Да се биде геј на просторот на поранешна Југославија
Најдобро е да се биде геј во Словенија, а најтешко, освен во Србија, и во Босна, во Косово, Црна Гора и во Македонија, покажува едноставната анализа на бројот на одржаните паради на гордоста, нападите врз нив и подготвеноста на државата да им овозможи слободно искажување на својата сексуална определба на своите граѓани.
Хомосексуалното определување, кое на просторите на поранешна Југославија беше казнено дело се' до 1977 година, за што можеа да се добијат и до две години затворска казна, во некои делови на Југославија претставуваше казнено дело до осамостојувањето на поранешните републики, па дури и после тоа. Словенија, Хрватска, Црна Гора и покраината Војводина во 1977 г. престанаа да го гледаат хомосексуализмот како казнено дело.
Лани во Словенија, една недела пред Парадата на гордоста, беше нападнат локалот каде што се собираа организаторите, а одговорот на власта откако напаѓачите беа уапсени беше заминувањето на министерката за внатрешни работи во кафулето, каде што испи кафе и со тоа покажа дека власта го поддржува и го штити правото на различност.
На првата хрватска Парада учествуваа околу 300 лица од културниот и јавниот живот, кои ја поддржаа геј-популацијата.
Годинешната Парада во Белград ја покажа одлучноста на државата да ги заштити граѓаните од екстремните групи, па најголемиот број повредени доаѓаат од редовите на полицијата.
Во Босна и Херцеговина беше организиран само фестивал во 2008 година, но наместо една недела, тој траеше само една вечер. За време на ноќта разни екстремистички групи нападнаа најмалку 40 лица.
Во Црна Гора, Македонија и во Косово нема организирани Паради на гордоста.
Словениjа
Паради: од 2001 година редовно се одржани 10 паради;
Насилство: во 2009 беа нападнати организаторите;
Санкции: напаѓачите беа фатени и казнети;
Легислатива: Уставниот суд го укина претходниот закон поради нееднаквоста на геј и класичниот брак; новиот закон предвидува посвојување деца во геј-браковите.
Хрватска
Паради: од 2002 година се одржани 9 паради.
Насилство: во 2007 година напад со молотови коктели, четириесетина напади врз геј-лица; во 2008 година антигеј-парада на националистичка партија;
Санкции: организаторот на нападите отслужи две години затвор;
Легислатива: Закон за спречување на дискриминацијата, Закон за истополови заедници.
Босна и Херцеговина
Паради: ниедна досега; во 2008 организиран геј-фестивал, но по неговото отворање, беше прекинато неговото одржување;
Насилство: екстремистичките групи прогонуваа активисти; повеќе од 40 напади; луѓе беа извлекувани од такси-возила и претепувани;
Санкции: нема;
Легислатива: Закон за спречување на дискриминацијата.
Србиjа
Паради: 2001 и 2010 година
Насилство: 2001 г. полицијата ги пушти напаѓачите врз геј-активистите; 2010 г. имаше околу 200 повредени;
Санкции: 75 лица во притвор;
Легислатива: Закон за спречување на дискриминацијата.
Косово
Паради: ниедна; нема ни иницијатива;
Насилство: присутно, повремено;
Санкции: нема податоци;
Легислатива: Уставот ја штити половата ориентација, но е донесен под закрила на меѓународната заедница.
Црна Гора
Паради: ниедна; не постои организирано движење, туку само неколку групи;
Насилство: присутно, повремено;
Санкции: нема податоци;
Легислатива: дискриминација поради сексуалната определба е забранета;
Македониjа
Паради: ниедна; во 2009 г. е одржан протест за толеранција и еднаквост на кој се појавува и знамето со боите на виножитото;
Насилство: присутно, повремено;
Санкции: нема податоци;
Легислатива: спорен Закон за спречување на дискриминацијата во кој е изоставена заштитата на геј заедницата.
Зошто велите геј, тоа е изведено од англискиот гај-(човек), геј - малку подруго за една буква од гај - човек. Зошто не велите педер по фран��уски, како што постои од дамни времиња. Некои чудни преводи.
Од: jovan
Датум: 13.10.2010 13:47:11
Pa promeni ima, veke gore dole narodot ne im se mesa vo nivnata seksualna orjentacija. No so sila da ni se nametnuvaat i da ni paradiraat pred nos, e toa na Balkanov nema da projde, ne samo sega nego nikogas.
Од: petre-1
Датум: 13.10.2010 14:03:41
Јас не разбирам англиски и прашав што е тоа геј. Ми рекоа дека тоа е педер. Е па ако имаме македонски збор, зошто треба да употребуваме англиски. Им препорачувам на македонските новинари да го почититуваат македонскиот јазик и да не употреребуваат странски зборови кога имаме наши. Педер е разбирливо за секого.
Од: Оф.леле
Датум: 13.10.2010 14:44:54
Педер не е ниту француски,ниту македонски збор,туку грчки!Педер не е исто што и геј!Педерастија е склоност за односи со деца!
Од: vladimir
Датум: 13.10.2010 14:51:57
Nikoj ne im brani da bidat pederi , no zasto ima toa javno da go pokazuvaat i da paradiraat? toa e nametnuvanje oni prvo ne ne postuvaaat nas heterosexulacite so takvoto ponasanje,ja vo grad gi gledam polno nikad im nemam zamereno ali takvi paradi toa e veke nametnuvanje !
Од: Bafomet Sekularski Manchevsky-dragon Fly
Датум: 13.10.2010 15:09:55
Педер или Геј или Еееј! Исто ти се фаќа. А што се однесува до парадрањето, секој треба да може да си парадира колку сака! Во Македонија, Косово, Албанија, Србија има повеќе од 30% популација која штое е ’’геј “ - ако сакате и овие хулигански групи треба да си се тргнат и да ги пуштат - педерашиве да си парадираат! Затоа што педери има многу и тоа во онаа коџамити мачо-хулиганска средина!
Од: dimitrius
Датум: 13.10.2010 15:26:35
ГЕЈ не е произлезено од англиското GUY (човек, дечко), туку од англиското GAY (весел, среќен). педер не знам од кој јазик е али у секој случај мислам дека е интерпретирано како навредливо. хомо би бил најкраток и најприроден збор. како и да е, не ја гледам причината за парада, ако си хомо си хомо, твоја работа. што ке постигнеш со парада?
Од: Komentator
Датум: 13.10.2010 15:37:30
Neznam zosto bilo tesko vo Makedonija da se bide gej...ajde peder porazbirlivo...?? TOj sto na toa se "nafatil" negov problem..a ne moj..ili na nas sto sme prirodni...Kakva glupost napravija vo Belgrad napadajki ja taa "parada" i im dadova nekoa vaznost..Koj saka neka paradira..neka sam se pravi smesen..zosto jas gi priznavam samo prirodnite zakoni ..uste sto godini ne ke mozam da ja razberam taa devijantna pojava ...Ete primer dvajca mazi Zaljubeni...a eden od niv oblecen vo zensko ubavo stokmen kako manekenka ..pa neli ispaga deka pak onoj drugiot pak se pali na zensko...koga partnerot mu se vitka kako orjent tancerka ...I sto e najstrasno ovaa devijacija postoi samo kaj covekot ..zivotnite se sekako pozdravi vo svojot priroden IZBOR na sexot...!!
Од: Holandija
Датум: 13.10.2010 20:37:22
Imam 3 komentari:
prv koentar do Silvester. Sidnej: ne znam dali si od Sidney megutopa ako si - togas bi trebalo da znaes deka GAY ne e izveden zbor od GUY! GAY znaci sreken. i mislam deka ti bi trebalo da go znaes toa , normalno ako go zboruvas Angliskiot jazik ili seuste ne si go naucil
vtor komentar: do Komentator - a da procitas literatura ili vesti na internet malku pa da vidis deka Homoseksualnosta ne e samo kaj lugeto tuku se javuva i kaj zivotnite ! a toa deka ti si bil priroden a gay lugeto ne se prirodni - a ti toa posebno ispituvanje si napravil da dokazes deka ti si priroden ? ili deka ne si devijanten ? ne velam deka si megutoa dali e ili ne e - bas im e gajle na gay lugeto. ednostavno taa tvoa prosta teorija cuvaj si ja za tebe.
i ednostavno - site prethodni zemji od YU imaat zakon za diskriminacija id seksualna orientacija a ednostavno makedonija nema. megutoa znaat deka bez takov zakon nema vo EU! a ako sakate vo EU - togas ke igrate kako EU sviri!