Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
04.10.2011, 17:57

Реплики

Демократија има, нема јунаци

Соња Крамарска

Црвенковски и Груевски се два авиони за кои ние очекуваме да се судрат за да видиме кој е посилен, но тоа не се случува од проста причина што тие летаат на различни висини

СДСМ добива многу критики за пасивност кои доаѓаат дури и од нивниот камп односно од невладините организации што се блиску до левицата. Црвенковски, ко�� се покажа како неприкосновен лидер, добива уште поголеми критики, а во јавноста и на социјалните мрежи веќе се води отворена дебата дали има доволно демократија во СДСМ која ќе дозволи да се постави прашање за неговата одговорност за поразот на јунските парламентарни избори. Тонот на дебатата особено се засили откако анкетите покажаа дека изборниот резултат во јуни не бил моментно расположение на гласачите или набрзина купен од страна на Груевски, туку поддршката кон актуелната Влада продолжува и по изборите.

Но, не е проблемот во тоа дали има демократија во СДСМ. Демократија таму има. Ниту во СДСМ, а ниту во другите партии некој настрадал затоа што си кажал мислење или затоа што го прозвал партискиот лидер. Никој нема да биде линчуван ако го постави прашањето за улогата и позицијата на Црвенковски во СДСМ. Никој нема ниту да биде протеран од кампот на социјалдемократите за такво прашање. Меѓутоа, проблемот е во конформизмот кој го сакаат сите. Не сакаат да се замерат со лидерот, затоа што може да ги загубат позициите. Е таков ризик никој не сака да преземе. И во тоа е главниот проблем во СДСМ и на сите политички партии во Македонија. Нема јунаци за тешки битки и за правење пресврти.

Вистинската дебата во СДСМ и во општеството, сепак, треба да биде не дали СДСМ е доволно демократска партија за да изведе смена на лидерот (статутот и процедурите тоа го дозволуваат), туку дали Црвенковски може да го порази Груевски. Тоа треба да биде основата на сите дискусии кога се прави анализа на позицијата и улогата на опозицијата во денешно време. Особено откако Груевски продолжи и по изборите до педа да ја спроведува неговата политика која ја критикува СДСМ и со која е на власт веќе шеста година, но паралелно со тоа продолжува и поддршката што му ја даваат граѓаните.

Тоа не е политички феномен како што сакаат некои да го прикажат, туку сигнал дека општеството или е целосно освоено од Груевски или се наоѓа во сосема нова генерациска, политичка и историска фаза, која наметнува нови правила на игра и бара други профили на политичари кои се на различни страни но се на исто ниво кое овозможува да дојде до продуктивен судир меѓу нив.

Но, она што во моментов, односно во последните две години се случува е следново: Црвенковски и Груевски се два авиони за кои ние очекуваме да се судрат за да видиме кој е посилен, но тоа не се случува од проста причина што тие летаат на различни висини. Координатите на Црвенковски и Груевски се сосема различни и затоа нема никогаш да дојде до вистински судир. Тие се две дијаметрално спротивни фигури и генерациски, и по структурата на личниот профил, и по технологијата на владеењето. Имаме премиер кој секој ден го смета за изборна кампања и кандидат за премиер или кандидат кој ќе назначи премиер, кој не излегува од својата канцеларија на „Бихаќка“. Груевски од секое фрлање лопата издава опширно соопштение, Црвенковски во најголема тајност замина во Њујорк на политички средби.

Тоа не значи дека СДСМ треба да се претвори во копија на ВМРО-ДПМНЕ ниту пак Црвенковски да се идентификува со Груевски. Само значи дека социјалдемократите ако сакаат да победат една силна и организирана структура како што е ВМРО-ДПМНЕ, треба најпрвин да ги засилат своите арсенали. Да си ја подобрат муницијата. Од повеќе причини Црвенковски иако е еден од најталентираните политичари на овие простори, не е е муниција со која може да биде соборен Груевски. Црвенковски е муниција со која социјалдемократите пукаат во празно. Не станува збор за лични капацитети, поткованост, харизма и политичка култура - кои сите ги поседува Црвенковски, туку станува збор за генерациска и политичка разлика. Иако во јавноста добро се чувствува нивниот политички па дури и личен антагонизам, од аспект на политиките што ги водат, тие се разминуваат а не се судираат.

Како политичка личност Црвенковски има направено потези кои ќе му обезбедат позитивно место во историјата. Како пратеник во првиот состав на македонскиот парламент тој е еден од потписниците на иницијативата за распишување референдум за независна Македонија. Тој е вториот премиер на Македонија по осамостојувањето, а со стапувањето на таа функција на 29 годишна возраст е најмладиот премиер во Европа. Како премиер и политичар Црвенковски тогаш ја промовираше идејата за учество на партиите на Албанците во владите на Македонија, што се покажа како неопходен принцип за функционирањето на државата.

Во периодот од 1994 до 1998 додека Црвенковски беше премиер Македонија успеа ��а стане членка на повеќе меѓународни организации, како што се Обединети Нации, ОБСЕ и Советот на Европа. Црвенковски е исто така потписник на првиот договор со Меѓународниот монетарен фонд и со Светската банка. Црвенковски, заедно со претседателот Борис Трајковски, тогашниот премиер Љупчо Георгиевски и партиските лидери на Албанците Арбен Џафери и Имер Имери е потписник на Рамковниот договор со кој е смирен воениот конфликт во 2001.

Но, како што велат, времето однесува и донесува. Македонија сега живее еден националистички период во кој главната улога ја игра Груевски и кој не сега туку подоцна ќе се покаже дека е катастрофална грешка за која цената ќе си ја плати народот. Како што впрочем и досега се покажа многу пати низ историјата, и во Србија и во далечното опкружување. Големо прашање е дали Црвенковски може да ја извади Македонија од тој филм, или е потребен нов политички лидер, од поновата генерација кој ќе го испрати Груевски таму каде што завршија некои други балкански "вжештени глави".

Многу лидери се нашле во слична ситуација како што е Црвенковски сега. Веројатно и самиот е преокупиран со прашањето дали да се повлече или да остане. Оставката е инаку чин што се заснова на лична одлука, но исто така може да послужи и како политички маневар. Во 1995 британскиот премиер Џон Мејџор поднесе оставка на лидерското место на Конзервативната партија, со цел да ги неутрализира критиките против него во партијата и во јавноста, и за да го обнови својот авторитет. По оставката тој повторно се врати во игра и повторно беше избран. Тони Блер, во 2007 година даде оставка од лидерското место на Лабуристичката партија во Велика Британија, во миговите кога неговата премиерска и лидерска слава беше најголема.

Оставки имаат поднесени и други славни политички личности, како британскиот премиер Гордон Браун, по поразот од лабуристите, германскиот претседател Хорст Келер по гафот при посетата на Авганистан, италијанскиот лидер Романо Проди. Оставките не значат политички пораз туку соочување со ситуација и соодветно реагирање на околностите.


Статијата е прочитана 1321 пати.

Испрати коментар



Хулиганите и спортот
Гради, гради и само гради
Каде сте Македончиња?
Политиката како игра



Hari, 05.10.2011 00:17:17
Sto se sluci Sonja so tebe, prvo im svrte grb na svoite kolegi koga strajkuvaa a sega stana ucesnik vo mizernata kampanja na dpmne protiv Branko I SDSM. Zarem se spusti na nivoto na onoj Sotir od Dnevnik ili pak na Glavniot urednik. So zadovolstvo te citav no sega tvoite kolumni licat kako onie na Ilija i Vlatko, pa mozno li e toa, sto pravi parata??
jovan, 05.10.2011 00:32:59
Demokratija nema ni vo SDSM ni vo VMRO, pa duri ni vo drzavava. Sovremenata diktatura ne lincuva i ne apsi nikogo zatoa sto kazal nesto svoe ili protiv liderot. Sovremenata diktatura fino lepo ke te izolira, ke te sutnat na strana, na tvoe mesto ke stavat slep poslusnik, toj ke napreduva, a ti ke setas po ulici.Duri i ke ti dozvolat po ulicite i da laes protiv niv,za da bides primer za drugite kakva budala si. Denes nie tokmu toa go imame, a toa sepak e diktatura i toa vo najtezok oblik. Samo e so sovremen izgled (demokratski), za razlika od porano koga gi prakale na goli Otok, ili gi besele javno. Denes sam ke si se obesis.
Kiro, 05.10.2011 08:59:34
Abe mk doncinja, neli gledate deka odite se pobrzo nazad vo site sveri, izgleda kako da ste site pod kokain. Sramnoe.
Istocna Makedonija, 05.10.2011 09:27:08
Crvenkovski,ne e marginalen politicar vo bliska ta istorija na Makedonija,iako e oboen vo crno -bel kolorit,vprocem kako mnogu drugi ekspo nenti i aspiranti za vlast vMKD.Hipoteticki,ako vo momentot e na tapet negovata neprikos- novenost vo negovata partija,ako permanen- nentnogo gubi duelot so Gruevski,CUMU pub licitet, ,,panika,,na vlastodrscite i nivnite pera i megafoni vo negovoto ocrnuvanje do koska Duri i ,,dobromanerni,,sugestii kako opozi- cijata da se konsolidira.I ova e nekoj nas fenomen za Ripli.Vlasta ja ,,poducuva,,kanali zira opozicijata kako da zastane na zdravi noze!!!!!!!!!!!Ako e tolku pasivizirana i na marginite,ne samo SDSM,ima i drugi(iako mali) partii koi ne se,zasega,nitu so ednite,nitu so drugitezosto tolkavo vnimanie na niv!,,Lagod dno si vladeam,rivalite se slabi,,!E,tuka e pa- mikata,rivaliite se slabi,zaspieni,stereotipni .ama i takvi osvoija,duri 42 pratenici.Ne deka se dobri,nesto kaj favoritot ne stima,iako uste e prv na tabelata,no n
od ostrijot, 05.10.2011 10:22:15
gresis sonje nije demokratija nemame a junaci imame junaci kojmozat sekoj demokratski proces dago soprat-unistat junaci kojne vrakat nazad a ne napred junaci kojne izulirat od evropa i evropskite instituciji. odtakvi junaci korist nevidel nikoj.
otreznuvanje, 05.10.2011 11:08:35
Ova e mozebi najdobar komentar sto go procitav od cenetata g. Kramarska, osloboden od partisko navivanje.Tocno e g. Kramarska, dojde do generaciska, politicka i sekakva promena vo opstestvoto, potocno demontaza na komunistickata administracija na site nivoa. Samo promena na samobendisaniot elitisticki mentalitet go vrakja SDSM na scena, a ne nikakva municija i dosadno kritizerstvo.
ФЕЛИКС, 05.10.2011 11:22:39
Текст кој ги дразни ганглиите на шашардисаниве опозициски коментатори.И да не преповторувам ставови само на кратко.Не можат да се судрат два авиона.Едниот е авион другиот е безмоторна едрилица која без помош од страна не може да се одлепи од земја.Значи имаме високолетачки авион и приземјена безмоторна едрилица.Едина шанса за судир имаат ако стават некој мотор во едрилицата,и да се подотера или ремонтира сеедно, па таа да полета.
Коментатор, 05.10.2011 14:08:13
Конечно допре и до главите на СДСМ она што цело време го говорам а што требаше одамна да го сфатат ..општеството или е целосно освоено од Груевски или се наоѓа во сосема нова генерациска, политичка и историска фаза, која наметнува нови правила на игра и бара други профили на политичари кои се на различни страни но се на исто ниво кое овозможува да дојде до продуктивен судир меѓу нив. Тоа е дијагнозата. Еве доказ дека има паметни СДСМовци:-). Со нов лидер, не копија на Груевски, но модерен профил на политичар ќе имате шанса. И ќе биде подобро за сите нас кои ќе имаме повеќе избор за кого да гласаме. Инаку со СДСМ во сегашниот безизлез губиме сите во МК. Ова искрено го велам иако сега како и многу други ја подржувам програмата на партијата на власт. Одлично за сите нас што ВМРО ја подигна лествицата по која граѓаните ја оценуваат владата и никоја друга нова влада не ќе може веќе да џабалебари затоа што народот веднаш ќе споредува со активностите на сегашнава млада и модерна влада.
gledac, 05.10.2011 15:00:43
Оставка треба да поднесе тој кој владее - Груевски. Неговите постапки ја нарушуваат и узурпираат демократијата. Црвенковски има простор и да мисли и да смисли што е паметно.
Стојан К, 05.10.2011 15:20:24
Која демократија кога имаме режим кој владее со помош на нашите пари. Поткупува, уценува и застрашува и така се одржува на власт. Основна задача на опозицијата е да го спречи ова да го спречи лесниот пристап на оваа власт до народните пари. Без нив тие се никој и ништо. Да беше обратната состојба да тие беа опозиција до сега ќе се растуреа. Да се изнесат на виделина сите коруптивни зделки на оваа власт и да се припрема една голема судница. На тој начин ќе се врати демократијата во Македонија.
vodno, 05.10.2011 15:50:46
Ne e do liderot na opozicijata, do diktatorskiot rezim na dpmne e , nema opozicija sto moze da srusi diktatura. Prikaznite za povlekuvanje na Branko se smesni. Koga UDA i EU ke odlucat da go trgnat Grujo kako tugjman i Milosevic togas ke moze da ima regularni izbori.Dzabe odrabotivas(kines zeleni) na vlasta Felixe.
do Sonja, 05.10.2011 17:03:15
Zosto go sporeduvas Gruevski so poranesnite lideri od nekoi balkanski drzavi.Verojatno mislis na Tugman i Milosevic.Gruevski ne naredi da se napadne nekoja sosedna drzava kako sto Tugman i Milosevic ja napadnaa Bosna.Vakva sporedba te pravi nedokvakana novinarka.So Branko ili bez nego,opozicijata nema da pobeduva,ako ne ja smeni politikata i treba da pocne da se zalaga za odbrana na makedonskite interesi.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 20°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 16°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |