Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Кукли

Куклите Брац задолжителен идол на девојчињата

Ако родителите и успеат да го избегнат стереотипното однесување, немилосрдниот свет на екстремно сегментираните играчки, бајки, книги и цртани филмови недвосмислено ќе го обликува стереотипното гледање на машко-женските односи

Речиси во сите продавници за играчки, во шопинг-центрите и каталозите, без ни малку задршка се рекламираат играчки за момчиња и играчки за девојчиња. Натписите се јасно поставени, а подлогите во каталозите под фотографиите за играчки, за одреден пол, со бојата непогрешливо наведуваат што за кого е - розово под мини-кујните, пеглите, сетовите за чистење, правошмукачки и куклите кои треба да се превиваат, хранат и галат; а сината боја под камионите, багерите, возовите, моќните суперхерои, автомобили и цела низа дидактички играчки што ја развиваат моториката и логиката.

Така девојчињата се воспитуваат да бидат добри сопруги, уредни домаќинки и грижливи мајки, како и дека момчињата не треба да научат како се преслекува дете, му се дава љубов, а ниту се чисти станот. Момчињата мораат да бидат интелигентни, способни и моќни.

Притоа „машко-женските“ улоги кај играчките се екстремно сексуализирани. Денес Барби е ултраконзервативна и застарена кукла, а во мода се Винкс и Брац, сексапилни девојки, полиголи, во пин-ап пози, како разголените девојки во популарните календари. Не се поштедени ни животните - постои цела низа коњчиња со розова грива, на потпетици, нашминкани и полни со перлички. Кај момчињата, напротив, се наоѓаат моќни, цврсти, груби и бесчувствителни јунаци со супермоќи, кои не ретко воопшто немаат лице, кое би можело да изрази некоја емоција.

Колку е сменета визуелизацијата на добрината и некои други претстави за квалитетни животни вредности, доволно говори примерот, што до пред 20-30 години добрите вили беа претставувани како дебелички тетки, кои мавтаа со волшебни стапчиња, нудеа утеха и зрачеа со доверба и топлина. Денес, тоа се суперсекси девојки со минимални парчиња облека на себе. А и акциските хероини кои постојат, како што е Лара Крофт, изгледаат како порно-диви. Тоа во голема мерка ги збунува, не децата, туку најмногу родителите кои се обидуваат да го воспитаат детето да се снајде во светот на предрасудите.

Дури и да сакаат да ги воспитуваат еднакво, родителите различно постапуваат со децата од различен пол. Тоа го потврдуваат бројни студии. На пример, уште во раната возраст на децата, родителите значително почесто го употребуваат јазикот на емоциите со ќерките, а на синовите почесто им се издаваат „наредби“ за порано да се челичат - констатираат психолозите.

Ако родителите и успеат да го избегнат стереотипното однесување, кое во текот на нивното сопствено воспитување е длабоко вкоренето во нив, околината на детето недвосмислено ќе му покаже каде му е местото. Детето кое не одговара на машко-женскиот образец, во најраната возраст ќе биде изгубено, а често и отфрлено во општеството, соседството, градинката или во паркот.

Иако меѓу родителите и современите воспитувачи се' поретко може да се слушне „момчињата не плачат“, или „количките не се за девојчиња“, бабата или добронамерната сосетка на детето ќе му објасни дека „девојчињата секогаш мора да бидат убави, пристојни и добри“, а немилосрдниот свет на екстремно сегментираните играчки, бајки, книги и цртани филмови недвосмислено ќе го обликува стереотипното гледање на машко-женските односи. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 419 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата не плаќа долгови
Судир за бесмртноста
Негрижата урна даб стар 700 години
Плетњов пристигна во Охрид
Озаконета кражба на Владата
Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава
Стил
Триумф на Капијата над Уставот!
Лидерот во сенка
Русите го славеа својот Валентин
Петтемина среќници одат на финалето во Јоханесбург
Портoкaлово царство
Македонските политичари ја следат својата суета
Неојакобинци
Во древниот ритам на зурлите и тапаните
Кој „ја загуби“ Турција?
Шпионска размена како на филм