашто го бараат она што не може да се прифати во Македонија. Тоа е тоа, но најголемиот број земји-членки на ЕУ се незаинтересирани. Тука се наоѓа и најголемата опасност за Македонија, постои консензус ЕУ да се прошири кон Хрватска, но во ЕУ многубројни се оние што мислат дека нема ништо лошо ако другите треба да чекаат, чекаат и чекаат.



Вие, заедно со други европратеници, се сретнавте со комесарот за проширување во Стразбур, за што разговаравте со него?

Зборувавме за проширувањето, се водеше дебата со него, бидејќи оваа недела се усвојуваше резолуција за Косово и за Албанија, при што зборуваме и за Македонија. Комесарот беше релативно оптимист дека проблемот сега се наоѓа во рацете на двајцата премиери и сега очекува во догледно време да дојде до компромис, кој потоа треба да оди на референдум во Македонија. Се надевам дека сме блиску до тоа решение, тоа значи дека ќе ни биде потребна тактика како да се помогне околу тој компромис за „спасување на лицето“ и да биде усвоен од двете страни. Времето не работи за Македонија, тоа се тешки, болни одлуки. Ние, Словенците, добро го знаеме тоа, бидејќи имавме слични ситуации со Италија.



Работите на извештајот за Македонија, дали имате впечаток дека сега Македонија повеќе се занимава со проблемот околу името отколку со основните реформи кои се потребни за влез во ЕУ?

Повеќе гледам проблем во мотивацијата и енергијата, која се вложува во потребните реформи. Тоа дека се потребни реформи често звучи апстрактно и тешко за да им се продаде на избирачите и јавноста, но, всушност, тоа се многу конкретни задачи и проекти. Македонија, за среќа, има невладини организации кои квалитетно го следат тоа и се способни во секој момент да дадат јасна анализа и извештај што е постигнато, а што не е постигнато. Се разбира, блокадата од Грција го кочи во психолошка смисла мотивот за реформи, така што сето тоа е поврзано меѓусебно.



Во Македонија се слуша дека е можно Европската комисија годинава ја повлече препораката за преговори, дали може д�� се случи тоа?

Не, тоа не оди така. Не е потребно повторно да се дава препораката. Проблемот е во тоа што Македонија може, за жал, да се симне од дневниот ред на ЕУ ако набрзо не биде деблокирана ситуацијата со преговорите. На пример, во декември на самитот на ЕУ, сите министри зборуваа за прашањето со Македонија. Сега, во јуни, само словенечкиот министер за надворешни работи, Жбогар, заде збор за ова прашање, на што реплицираше Друцас. И се' заврши на ова. Тоа е негативен тренд кој може за две-три претседателства да доведе до ситуација во која Македонија повеќе нема да биде на дневен ред, што ќе биде катастрофално за македонските интереси.


#
Статијата е прочитана 1511 пати.

Испрати коментар

Од: Миле - Охрид
Датум: 10.07.2010 00:28:30
„....блокадата од Грција, која во суштина е неправедна...“. Ако е така зошто не убедувате да правиме компромис со своите основни права и слободи? Зошто не терате да се самоукинеме (самоубиеме)? Зарем ЕУ е гангстерска банда која го има окупирано европскиот простор и ќе не уништи во инквизициско мачење , ако не се самоубиеме. ? Ни препорачуваш веднаш да „легнеме и уживаме ако не сакаме да бидеме силувани ? Тогаш каде одиме? Дали се наоѓаме на вистинскиот пат?
Од: Stoje
Датум: 10.07.2010 04:05:55
Taler i tie kako tebe, da znaete deka svetot ako zatreba ce go snema , a Makedonija ce ja ima. Toa i samite go znaete, a se pravite na budali. No toa nema da vi pomogne, iako potajno si vikate deka nema sto da izgubite, bidejci vece nemate nisto, samo javno toa ne ste go objavile. Se odnesuvate kako student koj otisol da polaga ispit (kaj strog i pravicen profesor) bez da otvoril kniga.
Од: nacionalno cuvstvo
Датум: 10.07.2010 08:11:49
Mile! Covekot kazuva deka blokadata od strana na Grcija e nepravedna, no ne gleda drugi resenija sem nekakov, "mek" kompromis koj bi ovozmozil deblokiranje. Ako ti znaes nekoe drugo resenie kazi go. Ili mislis deka makedonija treba da ostani vecno zatvorena kako "temen vilaet" ili "trlo", a mozebi mislis deka treba da se svrti kon Ahmadinjad, S. Koreja ili Pakistan? Ako celoto tvoe nacionalno cuvstvo i identitet go vrzuvas samo za edn zbor , imeto, togas navistina te zalam. nacionalnoto cuvstvo i identitet na eden narod e poveceslojno i mnogu poslozeno od eden zbor, Tuka se brojnite obelezja obicai, folklor, jazik, religija, kultura i sl.Na kraj kraeva nie sakame vlez vo EU i NATO, nikoj na sila ne ne tera. ako mislime deka nie podobro van tie institucii mozeme da si ostaneme vecito navor od niv. Ce si komunicirame i razvivame sorabotka so Svazilend, Nauri, Bocvana Eritreja , Ruanda i sl. drugi ' svetki velicini"
Од: pameten
Датум: 10.07.2010 08:33:10
другите треба да чекаат, чекаат и чекаат. Parshanjeto e: "koj go ispushti vozot". Imavme minimalni shansi da go fatime so Slovenija, realni so Bugarija i rechi si sigurni so Hrvatsa. No ostanavme da chekame voz koj shto ne se znae dali i koga kje dojde. Lesno e da se kazhe: Grckite baranja se shovenistichki!" Nikoj ne se zamisli: "zoshto imame problem, koj shto go nema ni edna drzhava na svetov?" Grcija bara reshenie koe shto jasno pokazhuva deka megju heleniziranata Antichka Makedonija i ova Republika nema kontinuitet. Za sekoj pameten chovek vo svetov e jasno deka takov kontinuitet nema. No Gruevski frla ushte maslo vo ogan. E sega koga go izpushtivme vozot za Evropa dali da ne javneme Bucefal?
Од: ace od radisani
Датум: 10.07.2010 10:46:42
I pokraj mislite sto ne okupiraat da za ova prasanje povece ne diskutirame,novinarite i politicarite ne ne ostavaat na mira.Ako samo vo edna sedmica pokusaat da ne go spomenat ovoj problem,bi sakal da osetam kako ce se custvuvam.Dali ce osetam deka sum Makedonec ili Vardarski Makedonec.Mnogu e lesno na drug da mu "popuvas",no koga zarceto ce dojde do tebe,togas ja trgas rakata.Prasanjeto za imeto po moe skromno mislenje ce bese reseno ako ne se zamesase Taa Evropa(imeto ne mi se spomenuva,pocnav da ja mrazam a ne da bidam sojuznik).Otkako se zamesa i donese odluka,imeto pa potoa vlez vo evropa,togas rabotite se iskomliciraa.Denes taa ista" orospija "ne ubeduva deka ne sakala da se mesa oti toa bilo prasanje na dve zemji.E sega gledajte so kogo si imate rabota.Zaradi ilustracija sto znaci da se napravi promena na imeto: Nesakajci vo prijatelski razgovor izgubiv prijatel,oti go spomnav "siptar",vo druga prilika na eden drug prijatel ne sakajci spomnav "torbes".E tuka lezi problemot.
Од: ne e bitno
Датум: 10.07.2010 11:48:58
Zano e sto treba nekoj tret vo enesno vreme da ti kaze ona sto treba sam da go znaes; bez kompromis, sorabotka, dijalog nema odenje napred. Zalno e sto nekoj treba da ti kaze deka suetnosta e odlika na glupavosta. Vo svetot ziveat 6,5 milijardi luge! Sekoj e vazen sam za sebe a podednakvo vazen so drugite, a balkano politicarite i vprocem groto luge sto ziveat tamu, se uste se zaniavaat so suetnost i kozata na komsijata. Valjda nesto ke razberat
Од: jug
Датум: 10.07.2010 19:03:57
Kakvi prostaci pisuvaat komentari. Ova e strasno. Svetot ke go snemal a Makedonija ke ostanela. Prosto se prasuvam dali covecko sustestvo go napisal komentarot. A da se svrti kon sopstvenata drzava i da gi analizira poslednive 20 godini i koj ke go okrivi ostatokot od svetot za bednata situacija vo Makedonija.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата не плаќа долгови
Судир за бесмртноста
Негрижата урна даб стар 700 години
Плетњов пристигна во Охрид
Озаконета кражба на Владата
Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава
Стил
Триумф на Капијата над Уставот!
Лидерот во сенка
Русите го славеа својот Валентин
Петтемина среќници одат на финалето во Јоханесбург
Портoкaлово царство
Куклите Брац задолжителен идол на девојчињата
Неојакобинци
Во древниот ритам на зурлите и тапаните
Кој „ја загуби“ Турција?
Шпионска размена како на филм