Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.10.2011, 17:30

Македонија заринкала кон НАТО

Алијансата се уште ја чека нашата тринаесетта годишна национална програма

Слободанка Јовановска



Министерот за одбрана Фатмир Бесими вчера имаше политичко крштевање во НАТО, каде што учествуваше на состанокот на Северноатлантскиот совет на алијансата. Иако МИА јави дека Бесими имал средба со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен, од Брисел негираа дека се сл��чило такво нешто, така што, веројатно, средбата не била формална, туку во рамките на состанокот. Како и да е, Бесими го уверувал Расмусен дека Македонија очекува многу од самитот на НАТО во Чикаго идната година, нагласувајќи го значењето што го има полноправното членство за нас. Ова е прва вест по подолг период дека Македонија воопшто работи нешто во алијансата, освен успехот на амбасадорот Мартин Треневски во промоцијата на македонскиот ајвар во Белгија. Како што се дознава, Македонија доцни со месеци во подготовката на новата годишна национална програма за зачленување, која вообичаено се предаваше напролет, а сега не се знае дали ќе биде готова и до крајот на октомври, иако периодот на важење и е од 2011 до 2012 година.

Според она што се дознава, регуларната средба на министрите за одбрана и за надворешни работи на Македонија со Северноатлантскиот совет на алијансата, место во мај е презакажана за 18 овој месец. Неофицијално се тврди дека нашиот Комитет за интеграција во НАТО формално не се состанал две години, а во рекордната тринаесетта национална програма за НАТО Владата нема којзнае што да каже, од тоа што не го кажала претходно. Уште повеќе, во последниот извештај на алијансата за прогресот на Македонија се содржани повеќе критики, вклучувајќи ја и таа дека пари се трошат за непотребни работи на сметка на неопходната опрема, како што е проектот за отворање центар за обука на хеликоптерски пилоти што ќе чини 50 милиони евра, во ситуација кога земјата има само два оперативни хеликоптери, два на ремонт, а останатите девет „пензионирани“. Во извештајот, како што се дознава, стои дека се забележува широка политизација на општеството и дека тоа се рефлектира на институциите, дека има сериозни предизвици околу владеењето на правото, дека на многу од барањата на меѓународната заедница не било одговорено, дека се врши политизација на судските институции, притисок на судиите и се злоупотребува притворот за политички причини. Се проблематизира начинот на вработување и интеракцијата на полицијата со јавноста, а исто како и во ЕУ се бара точна статистика, т.е. бројка за рамковните и други вработувања во јавната администрација и квалитетен кадар, а не само квантитет.Околу опремувањето и модернизацијата на АРМ, забелешката на НАТО била дека фондовите се лимитирани и дека тој тренд во Македонија ги загрижува, споменувајќи го во тој контекст проектот со хеликоптерите.

За разлика од ЕУ, извештаите на НАТО не мора да се мерат од аспект дали се позитивни или не, но јасно е дека последниот од нив не е баш силна препорака за членство на Македонија. Официјално, од наша страна, како причина за доцнењето со програмата за НАТО се посочуваат изборите пролетва.


Статијата е прочитана 1112 пати.

Испрати коментар



И уште нешто
Романија не може да не' внесе во НАТО
Комисијата го фали, а опозицијата го куди пописот
Продолженото лето го „запали“ зелениот картон
Новинарот не треба да изигрува патриот
Извештајот нема да изненади никого
Амбасадорот недостапен, енцикопедијата хит
Не' задолжија со нови 63 милиони евра



euro, 07.10.2011 07:06:22
karvanot vrvi,kucinjata laat
Tina, 07.10.2011 08:14:08
Za nato ne im treba nisto drugo nego oste vojna. Prasanje. Deka bese nato koga Tibet bese okupiran i brutalno napadnat, asimiliran na sila, i zosto Makedonija saka taa politicka krv? Zar ne e dovolno prirodnite sili sto ne unistuvat, ni trebat silite na agarti? Kakva e taa ponos, so NATO ili ne so NATO, e prasanje za politicarite, a jas veke go znam odgovorot...Independance
Морис, 07.10.2011 09:24:34
Време е за промени во Армијата бидејки со офицери на ЈНА дојдени од Хрватска и Босна и напраени генерали или пак други пензионирани по политички линии немаме капацитет за напред. генералите се фалеа дека ги исполнуваме стандардите ова она заборавајки дека НАТО тим има во Скопје кој гледа дека се е импровизација. Не е доволно само на хартија да ги исполнуеш стандардите.
Novajlija, 07.10.2011 10:22:06
Grcija e problemot , nikakva programa! Koj so sto zalazuva, 2008 duri i SAD mislea deka ke ne primat, ama kleto Grce inat i tera(im mavaa slakanici), pa sega sto sme nie krivi!!!
Пропелер, 07.10.2011 17:13:51
„Извештајот е малку позитивен и малку повеќе помалку позитивен“,изјави пастирот во една прилика!Навистина нашиве генијалци мислат дека во Европа поим немаат како функционираат и какви сè не лажги му раскажуваат бладетеливе на народецов!Добро е што имаме уште два хеликоптери,но прашање е дали воопшто имаме доволно пилоти,а импровизирањето и играњето политика може да мине само пред слепците!
MKDD, 07.10.2011 21:03:17
kolku i da se trudat branko i grujo da ja zarinkuvaat rabotata nemozat niti protiv megunarodnata zaednica, niti protiv sopstvenite gragani.. toa ne im e jasno i posle dvata predvremeni i za niv neuspesni parlamentarni izbori.. mozat da se falat so putin kolku sto sakaat..
Ambasador, 08.10.2011 00:45:33
Problemot e i kaj nashive politichari koi neznaat da ja objasnat pravnata priroda na problemot so Imeto. Pokraj stranite pretstavnici, principite na pravoto ne gi razbiraat ni nashive diplomati i rakovoditeli .Sega treba RM da im reche na stranite faktori deka nie ke go reshime problemot so IMETO na poinakov nachin! Ke pregovarame, ama ke pobarame i Sovetodavnoto mislenje (preku Generalnoto sobranie na OON) od Megunarodniot sud za legalitet na denominacijata BJRM i obvrska za razgovorite za imeto (praven identitet)! Znachi treba na stranite dipomati da se kazhe da pristapuvame kon pravno reshavanje na problemot i nema da primarno barame reshenie preku razgovori/pregovori za imeto!!

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 9°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 3°C

Среда
Сончево
Макс: 20°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |