Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Негрижата урна даб стар 700 години

Дабот во Бабино падна поради тоа што бронзените споменици на власта станаа поважни од спомениците на природата

Бабино - Дабот стар седум века во демирхисарското село Бабино, кој беше гордост за жителите од целиот крај под живописната Илинска Планина , наместо да стане споменик на природата, го однесе бирократијата. Иако навидум оваа вест ви се чини тенденциозна и нереална, за жал, е така.

Оставен на забот на времето и невремето, без никаква заинтересираност и грижа од надлежните владини институции за неговата заштита, се урна стариот даб на бабинци, што претставуваше извонредна природа реткост. Според кажувањата на демирхисарци, дабот бил единственото дрво старо над 700 години во нивниот крај и токму затоа сметаат дека требаше да ја добие заштитата и грижата од државата, исто како и стариот чинар во Охрид, за кој се верува дека брои над 1.100 години.

Дабот во Бабино, како што го опишуваат и самите жители, беше достоен примерок на височината и ширината на природата. Седум метри беше неговиот обем, а вратот ќе те здоболел ако си посакал да ја догледаш неговата височина од под крошната.

Но, за жал, ,,дабон Попов“, како што со милост го нарекуваат жителите на Бабино и со задоволство го препознаваа демирхисарци, пред две недели се урна. Бабинци велат дека пред три години со сите сили се обиделе да издејствуваат негова заштита од државата, но иако им било ветено од Министерството за култура, се' останало само на пусти зборови. Барале конзервација на стеблото, кое имало шуплина од 2 метра и, што е најважно, негово прогласување за природна реткост.

Ивана Матевска (82), која е една од десетината последни жители на Бабино, малку на шега малку во иронија, вели: ,,Дабон Попов сам си падна!“

„Зошто“, прашуваме. ,,Оти државата, за греота, немаше вреќа чименто да ја зацели неговата шуплина и да го остави за век и веков“, одговара баба Ивана, жалејќи што нејзините внуци не успеале да го видат пред да падне и да се збогуваат со него.

Дури и сега, откако неговата крошна падна и го затвори патот кон селото, надлежните институциите во Демир Хисар не се почувствуваа засегнати.

,,Ветрот го турна дабот, бил стар околу 700 години. Вакви дрвја постари има повеќе низ крајот, ама ние не водиме евиденција“, вели Раде Василевски, заменик-директор во подружницата на „Македонски шуми“ - ,,Бигла“ во Демир Хисар .

Оваа новинарска заинтересираност за дабот Попов не е случајна, бидејќи токму ова дрво е силно поврзано со историјата и случувањата во демирхисарскиот крај. Бабинци силно веруваат дека овој даб е свет и дека тој бил единствениот што успеал да го преживее колективот, или времето на атеизмот кога во 1949-1950 година сите дрвја за кои се верувало дека се свети не само што биле сечени, туку биле откорнати до последната жила да не остане ништо од нив. За овие случувања во една од своите книги пишува и Петре М. Андреевски.

Поради верувањето на демирхисарци дека неколку дабови дрва во нивниот крај се свети, тогашните власти се обиделе да ги пресечат (особено се прераскажува настанот за сечењето на дабот топлички од Слоештица), но, за среќа, дабот Попов во Бабино успеал да се спаси од острите сечила на секирите и да им се спротивстави на времето и на верувањата. Ама и тоа не било за долго.

Писателот Добре Тодоровски, по потекло од Бабино, а кој живее во Битола, вели дека не само малкуте жители на селото, туку и сите бабинци раселени во градовите се вознемирени од веста дека седумвековниот даб се урнал и особено што не успеале во намерата да го стават под заштита на државата. Тој вели дека е среќен поради тоа што сета убавина и љубов, како и дел од случувањата поврзани со дабот успеал да ги забележи во својата книга „Прикрај“.

,,Многумина му се натокмиле да го кутнат, а на никој не му стискало, затоа што народот верува дека во него некогаш имало светец или од светец бил засаден. Дабон Попов, ориентир за комитите, рамнотежа меѓу страните на светот, средина меѓу верноста и неверноста... меѓник за распознавање, скришно место за забранета љубов“.

Она што остана од дабот по неговото ничкосување велат дека ќе го вратат токму во црквата. ,,Стеблото и гранките од дабон Попов ќе ги исечеме, дрвјата ќе ги продадеме, а парите ќе одат во селската црква ’Св Никола‘, оти дрвото беше свето“, вели баба Ивана.

Сега за дабон Попов ќе останат само пишувањата и прераскажувањата на бабинци, демирхисарци и на сите намерници кои се восхитувале на неговата убавина и уживале под неговата дебела сенка.

За жал, сега патчето што ве води од магистралниот пат Битола - Кичево кон селото Бабино остана пусто, иако со мала грижа на државата ова повеќевековно дрво можеше да биде достоен споменик на природата, многу поблагороден и поубав од оние бронзените што никнуваат на секое ќоше, а за кои се трошат милиони евра.

За среќа, дабон Попов остана забележан во голем дел од македонската проза и поезија. „На половина од местото до главниот пат што води кон градот, истопорен на косото лединче под патеката кон Лавци и надвиснат како огромен чадор како чувар на градините и полето, ќе те сретне многулетниот горостас, дабон Попов. Се извишил вишенебо и разгранил колку што може да се разграни, како под неговата крошна секому да му ја нуди сигурноста или да ја зачува тајната на времето што поминало или допрва треба да помине. Остана на истото место, велат од пред турско“, раскажува писателот Тодоровски во својата „Прикрај“. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 2255 пати.

Испрати коментар

Од: milko
Датум: 10.07.2010 00:36:11
sigurno imat nekoj majmunlok tuka kako sto bi rekol sdsm.
Од: mende bt
Датум: 10.07.2010 08:29:51
Bravo za Utrinski odlicna storija. Ama na koi GOJDA im ja kazuvate vistinata. Smizlata na Grujoe povazna od se pa diri i od prirodata neli gledata deka parite se trosat za bronza da se pikne nesto vo dzebot A cinarot vo Ohrid i Bitola i ovoj vo Babino neka go odnese vetrot Sum bil vo Babino vo bibliotekata sum stoel i pod dabon Popov napisete nesto i za najstarata biblioteka vo Evropa kade knigite se besplatni za koristenje
Од: Mite
Датум: 10.07.2010 15:07:50
ako e 700 g star mozel i trebal Brane da go zashtiti ushte pred 18godini, ako veke komunjaite do 1991 zaboravile... a shto praela lokalnata vlast ??

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата не плаќа долгови
Судир за бесмртноста
Плетњов пристигна во Охрид
Озаконета кражба на Владата
Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава
Стил
Триумф на Капијата над Уставот!
Лидерот во сенка
Русите го славеа својот Валентин
Петтемина среќници одат на финалето во Јоханесбург
Портoкaлово царство
Македонските политичари ја следат својата суета
Куклите Брац задолжителен идол на девојчињата
Неојакобинци
Во древниот ритам на зурлите и тапаните
Кој „ја загуби“ Турција?
Шпионска размена како на филм