Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.10.2011, 17:47

Продолженото лето го „запали“ зелениот картон

Од 1 септември годинава, па заклучно со вчерашниот ден, издадени се околу 20.000 зелени картони

Маја Томиќ


Продолженото топло лето го запали интересот кај граѓаните за патување во странство. Иако се очекуваше дека поради новиот ценовник на зелениот картон, на што граѓаните негодуваа, нема да има нава��ица за вадење на овој документ, сепак, побарувачката за него во септември била над сите очекувања. Изненадени се и од Националното биро за осигурување и од осигурителните компании од каде што не сакаат да ја коментираат потрошувачката на зелениот картон.

Уште во првите денови од септември, откако почна примената на новиот ценовник, дневно се ваделе по околу 1.200 картони. А, според информациите на Националното биро за осигурување, од 1 септември годинава, па заклучно со вчерашниот ден, подигнати се дури 19.228 зелени картони без кои граѓаните не можат да возат во странство. Околу 85 отсто од нив се однесуваат на патнички возила. За споредба, од почетокот на годинава, па до крајот на август, до кога се применуваше стариот ценовник, во земјава биле извадени вкупно 108.628 илјади зелени картони, додека во цела 2010 година имало издадено 116.000 зелени картони.

Според одлуката на Владата донесена на крајот на јули годинава, од септември почна примената на новите, пониски цени на зелениот картон за возачите што возат надвор од границите на земјава. Картонот сега има фиксна цена и важи една година, а не како што беше порано, зелени картони да се издаваат со важност од еден, три или шест месеци. Така, за патничките возила со моќност до 66 киловати, картонот поевтини од 160 на 60 евра, додека за возилата со поголема моќност тој изнесува 90 евра. Со измените, цената на зелениот картон за товарните возила падна од 450 на 280 евра.

Инаку, вадењето на зелениот картон не е задолжително, а возачите сами одлучуваат дали ќе го купат.

Според стариот ценовник, месечниот зелен картон чинеше 2.500 денари, со важност од три месеци 3.670, за половина година 5.500 денари, а за цела година дури 9.760 денари. Со воведувањето на новиот ценовник за зелен картон, беа поделени мислењата на граѓаните. Додека за едни картонот сега е скап, затоа што еднаш во годината одат во странство на годишен одмор, за други, кои почесто патуваат, прифатлива е цената.

Сепак, цените на зелениот картон во земјите од регионов се многу пониски од нашите. На пример, Словенците плаќаат само две евра, Србите 15, Грците шест, а Бугарите од пет до12 евра. Но, и покрај овие пониски цени во странство, кај нас во изминативе неколку години, откако почна расправата и анализите за намалување на цената на зелениот картон, осигурителните компании не даваа да дојде до поголемо намалување. Тие се' уште тврдат дека и со новите цени се во загуба. Според некои нивни пресметки, со едногодишниот зелен картон губат околу 3 милиони евра годишен прилив. Но, со оглед на интересот, уште во првиот месец од новиот ценовник очигледно ќе ги компензираат загубите.


Статијата е прочитана 1406 пати.

Испрати коментар



И уште нешто
Романија не може да не' внесе во НАТО
Комисијата го фали, а опозицијата го куди пописот
Новинарот не треба да изигрува патриот
Извештајот нема да изненади никого
Амбасадорот недостапен, енцикопедијата хит
Македонија заринкала кон НАТО
Не' задолжија со нови 63 милиони евра



Револтирана, 07.10.2011 10:09:31
Штом нашите осигурителни компании не знаат да работат како што треба (па како тие се во загуба со овие цени, а соседите не се со цени од 2 до 15 евра?!), тогаш нека се дозволи некоја од тие соседни компании да ни продава зелени картони и крај. Осигурителните компании не дозволувале да се намали цената?! Еве јас не дозволувам веќе да поскапува бензинот, баш да видам дали ќе ме послушаат.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -3°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |