Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.10.2011, 17:29

Не' задолжија со нови 63 милиони евра

Во вторникот биле организирани три аукции на тримесечни и на шестмесечни државни записи

Нина Нинеска-Фиданоска


Дури и новинарите веќе не можат да постигнат дневно да ги следат задолжувањата на државата на домашниот пазар. Нов долг кај банките во земјава од 63 милиони евра се направени во вторникот, оваа недела, пр��ку аукции на тримесечни и на шестмесечни државни записи.

Дали причината за последното зајмење се пензиите, за кои стана речиси практика државата прво да се задолжи, па потоа да легнат на пензионерските сметки, или фактот што стасуваат за наплата обврски од претходни аукции во износ од 65 милиони евра? Како и да е, исплатата на заслужениот месечен прилив на кој македонските пензионери му се израдуваа вчера и буквално ги окупираа банкарските шалтери за да си го подигнат, следува два дена по најновиот заем. Но, како што се задолжува државата, така и' стигнуваат за враќање „стари цехови“, односно записи кои претходно биле емитувани, а доспеваат за наплата во овој период. Па така, откако во вторникот „собра“ 63 милиони евра од банките, веќе наредниот ден, односно во средата, министерството за финансии морало да врати 65 милиони евра.

Иако јавно им вети на бизнисмените дека малку ќе „попушти“ со задолжувањата на домашниот пазар, со цел да не ги врзува слободните пари на банките кои би можеле да бидат доделени во форма на кредити кај компаниите, Владата никако своите декларативни заложби да ги реализира и во пракса. Сега веќе ретко кој и зборува за овие владини потези, па дури стивнува и гласот на бизнис заедницата, а аукциите на државни записи продолжуваат со несмалено темпо. На нив државата се потпираше и во претходниот период, а вообичаено се организираа на почетокот на месецот, но и во други тајминзи.

Аналитичарите кои критички ја опсервираат работата на Владата, не се согласуваат со постојаните задолжувања. Според нив, најголемиот проблем е што долговите во последниов период се направија за крупни проекти, како што се спомениците, како и патишта на одредени локации, но тие не носат поврат на приходи, што мора да е приоритет кога се оди на задолжување.

„Од една страна, факт е дека Владата во текот на целиот свој мандат, но со посебен интензитет оваа година, гради крупни проекти и не е спорно дека со нив го смени ликот на главниот град. Дали тоа естетски изгледа убаво, е прашање на вкус, но факт е дека се изградија многу објекти. Но, да ги поставиме вака работите. Ако едно просечно семејство зајми 50.000 евра за да го реновира станот, исто така ќе го смени изгледот на својот дом и тој ќе изгледа топ. Но, тоа значи дека ова семејство автоматски се откажало од својата иднина на сметка на својата сегашност. Така и премиерот Никола Груевски се откажува од дел од иднината на земјата, на сметка на сегашноста. Најголем дел од објектите што се изградија, ќе носат нула приходи во иднина, а за нив се направија задолжувања. А, кога се зајмат пари, најбитно што се гледа е дали тој проект ќе носи поврат на приходи“, вели Ден Дончев, кој ги следи економските случувања во земјава.

Според него, она што сега се случува - задолжувања за проекти кои не ги враќаат парите, односно немаат економска рентабилност, „е рецепт за водење на државата кон банкрот“. Задолжувањето на иднината на државата на сметка на сегашноста, вели овој експерт, граѓаните сега не можат да го почувствуваат, но тоа ќе се случи во иднина, бидејќи бесплатен ручек едноставно не постои, што се покажа и на примерот во Грција. Зошто Владата постојано е принудена да организира аукции на државни записи, односно да се зајми на домашниот пазар, што вообичаено се случува во периоди пред исплата на пензиите? „Бидејќи Македонија не живее во рамките на своите можности. Кога тоа го прави една држава, мора или да се задолжува, или другото решение е да продава имот“, објаснува Дончев.

Инаку, технички, државата во вторникот организирала три аукции. Едната за тримесечни државни записи со евро клаузула, со камата од 4,1 отсто, на која се задолжила за околу 21,5 милиони евра. Притоа, банките од нив купиле 64 проценти, а другите инвеститори со 36 проценти. На втората аукција на тримесечни записи, но без девизна клаузула, со камата од 4,2 отсто, задолжувањето е 27,4 милиони евра. Најголем дел од хартиите ги купиле банките и тоа 90 проценти. Третата аукција била за шестемесчни записи, со евро клаузула и со камата од 4,1 отсто, тука државата сакала да се задолжи повеќе, односно за 23,5 милиони евра, но купувачите не „загризале“ целосно, туку само за 13,8 милиони евра. Банките од овие записи не купиле воопшто, а целиот износ го лапнале другите клиенти. Така што, вкупното задолжување е околу 63 милиони евра.

Инаку, додека не престануваат задолжувањата на домашниот пазар, во вториот квартал од годинава беше регистриран и раст на надворешниот долг на земјава, за 124 милиони евра. Министерот за финансии Зор��н Ставрески објасни дека тоа се должело на фактот што во тој период биле книжени средствата од кредитот од ММФ, но дека Македонија, според јавниот долг, и натаму влегува во категоријата ниско до умерено задолжени држави. (Н.Н.Ф.)


Статијата е прочитана 4276 пати.

Испрати коментар



И уште нешто
Романија не може да не' внесе во НАТО
Комисијата го фали, а опозицијата го куди пописот
Продолженото лето го „запали“ зелениот картон
Новинарот не треба да изигрува патриот
Извештајот нема да изненади никого
Амбасадорот недостапен, енцикопедијата хит
Македонија заринкала кон НАТО



jovan, 07.10.2011 00:17:12
Cudno e sto bankite vlozuvaat vo drzavnite obvrznici a i vo blagajnickite zapisi dosta pretpazlivo.Bankite kaj nas se skoro site stranski, no retko koja banka nosi kapital od stranstvo. Tie pretezno rabotat i plasiraat pari samo od depozitite sto gi sobiraat od ovde,od stedacite i firmite. Od prilika kolku sto mi e mene poznato, bankite imaat ovde plasirano vo stopanstvoto okolu 2,5-3 miljardi, i nesto pomalku od miljarda vo drzavnite obvrznici/zapisi,a imaat depoziti od naselenieto i firmite nesto nad 3miljardi,sto znaci tie rabotat so nasi pari.Znaci ako bankrotira drzavata i stopanstvoto,cehot ke go platat stedacite.Ke ima novi zarobeni devizi.Vo Grcija e drug slucaj.Grcija ako bankrotira cehot ke go plati Germanija,Francija...bidejki nivni pari ima vlezeno vo Grcija.
perica, 07.10.2011 00:40:03
Ne sum pameten, peta godina vise se zaduzujat ko skinati i uste ne puknalo. Ili ovoj kumov e finansiski genije, ili koga ke pukne, ke pukne skroz i kamen na kamen nema da ostane?
afganistan, 07.10.2011 02:45:02
Neka ni e nazdravje samo izgleda im snema pari i za platenite komentatori i podrzuvaci pa se poslabo se javuvaat
Tina, 07.10.2011 07:59:19
Tie ke ni kopat dupka a nie ke pagame vo nea. Tolku smo nesposobni da se buglime sami, da EU ke koristi nasiot neuspeh i ke ne obvrzi so gramzivost na kesh. Oh sto e ubavo koga tatko ke ti dade pari za da si odis na korzo i tamo da kupuvas pijaloci i se nesto nepotrebno. Makedonija, paga vo klopka. Poznato scenario na propast. Po logicno mislenje, koga ke pozajmish pari na rodnini, nim ocekuvaj da gi dadat nazad. Oti toa e naj tesko. Klopka e stvorena. EU samo ceka da se zaglibime vo dlg do gucata. Toa ne e daleku. I pak nasite farmi ke oskudevat od drzavnata finansija za toj napredok, potreban za rastenje na populacijata. Prasanje. Kako ke dojdam doma vo mojata Makedonija, ako nema ekonomska stabilizacija? Ako Makedonija zavisi od EU. Toa ne bive.
Istocna Makedonija, 07.10.2011 08:29:03
Mnogu nedovetno,nehumano,semiiidiotski odnos kon,nekoi nasi idni generaci koi,dolgovite ke tre- ba da gi vrakaat.Paradoksalno,non sens,apsurd, ne bile na ,,gezmeto,djumbusot,terevenkata, pirot,sofrata i pijankata,,,a treba da go platat cehot!E,lesno,no animalno e da se lumpuva na tuga smetka!
Морис, 07.10.2011 08:31:25
Па каква е оваа работа навистина ке треба Груевски да владее 100 години оти не е добро тој што не задолжува да ужива кога друг треба да се раздолжува. Ке биде и нашата работа како Грција кога друг се задолжуел, а Папандреу ке се раздолжуе.
kole, 07.10.2011 08:42:24
Преродбата се сопна.......нели Феликс........
Od fakelaki, 07.10.2011 09:53:08
Novinarstvo i ekonimija e kako bog i sesirgija koj investira i investera za idninata koj ne ivestira stoi vo mesto.............
pete, 07.10.2011 10:31:33
Добро бре луѓе - ги читате ли текстовите или одма после насловот одите на коментар? Станува збор за 3-МЕСЕЧНИ И 6-МЕСЕЧНИ ЗАПИСИ. Значи за какви задолжувања за во иднина зборуваме тука? За Вас следните 6 месеци се далечна иднина? Значи тоа сфатете го вака - околу 25-ти кога ќе ви снема пари од платата, позајмувате од ваши блиски и им враќате на 1-ви кога ќе ја земете новата плата. Тоа е се. Сите го правиме.
генерал миди, 07.10.2011 10:41:17
Аирлија задолжување!
tatoo, 07.10.2011 11:01:09
Г-да. Престанете да офкате. На 5-ти јуни си го кажавте своето. Сега сите заедно ќе си плачеме над судбината што не снајде. Со генерации ќе го враќаме ни криви ни должни долгот во кој не втурна оваа влада, ама затоа имаме фонтани и споменици по кои сме познати во светов, дури и за подсмев (CNN, Полска - капачот и тн.). Нека ни е наздравје и господ нека ни ни е напомош.
Трпе, 07.10.2011 11:27:26
Оваа влада на чело со мистер мр Рејтинг,сакајки да биде популарен и вечно да биде славент и самиот не води рачун ,дека наместо да го слават иднитегенераци ке го колнат.Црна се чума зададе таму доле Македонија,кој ке биде јунак црната чума да истера.
od site, 07.10.2011 11:28:35
,,Branko e kriv za se !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Beti, 07.10.2011 11:45:03
Kumot e drvo a ne ekonomist. Na takvite ne bi trebalo da im se doveri duri nitu trafika za semki.
Ivan, 07.10.2011 13:30:14
Ej finansiski genijalci, shest mesechni zapisi, 63 milioni, obichna likvidnost... Ima li nekoj so firma megju vas ili site rabotite u gradinka? Ili samo da plukate, pa shto i da e! Koj sve nema kompjuter deneska!
seirdzija, 07.10.2011 15:02:49
Abe sto go barate Feliks ovdeka,toj za vakvi temi si stava sam flaster na usta ne mora toa nekoj drug da go pravi,toj e ovdeka samo ako moze da prodava demagogija,a toa so cisti brojki ne se pravi
Brance, 07.10.2011 15:18:24
Super! Samo napred!!! Se gradi infrastruktura, se podobruva gradot i drzavata... A plukacive neka plukaat, od sekogas plukale...
зацуден, 07.10.2011 16:25:31
Или новинаров е тотално економски неписмен или ова е најголемата глупост што сум ја прочитал во последно време. Ако сам себеси си се прочита типов кој и да е, ќе види дека државата значи го намалила долгот за 2 милиони евра (купила 63, а вратила 65). ако не разбираш, не се глуп....
perica, 07.10.2011 16:47:02
Ivan i Pete, problemot e sto e sekogas 6 za 6 se povtara sekoj 6 meseci,porano bese 3 za 3.Ne sum negativen i bi sakal da veruvam deka e posteno, ali nesto sepak mi smrdi na piramida?
deko, 07.10.2011 20:45:46
Aman be druze dali si cul za zemja sto ne dolzi i ne se zaduzuva. Dali znaes deka SAD I Germanija se najgolemi dolznici vo svetot tie dve drzavi dolzat zaedno skoro kako celiot dolg na planetava.Da ne zboram za Grcija.Spanija,irska,Italija,itn i itn. i kazi mi sega sto im fali na tie zemji i kazi mi kako se razvile dali so svoi pari ili so pozajmeni.Ve citam samo Makedonija se zadolzi.pa MK se zadolzi i se edno isto i pak Makedonija i pokraj site blokadi od Grcija i dr.iako ne e vo EU sepak imase najdobri rezultati vo krizata.Veruvajte malku poveke vo premierot dokaza kako se vodi drzava vo site krizi i
трајко, 07.10.2011 21:00:18
Ало Пете,кога на 25 ти снема пари и се задолжиш за да ги вратиш на први, знај дека зајмуваш од татко ти или брат ти без камата, ама владата за овие заеми плаќа дебела камата.Не зајмува две три илјади ден туку милиони евра со милионски камати.На здравје.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -3°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |