Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
04.10.2011, 17:59

Поглед

Хулиганите и спортот

Сашко Ѓ. Димовски

„Нулта толеранција за хулиганите“ е мотото на акциониот план на хрватскиот фудбалски сојуз со кој ќе се сузбива насилството и недоличното однесување на фудбалските терени. Документот содржи 16 точки и во него децидно се наведени инструкции за официјалните лица во случај на немили и погрдни сцени. Макар едно пиротехничко средство фрлено н�� терен или расистички, верски и национални нареди, судиите и делегатот ќе бидат должни да го прекинат мечот, да ги повлечат екипите и играта да продолжи во оној момент кога ќе се создадат услови за тоа.

Пример како не треба да се однесуваат навивачите имавме во саботата на „Филип Втори“ во дербито меѓу Вардар и Шкендија.

Гостинските („Балисти“) останаа во Тетово, ги имаше само домашните („Комити“) кои и покрај тоа што немаа со кого вербално да се конфронтираат и не беа испровоцирани од никого, сепак, 90 минути не престанаа да скандидаат пароли на национална и верска основа. Дел од нив се обиде дури и физички да се пресмета со управата на тетовци на трибините меѓутоа за среќа не дојде до блиска средба поради интервенција на полицијата. Раководството на Вардар се огради од таквото однесување на навивачите. И добро е што го стори тоа. Само се поставува прашање до кога ќе биде така на фудбалските терени кај нас во кои најважната споредна работа на светот ќе паѓа во сенка на поединци или групи. Се однесуваат како фудбалот да се игра само за нив, но што е со оние кои сакаат да уживаат во него, оние неутралните, оние кои не одат на стадион за сеир, кои не сакаат да слушаат вулгарности? -

Не се проблем само „Комити“, истото се однесува и за „Балисти“, „Шверцери“, „Пирати“, „Чкембари“, итн... Закон за спречување на насилство има, промовиран, редно време е да почне да се применува и на дело.


Статијата е прочитана 449 пати.

Испрати коментар



Демократија има, нема јунаци
Гради, гради и само гради
Каде сте Македончиња?
Политиката како игра



Istocna Makedonija, 05.10.2011 10:08:57
Idealno resenie za spravuvanje so huligantskite ispadi na sportskite tereni i areni(ne samo na fud balskite) e da se aplicira angliiskiot model kako naj efikasen za eliminiranje na incidentnite fenomeni, ni,a i propisite na FIFA i UEFA se rigorozni.Ima vi na i na del od klubovite,koi od nemajkade,im se dodvoruvaat na navivackite grupi,pa duri im da- vaat i odredena ,,vlast,,i vlijanie vo klupska poli tika.A,najpogubno od se,kaj nas,e fin mec da se rasipe od napliv na nacionalisticka omraza.Za pre kin ,odlucuva gl.sudija,vo dogovor so delegatot.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 16°C

Облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |