Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.10.2011, 17:31

Амбасадорот недостапен, енцикопедијата хит

Спорната енциклопедија, според албанските медиуми, не само што не исчезна туку е продадена во стотици илјади копии

Медиумите во Тирана вчера ја пренесоа веста за повикувањето на албанскиот амбасадор од страна на Министерството за надворешни работи на Македонија, но од изјавите на Арбен Чејку топката ја префрлија на друга страна, на спорната енциклопедија. Иако официјално зад неа не стои македонската академија и форм��лно не се продава, туку и се прави ревизија, албанските медиуми тврдат дека таа е хит во земјата и дека се продава на ЦД повеќе и од светските филмски хитови. Според нив, таа станала многу баран материјал во интелектуалните кругови и меѓу љубопитните студенти што сакаат да ја прочитаат, меѓудругото, квалификацијата дека Албанците биле варвари. Притоа, се цитира уличен продавач на ЦД од Македонија кој тврди дека продажбата оди многу добро и дека е изненаден што има интерес за вакви дискови, многу повеќе од новите филмови што влегле на пазарот. Според него, досега биле дистрибуирани стотици илјади копии на енциклопедијата, а ја купувале не само македонски граѓани, туку и странците.

Енциклопедијата, која отвори жешка дебата во земјава и се закануваше да ги влоши меѓунационалните односи, ја спомена амбасадорот Арбен Чејку, како повод да тврди дека „македонските учебници по историја се носталгични по ерата на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито и ги понижуваат Албанците“.

Чејку се' уште е надвор од земјата и се очекува идната недела да ја објасни изјавата на МНР, а по првиот молк, вчера, се огласија албанските партии во земјава, но од ДПА ниту го бранеа ниту го напаѓаа, а ДУИ место на адреса на амбасадорот им реплицираше ним како на политички ривал. Имено, пратеничката група на ДПА го осуди повикувањето на албанскиот амбасадор во МНР, но, сепак, во целост не се согласија со неговата изјава. Според пратеникот Орхан Ибраими, вистинскиот виновник за состојбата на Албанците во Македонија е ДУИ, коалициски партнер во Владата. ДПА, исто така, смета дека албанскиот премиер Сали Бериша треба да ја откаже најавената посета на Македонија поради политиката на актуелната власт. Координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери, пак, порача дека на албанскиот премиер Бериша не му требаат суфлери за да знае што да преземе понатаму. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 651 пати.

Испрати коментар



И уште нешто
Романија не може да не' внесе во НАТО
Комисијата го фали, а опозицијата го куди пописот
Продолженото лето го „запали“ зелениот картон
Новинарот не треба да изигрува патриот
Извештајот нема да изненади никого
Македонија заринкала кон НАТО
Не' задолжија со нови 63 милиони евра



Ljubotan-Trade Name, 07.10.2011 04:52:00
Pocnuva, i se rasplamsuva od; Gore Mitrovica dolu do Saraj ! Ako se poceka, Gore od Mitrovica ,a dolu Do Sveti Nikole i Veles!
Istocna Makedonija, 07.10.2011 08:56:27
Sigurno se uplasil albanskiot ambasador,koga nasive seriozno go skarale!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -3°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |