Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.10.2011, 17:50

Романија не може да не' внесе во НАТО

Романија безрезервно ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО, но одлуките за тоа се носат колективно од сите земји-членки и затоа е потребно да се реши спорот за името, порача романскиот претседател Трајан Басеску, по средбата во Букурешт со претседателот Ѓорге Иванов.

- Романија сама не може да одлучи ниту за влегување во НАТО ниту за прием во ЕУ. Таквата одлука треба да биде донесена колективно од страна на сите земји-��ленки без разлика дали зборуваме за ЕУ или за НАТО. Без разлика кој ќе биде текот на настаните меѓу Македонија и Грција, Романија секогаш безрезервно ќе го поддржува вклучувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ. Ние немаме ниту еден мотив да не ја поддржиме Македонија за нејзиниот влез во ЕУ, нагласи Басеску.

Проблемот, додаде романскиот претседател, е билатерален и се' додека постои вето, не ќе може да има прогрес. Тоа е мојот повик – пронаоѓање билатерално решение за спорот за името.

Тој додаде дека од интерес на Романија е земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ и во НАТО и оти во овој момент, според нив, држави што можат да имаат забрзан процес на пристапување во овие структури се Македонија, Црна Гора и Србија.

Претседателот Иванов се заблагодари за поддршката што и' ја дава Романија на Македонија во евроинтегративните процеси. (МИА)


Статијата е прочитана 311 пати.

Испрати коментар



И уште нешто
Комисијата го фали, а опозицијата го куди пописот
Продолженото лето го „запали“ зелениот картон
Новинарот не треба да изигрува патриот
Извештајот нема да изненади никого
Амбасадорот недостапен, енцикопедијата хит
Македонија заринкала кон НАТО
Не' задолжија со нови 63 милиони евра

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -3°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |