Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Поглед

Портoкaлово царство

Наум Котевски

Холандската амбасадорка Симоне Филипини и половина македонска Влада заедно го следеа полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Холандија и Уругвај во скопското кафуле „Плаза дел Торо“, во кое жестоко ја прославија победата на момчињата во портокалови дресови.

Иако беше на другата страна на брегот кога власта одлучи да ги изостави луѓето со поинаква сексуална ориентација од законот за дискриминација, Симоне Филипини, културно го покани државниот врв на фудбалска дружба. На поканата со задоволство се одѕваа вицепремиерот Зоран Ставревски и министрите Гордана Јанкуловска, Михајло Маневски Иво Ивановски... Што ли ја натера екипата на селекторот Груевски од Градската плажа да премине на брегот на Филипини? Па, нејзиното величество портокаловата боја.

На таа мисла не не' одведе парапсихологијата и некаква стручност за сугестивноста на боите, туку веселите лица на министрите поклоници на „портокаловата револуција“. Интересно беше да се види комплетната еуфоријата и да се слушнат страсните навивачки звуци од владејачкиот квинтет облечен во пор��окалов дрес кога Холандија даваше гол.

Портокаловата боја очигледно е нешто поголемо и поинакво од збирот на своите делови. Таа произведува чудна синергија. Како поинаку би се дефинирала таа искрена навивачка министерска страст ако се знае дека некои од нив исто така искрено навиваат за Англија, Аргентина...

В недела не' чека финале меѓу Холандија и Шпанија. До пред неколку дена Шпанија беше претседавач со ЕУ. Ако случајно државниот врв добие покана и од шпанскиот амбасадор за колективно следење на спектаклот сигурно ќе има двоумење. Или на прва ќе се викне: „Се' за царството портокалово, ама не во кафуле со шпанско име!“


#
Статијата е прочитана 1555 пати.

Испрати коментар

Од: avatar
Датум: 10.07.2010 00:21:24
Nov biser na makedonskoto novinarsko nebo.Se cudam, neli gi sledi komentarite za negovite postari kolegi, koi nemaat nikakov avtoritet vo nezavisnata citatelska struktura ili mu e dovolno sto "go sakaat" negovite.
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 10.07.2010 02:03:38
Se kaam za dvete minuti od svojot zhivot shto gi potroshiv da go prochitam ovoj napis.....
Од: Crn pojas
Датум: 10.07.2010 06:02:10
Go pkanuvam Naum Kostovski da si go procita teksto i sam da si dade komentar,kakva bruka.
Од: kole
Датум: 10.07.2010 08:40:27
Одлично Науме, само продолжи, портокаловите комантари се во фаза на гниеж................
Од: filip 1903
Датум: 10.07.2010 08:45:24
Се чудам зошто се кае оној „Македонец од САД“ што потрошил две минути за да го прочита написот. Ние во Македонија цели четири години потрошивме со овие нејзнајковци од власта што ја уназадија државата и ја направија полициска. Не сум од СДСМ за да рече дека поради тоа реагирам. Ми пречи што со полициските методи сеат страв кај луѓето. Ете сега со новиот закон никој не може да им се скрие и да им каже што мисли за нив. Ке ги контролираат и мејловите со реакциите што ги даваат читателите. Што ли им спремаат кога ќе откријат кој не ги сака?
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 10.07.2010 08:51:06
Портокаловите го изгубија компасот па и не е важно каде и со кого и што.Се маткаат лево, десно а гледаат ли дека секаде ни стана тесно?
Од: Трпе
Датум: 10.07.2010 11:26:52
Портокалова боја се добива со мешање на црвена и жолта боја..Ако портокалово доага од плодот портокал,секој треба да знае дека портокалот прво е зелен а со созревање добива портокалова боја.Некои од нас иако си остана зелени, веднаш се префарба во портокалово.Во портокаловата боја е соберена коалиција само личен интерес.Таму ги има сини,црвени,зелени и црни и какви ли бои се не.Со помош на илузија се добиват интересни брилјантни портокалови тонови.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата не плаќа долгови
Судир за бесмртноста
Негрижата урна даб стар 700 години
Плетњов пристигна во Охрид
Озаконета кражба на Владата
Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава
Стил
Триумф на Капијата над Уставот!
Лидерот во сенка
Русите го славеа својот Валентин
Петтемина среќници одат на финалето во Јоханесбург
Македонските политичари ја следат својата суета
Куклите Брац задолжителен идол на девојчињата
Неојакобинци
Во древниот ритам на зурлите и тапаните
Кој „ја загуби“ Турција?
Шпионска размена како на филм