Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Светски куп 2010

Петтемина среќници одат на финалето во Јоханесбург

Наум Котевски

„Среќен пат и ви посакуваме добар престој во Јужна Африка. Вие ја имавте среќата да бидете сведоци на најголемиот планетарен спортски спектакл - финалето на Светското првенство во фудбал“. Со овие зборови раководителот на маркетинг-секторот во „Медиа Принт Македонија“, Зоран Никодинов, ги испрати на долгиот, но силно посакуван пат, петтемина добитници на драгоцените влезници за последниот меч на Мундијалот.

Пејачот на „Санаториум“ Перо Стефановски, потоа Ирена Сефановска, Игор Тошевски, Ана Стефановска и Љупчо Поповски беа најсреќните смс испраќачи во наградната игра „Освои ја Африка“ што ја организираа „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“. Тие денеска треба да отпатуваат за Јоханесбург, каде им е обезбеден петдневен аранжман.

„Едвај чекаме да тргнеме. Се надеваме на одлично финале. Шпанија искрено игра подобро, ама јас сум за Холандија. Подготвени сме само што ни фали едно големо македонско знаме. Кога ќе го закачиме на трибина сакаме да се гледа и на ТВ. Имаме помали, но веројатно ќе обезбедиме и поголемо“, вели Перо Стефановски.

Последен на вчерашниот прием во МПМ, пристигна единствениот добитник нескопјанец, прилепчанецот Љупчо Поповски. „Да, сега доаѓам од Прилеп, па малку подоцна се враќам. Утре изутрина повторно накај Скопје и на аеродром. Оваа ноќ тешко ќе се спие. Адреналинот постојано расте“, ја призна возбудата Поповски, откривајќи дека како и Перо ќе навива за Холандија, иако негов омилен тим е Италија. Со Италијанците немаше среќа, со Холандија ќе видиме.


#
Статијата е прочитана 967 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата не плаќа долгови
Судир за бесмртноста
Негрижата урна даб стар 700 години
Плетњов пристигна во Охрид
Озаконета кражба на Владата
Болт го израмни најдобриот резултат на стотка сезонава
Стил
Триумф на Капијата над Уставот!
Лидерот во сенка
Русите го славеа својот Валентин
Портoкaлово царство
Македонските политичари ја следат својата суета
Куклите Брац задолжителен идол на девојчињата
Неојакобинци
Во древниот ритам на зурлите и тапаните
Кој „ја загуби“ Турција?
Шпионска размена како на филм