04.10.2011, 17:55 Едиторијал
Гради, гради и само гради
Нина Нинеска-Фиданоска
Некои беа изненадени од „храброста“ на Зоран Ставрески, македонски вицепремиер и министер за финансии, кога на прес-конференција сосема ладнокрвно изјави дека Грција се движи кон се' поизвесен и се' посигурен банкрот. Други, пак, коментираа дека тоа е само реална перцепција на она што навистина се случува кај нашиот јужен сосед.
Избрзана реторика или не на нашиот прв финансиер, факт е дека грчката криза дефинитивно добива драматични димензии, а Европа во моментов тешко ја испорачува спасоносната формула што сите од неа со нетрпение ја исчекуваат. Шефот на министрите за финансии на земјите од Еврозоната, Жан Клод Јункер, сакаше да звучи убедливо кога после состанокот во Брисел порача дека Грција нема да банкротира и дека никој не размислува таа да ја напушти еврозоната, но прашање е колку дури и самиот тој верува оти ќе може да се избегне најопасното сценарио за грчката држава, а со тоа и разорните последици за елитниот европски клуб. Само како илустрација, додека Јункер ја даваше смирувачката изјава, државните службеници во Атина веќе ги имаа окупирано зградите на неколку министерства, најавувајќи уште пожестоки протести против владините мерки за штедење.
А и берзите веќе не веруваат во одважните тонови што кој знае по кој пат ги лиферуваат европските бирократи, бидејќи се' досега не видоа на дело конкретни и решителни чекори со кои би му се застанало на патот на грчкиот должнички змеј. Како пример сигурно пред себе ја имаат одлуката да се одложи следната транша за Грција од осум милијарди евра, дури за средината на ноември!
Се' на се', нема да биде ни најмалку лесно да се излезе од грчкиот должнички лавиринт. Тој пак, на Европа може да и' донесе нешто многу поопасно, а тоа е новиот рецесиски бран кој би ги погодил државите од стариот континент.
Македонија била мала и немоќна да влијае врз ваквите глобални закани, и секако ќе биде погодена од европскиот кошмар. Сосема логично, бидејќи европските земји се нашите најзначајни трговски партнери.
Македонските авторитети конечно признаа дека се вознемирени од надворешните случувања, и најавија дека тие секако ќе ја забават инаку „забревтаната“ македонска економија. Но, ние и не мора да се грижиме, бидејќи нашите власти го имале рецептот како да и' одговорат на европската криза.
Ќе граделе, ќе граделе и само ќе граделе. Преку високо ниво на капитални инвестиции во буџетот ќе и' пркосат на можната рецесија која се надвиснала над глобалната економија. Впрочем, инвестициите во градежништвото биле пресудни за успехот што на економски план земјава го оствари во првата половина од годинава, кога стигна до стапка на раст од 5,1 отсто во првиот квартал и 5,3 проценти во вториот. И не само градежништвото, туку и 25 други индустрии живнале благодарение на проектот „Скопје 2014“ што неуморно се турка во главниот град. Затоа и властите не се откажуваат од градењето.
Кога во метрополата ќе снема простор, би можело да се продолжи и низ другите градови, зошто малку да не се мисли и во таа насока. Само, принципиелно би прашале, не е ли подобро патишта место споменици, хидроцентрали наместо театри, пруги место лавови, болници место фонтани, училишта место манекенки... Нема ли тоа да биде оној реален раст кој ќе ги врати парите и кој ќе донесе и други инвестиции, наместо лажниот скопски сјај кој не може до бесконечност да ја „крева“ македонската економија. |
|
Статијата е прочитана 2750 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Hari, 05.10.2011 00:21:56 | Potpolno se soglasuvam so Nina i naslovot trebalo da bide , Kradi, kradi i samo kradi. |
| jovan, 05.10.2011 00:24:33 | EU e ona sto bese SFRJ. Prasanje e samo koga i kaj niv ke se sluci onoj poznat kongres na KPJ koga Slovencite go napustija, i so toa zapocna raspadot. Na nekoj nivni takov kongres naskoro i oni ke se razdruzat. Sto se odnesuva do Grcija, taa e malo bebe vo sporedba so dolgot koj go imaat ostanatite,no vesto go krijat (Irska, Spanija, Italija, Britanija, Baltikot, Romanija....)Duri Grcija i dobro ke projde.I poslednite pari pred fajron ke i gi dadat nejze. Sto se odnesuva do Stavrevski, neznam sto so nego se zamarate. Kolku sto znae magare za muzika, tolku znae i on za ekonomija i finansii. Se sto mozese da promasi, sve promasi,zapocnuvajki od onaa slavna izjava deka od krizata ke se obogatime,pa do spektakularnite stranski investicii, do neodamnesnite izjavi za uste pospektakularen rast na nasata ekonomija, a koja vsusnost ke bankrotira pred Grcija da bankrotira. |
| Itar Pejo, 05.10.2011 00:33:27 | Stavrevski rece deka krizata ne samo sto nema da ja pogodi Makedonija, tuku deka Makedonija ce profitira. Rekol glupost? Ne, pecatna greska. Namesto Makedonija treba da se podrazbere: familijata. Taka i sega. Ce bankrotira! Ama dali toa ce bide Grcija ili nekoj drug, ce vidime. |
| USA, 05.10.2011 03:10:47 | Ako pola Makedonija zivee i raboti vo Skopje, togas isto taka polovina od porezite bi odele na isto mesto. Normalno so pogolema cifra, se pravat pokapitalni proekti koi se mnogu zabelezlivi. |
| проблесок, 05.10.2011 06:34:44 | Заклучоци кои многупати се повторувани но не се сфатени сериозно од власта, затоа што ним повеќе им одговара да продолжат со градењето на споменици и да го разубавуваат Скопје како метропола, на што се восхитува простиот народ на кој му годи ваквиот тренд. |
| Ајван Доктор®, 05.10.2011 08:37:54 | Градителската еуфорија е веќе виден лек за рецесијата применет од Führer-от!Пастирот,имитирајќи го истиот рецепт,залудно се обидува да ја сопре!Разликата е ситна!Хитлер ја поттикнал германската економија,истовремено ги развил индустријата и науката,особено техниката!Не се запишал на сликарската академија во Виена,иако бил далеку поталентиран од портокаловата ренесанса!Милионите жртви,немо говорат за последиците кои може да ги предизвика устоличувањето на болниот искомплексиран ум!Безуспешниот боксер-компарса,вложувајќи во минатото и испревртувајќи ја сегашноста,не се ни обидува да оствари напредок на полето на науката,освен во ретрологијата!Наместо тоа,ги развива псеудонауките кои служат за потсмев во светските научни кругови!Стагнираме во секој поглед!Вратени наназад,умот и науката се маргинализирани и обезвредени докрај,а конзервативизмот,религијата и суеверието се прогласуваат за движечки сили на напредокот!Безуспешните студии ги надокнади со титула,стекната дури по устоличувањето! |
| македонец, 05.10.2011 09:40:43 | А бе луѓе си зборувате како на вашите МАЛЕНКОСТИ им одговара... ја спомнувате економската преродба на ФИРЕРОТ а не кажувате за економските политики на ФРЕНКЛИН РУЗВЕЛТ... за да ве чита некој треба ПОИНТЕЛИГЕНТНО да се искажете, овака само трескате глупости.. поздрав од мене |
| Istocna Makedonija, 05.10.2011 09:54:31 | Necii kompleksi ne vodat vo dlaboka bezdna,
vo kataklizma za idnite generacii(najgolema
nasa tragedija).T ormozirani od kanonada na
fakti za propasta na tugite dvorovi(Grcija...).
Nasiov pliva na lovoriki,vo izobilie,cutat rozi, ruzi,tece med i mleko!Koe licemerie,parodija,
farsa?!Veruva li nekoj vo sopstvenite lagi,ili
misli deka narodot ,,treva pase,,i e obicna
ovca(sto e potragicno i od najtragicnoto-mul
tipliciran superlativ vo najtezok oblik)!?Kakva
ke e satisfakcijata koga ii segasnive slepi poslusnici ke plukaat po segasnive ,,suvereni
,,Istorijata ke se povtori,,kako i sekogas.Go
vkusile toa Branko,Ljubco kaj nas,arapskite
lideri,velikite totalitarci Stalin,Hodja,Tito..Raz
likata e sto tie toa go,, doziveale,,po nivnata smrt.Kaj nas e poinaku...I na najgolema zam,
KOMPLEKSITE ne se lecat!I onoj,na sila,na
muskuli,na tuga smetka,da se bara pozitivno
mesto vo istorijata i od MAL da se postane
GOLEM!Ova,tesko bidnuvalo i ednostavno ne biva.Istorijata sv |
| od ostrijot, 05.10.2011 10:42:15 | bravo nina super kolumna samo naslovot
trbadae grad gradi a selo rasturaj. |
| taga, 05.10.2011 11:20:20 | Tragicni ste navistina. Velite deka Hitler gradel kako Grujo, a zaboravate ili ne sakate da sporedite deka i Ruzvelt so gradenje ja izvlekol Amerika od recesija vo dvaesetite godini. Sramota, gradele , kradele. ne be bate treba samo da se krade idanepravi nisto, kako SDSM. |
| ФЕЛИКС, 05.10.2011 12:44:23 | Секогаш има критики од оние кој ни сопствената партија не можат да ја кренат од пепелта на поразот а камоли да ја изградат во модерна и демократска опозиција,нив зборот ,,градба,, им предизвикува комплекс на инфериорност.Таму лидерот нивни ако се спореди со Сталин според методот на владеење многумина ќе го сватат за комплимент,оти корените им се комунистички. Тоа што забегале и едниот и другиот во практикување внатрепартиска демократија сака поширока елаборација,оти има и сличности и разлики помеѓу нив. |
| MKD, 05.10.2011 14:10:07 | Delata ostanuvaat a vaseto laenje e kako prasina !!! Da ne se raduvas na nesto sto e ubavo treba da imas nekoi seriozni psihicki problemi .. |
| Трпе, 05.10.2011 16:47:22 | Тоа што Ставре го збори и самиот на себе не си верва.Дали овие инвестици за кои троши огромни народни пари ќе бидат профитабилни.Сигурно тој од негови лични пари првин би изградил викединца а потоа би градел дучан или сервис кои покасно би ја изградиле викендицата. |
|
|
|
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 24°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 16°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
|