Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Онлајн вести
Втора страница
23.08.2011, 17:44

Попоски го топи мразот со Софија

Бугарија втора станица од балканската турнеја
на министерот

Слободанка Јовановска


Додека новите министри од ДУИ се фрлија на унапредување на односите со Албанија и со Косово, шефот на дипломатијата, Никола Попоски, тргнува на балканска турнеја низ словенскиот блок.

Првата земја во која ќе се претстави во новата функција ќе биде Хрватска, а потоа на 1 септември ќе замине во Бугарија, па во Србија и во Црна Гора. За разлика од ексминистерот Антонио Милошоски, кој не можеше да си дозволи да го почне мандатот со престој во Софија, Попоски, кој доаѓа од Брисел, нема таков проблем и потреба првата средба да му биде во Европската унија.

Ќе го стопи ли новиот шеф на дипломатијата мразот што владее веќе две години во односите со Бугарија, откако нивниот европски ориентиран министер, Николај Младенов, исто така, дојден од Брисел, понуди договор за пријателство и добрососедство меѓу двете земји што никој веќе не смее да го извади од фиока?

Извори од Министерството за надворешни работи ја најавуваа посетата на Попоски на Софија како официјална, со цел „да му се даде големо значење на развојот на билатералните односи со оваа соседна земја“.

Договорено е со Младенов да се потпише меморандум за соработка во европските и во евроатлантските интеграции, но нема нови информации околу понудениот договор за пријателство.

„Одамна доставивме сугестии и очекуваме одговор околу нив, но практично веќе го спроведуваме духот на пријателство и разбирање“, соопштија од МНР. По се' изгледа намерата е договорот, кој медиумите во Македонија го нарекоа „непристоен“, да се заборави, а прифатливите делови од него да почнат неофицијално да се применуваат во интерес на двете земји. Генерално, од триесетина точки, четири беа неприфатливи за Македонија: За говорот на омразата и за воените споменици МНР побара реципроцитетни мерки од Софија, а додаде и дополнително барање во однос на почитувањето на правата на малцинствата. Останаа како спорни заедничкото славење и толкувањето на историјата.

Инаку, Договорот за пријателство и соработка на премиерот Никола Груевски му го предложи премиерот Бојко Борисов уште во ноември 2009 година. Македонија по неколку месеци молк одговори со реципрочните барања, кои, иако јавно не се коментираа, без сомнение не и' се допаднаа на бугарската страна. Оттогаш таа не го спомна, а во една пригода и ретерираше, во смисла дека пријателства не се прават со договори, туку со добра волја. Со оглед на тајмингот, договорот кај нас беше дочекан како обид на Софија да ја условува Македонија во ЕУ околу датумот за преговори, но кога се виде колку тие (не) ни се важни и колку (не) сме подготвени да го решиме спорот со името за прием во Унијата, во Софија прагматично кренаа раце.

Но, тоа ги влоши односите меѓу двете држави, па ако се исклучи посетата на ексминистерот Антонио Милошоски по несреќата со бугарските туристи во Охрид, единствена посета беше онаа на министерот Николај Младенов во мај лани на Скопје и на заменик-министерот Зоран Петров претходно на Софија.

Во меѓувреме се случи пописот во Бугарија на кој Македонците не можеа да се изјаснат, препукувањата околу Спаска Митрева и поставувањето на споменикот на цар Самоил, потег што во Софија се толкуваше како крадење на бугарската историја. Паралелно Македонија остана и без бугарски амбасадор, поради ловењето соработници на тајните служби во таа земја, при што очекувањата се дека, поради одбивањето на бугарскиот претседател да го потпише неговото повлекувањ��, можно е уште долго да го нема. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 7830 пати.

Испрати коментар



Вербатим
Што има на Водно?
Хајка против Меркел поради Македонија
Цаноски и неговите пратеници бојкотираа



jovan, 24.08.2011 00:18:32
Prijatelstvoto e suptilna bilka koja bara megusebna doverba,pocituvanje i postojanost.Nas toa ne ni e bas jaka strana vo odnos so sosedive.So nekoj duri i e rizicno da bides prijatel,bidejki nekoj od ovie nasi sosedi koj sekojdnevno ni nudat prijatelstvo i izigravaat najgolemi nasi prijateli,doslovno sekojdnevno rabotat na toa da ne snema.Na prijatelstvo mozeme da smetame isklucivo samo so samite sebe ovde i po svetot kade sto ne ima.Prijatelstvo megu drzavi nema.Ima samo sojuz i interes.Najmnogu interes.Treba da sorabotuvame so site,no da si gledame za sebe i sopstvenite interesi.Da ne se zalazuvame so nekakvi si detski prikaski za prijatelstva.Pogotovo so nasive sosedi.
nekoj, 24.08.2011 00:26:28
Kako ja razbiraat makedoncita diplomatijata? Sekoj sto ima diploma, moze da bide diplomat :D Duri i od tie livadskite fakulteti. Iskustvo ne e potrebno, neli stom se ima diploma se se znae i umee! Kolku poveke diplomi ima tolku pogolem diplomat! :D Koj ne esapi za seriozna drzava ajde kazete...
BgMak, 24.08.2011 00:57:26
Ми се чини дека веќе не е старото време до 2008, кога Македонија беше на влезот на НАТО со преспектива за ЕУ. Тогаш Бугарија брзаше да се согласи барем на малку, за да не остане ептен без ништо. Денес Македонија остана надвор од НАТО. За ЕУ перспектива нема jaсна. Грција веќе не е фактор. Србија беше на добар пат, додека не си отвори стариот проблем со Косово. ЕУ гради Шенгенски, демек Берлинскиот ѕид меѓу Бугарија (која се јавува надворешна ЕУ-граница) и Турција. И еве, Бугарската политика мај се промени. Новиот курс чини ми се е за борба до последно - до целосното уништување на Македонизмот. Ако оваа состоjба се зачува, догововор за приjaтелство нема да има.
Od Zapad, 24.08.2011 01:32:10
Bravo Poposki. Vreme, krajno vreme e Makedonija da izleze od izolacijata vo koja se poveke tone. Bulgarija e najpogodnata drzava so koja imame bratski vrski bez razlika na neznajkovcite kolku ke laat po Vas. A onie od dui sto sakale odnosi so Kosovo i Alvanija tie se slobodni, neka imaat odnosi kolku sto sakat. I taka i taka se paralelni vo drzavata.
make, 24.08.2011 02:15:59
Каков реципроцитет за военините споменици? Бугарија и Македонија никогаш не војувале меѓу себе. Бугарите се изврши инвазија на Србија и Грција. И затоа тие имаат воени споменици тука. Кои воени споменици имаме ние таму?
dedo dimo, 24.08.2011 02:55:28
Jas ne gi narekuvam Bugarite slavjani .Tie se TATARI.Edna vrska kaj niv so nas shto skoro polovina od Bugarite se Makedonsko poteklo .Ako Bugarite bea nashi dobri sosedi ,koga Makedonija postana ne zavisna drzava, tie trebashe da ni go vratat Pirinskiot del koj im beshe poklonet vo 1913godina.
Loso sosedstvo ili pak...?, 24.08.2011 05:56:57
Sepak nesto me zbunuva. Kako toa nie so site sosedi imame nekoi problemi.? Dali e do nas ili e do niv?Dobro sosedstvo se gradi so razbiranje , dogovaranje. i gradenje na dobri odnosi. , a ne so gradenje na iritativni spomenici, pisuvanje na iritativni tekstovi ,izvrtuvanje na istoriski fakti pa i falsifikati na istite, i mesanje vo vnatresnite raboti na sosedite.
pameten, 24.08.2011 06:53:31
Ima golema potrebnost od dogovor za prijatelstvo i strateshko partnerstvo so Bugarija. Obie strani mora da prifatat realnostite. Sv. Kliment i Sv, Naum bile Bugarski sluzhbenici, Carot Samoil bil Bugarski car, Skopjninot Konstantin Tih bi izbran za Bugarski car vo 1254, Krchovski i Pejchinovich nareduvale svojot jazik Bugarski, Miladinovci sobirale Bugarski narodni pesni, obichni ljuge pod Tursko masovno se izborele za Bugarski crki i uchilishta... Bugarite mora da prifatat deneshniot poseben Makedonski narod. Makedonci vo Bugarija i Bugari vo Makedonija ochigledno postojat. Mora da se stavi kraj na represii kako taa vrs Spaska Mitrova. No mora da se sfati deka tie ne se etnichki malcinstva, toku ljugje koi shto se razlikuvat od mnozinstvata samo po svoite stavovi . Koga pochneme da slavime zaedno so Bugarija ovo shto ne povrzuva, Grcija brgu kje go promeni odnosot kon Makedonija!!!
За добрососедски относи, 24.08.2011 07:03:48
"Во меѓувреме се случи пописот во Бугарија на кој Македонците не можеа да се изјаснат,..."Глупаво е да се мисли дека во 21 век може да се спречи некој да се се изјасни. Штом и во најоддалечените области, како Добрич, има снимени луѓе како Македонци, значи не е проблем. А ако на некој бројот 511 (другите до 1609 се Македонци со двојно државјанство, тоа се луѓе од Вардарска Македонија кои живеат или студираат во Бугарија) му пречи, значи не сака прифати реалноста таква каква што е.
Стерјо, 24.08.2011 07:51:33
Не им верувајте на Бугарите дури и кога спијат. Исто како и на Грците. Историјата тоа го кажала и докажала тоа, не јас. Првите сеуште неможат да се ослободат од Санстефанскиот виртуелен сон за голема Бугарија непризнавајки ги Македонците како посебен народ и вторите, кои жестоко сакаат да се ослободат од баластот наречен Македонија-Македонец (грабежот) на негрчки територии на Букурешкиот мировен договор.
toni, 24.08.2011 08:40:25
mr.bean odi za amerika!?
Мразокршачот, 24.08.2011 08:40:47
За потпала на огнот, за топење на мразот, ќе биде негувањето на гробовите на Бугарските ослободители.
VP, 24.08.2011 08:51:28
Каде е текло пак ќе тече – кажуваше Ванѓа - само да не е против течението. Всушност не се разбра каков беше овој договор - Но неговото неприфаќање нема како да не минимизира односите меѓу двете држави. Ако медиумите очекуваат од министерот да има мисли за пописи, хуманитарни прашања, споменици итн при посетата во Бугарија - значи тоа така и ќе биде. Ако Софија го очекува со истото - историја, одбележување на годишнини и тн – има ли воопшто смисла од средба? Односите меѓу земјите зависат пред се од односите меѓу елитата, од средината во медиумите. Очигледно елитите во двете држави немаат соодветни контакти - не се познаваат - не знаат што мислат едни за други - и мислат тоа што им сугестираат медиумите. А за говорот и сугестиите во медиумите нема што и да се зборува. Подобро е да се правиме дека не нема, дека не сме соседи и тн - Растојанието меѓу Софија и Скопје е многу повеќе од 200 километри и како да станува се повеќе ... при секоја нова влада во Македонија или Бугарија.
bezanec, 24.08.2011 09:12:34
Ако се има во предвид минатото односно историјата,со бугарите само со реципротитет,друго не доаѓа во предвид ако на вмро-дпмне не му е врзан папокот за болгарија.
Do dedodimo, 24.08.2011 09:29:56
OkDedo Dimo, shto mislish, deka tie " blizu polovina" Bugari so koreni od Makedonija nekako se razlikuvat od "Tatarite"? Ili se osekjat malcinstvo? Antibugarizmot pravi bash od niv neprijateli na Makedonija. Na ostanatite ne im e gajle!
Gargamel do, 24.08.2011 09:33:52
Na mala vrata piknata teorija deka sme isto "kato s*što"."Ne dej se" blamiraj sotakvo kukavičko jajce.Bugarija i bugarite vo istorijata sekogaš bile na stranata na momentalno posilniot,se zaradi interesot za sozdavanje na golema Bugarija."Podatocite" koi gi pišuvaš se zamajuvanje,iskrivena slika,ostatoci na prevrtliviot,za niski interesi istrasti,profil i karakter.No za toa tolku.Na noviot ambasador Poposki mu posakuvam uspešno vklučuvanje vo diplomatijata i "odlepuvanje" od zastarenite ohridski stereotipi na b*lgarštinata,na dolgovite kon komšijata Protuger.Diplomatijata e nauka,dobles,talent,oddadenost i posvetenost kon tatkovinata,ovaa naša,po mesto na ragjanje,rodinata ni.Pa so sreka i beriket,ne samo po Balkanot.
Tust, 24.08.2011 09:48:42
Зошто упорно не’ убедувате дека Македонците не можеле да се изјаснат на пописот во Бугарија?!? Македонската нација е создадена од Коминтерната во 1946 година. Ние овде во МК можеме прагматично (преку делата на Крсте Мисирков) да си влечеме корени од 1900-та година. Во Бугарија идејата за македонизирање на населението во Пиринска Македонија одамна е напуштена и не гледам зошто некој би наоѓал за сходно да се декларира како Македонец, кога претците му припаѓаат на 13-вековната бугарска нација. Ова, се разбира, не важи за Стојко Стојков и 5-600 луѓе околу него, кои се’ уште примаат српски пари за да шират небулози.
Коста Стоименовски, 24.08.2011 10:07:55
Турскиот МНР Даватоглу односите со соседеите ги стави како исклучителен приоритет на турската надворешна политика! Поранешниот мак. МНР Милошоски, пак, целосно ги запостави односите и соработката со нашите соседи! Приоритет на Милошоски му беше семејството, што тој и не го прикрива, така што неговите патувања во странство најчесто беа дестинациите во близина на неговото семејство во Германија! Тој државните интереси ги подредуваше на своиет лични интереси и потреби! Определбата на новиот мак. МНР Попоски да им даде приоритет на соседните земји е сосема на место!
Брсјак, 24.08.2011 11:30:42
Ако тоа што го нудат Бугарите е Договор за Пријателство , тогаш Антимос од Солун ни е најдобар пријател.
Kiki, 24.08.2011 11:45:48
Pa sto ako doafgja od Brisel koga tamu mnogu malku lugje go znaaz a i tie sto go znaat za nego nemaat visoko mislenje. Negovoto nedoagjanje vo Brisel ke da e so drugi motivi a ne ovie nevedeni vo tekstot. Em e tapa coekot em vo Brisel ne go sakaat em EU e na posledna dupka na mak svirka, a svirki vo Mk kolku da sakas, pocnuvajki od ovoj "lepotan"
Obedineta Makedonska Dijaspora, 24.08.2011 12:27:49
Mnogu pati e objasneto i kaj nas i vo svetskata nauchna literatura deka samo preku Megunarodniot sud mozhe da se reshi problem so Imeto. Toj se reshava so baranje stav od MSP za legalitet na referencata i pregovorite za imeto. Potoa, deluva G.Sobranie na ON i menuva referencata PJRM vo ustavnoto ime! Samo za nashive nee jasno deka nepostoi politichko reshenie preku pregovori.Sekoja Strategija za Imeto koja ne vklucuva sudska razvrska pred Megunarodniot sud vo Hag e krajno amaterska, neozbilna i utopisticka! Kako zaklucuvame, treba ocigledno da primenime veke videno srpskoto scenario (vo slucaj so Kosovo): 1. akcija vo Generalnoto sobranie na OON za dobivanje Sovetodavnoto mislenje od MSP za legalitet na dopolnnitelnite uslovi nadvor od Povelbata na OON; 2. pravno deluvanje vo Megunarodniot sud za pravda za dobivanje Sovetodavnoto mislenje za zakonitosta na ovie uslovi (1.referencata i 2. pregovorite). Preispituvanje, pravno, treba da sodrzi prashanje za procenka na legalitet na dopolni
Tони Милошески, 24.08.2011 12:31:17
Со голо око се гледа дека со секој поминат ден Македонија брзо се претвора во секој поглед во Северна Кореја на Балканот - било тоа по мизерија на населението, било тоа по авторитарните режими,кои што владеат во тие две земjи, било во поглед на меѓународната изолација-сите странски политичари и дипломати сметаат за бесмислено да ја посетат Македонија. Тука од 2006 натаму доаѓаат само третиот помошник на петтиот заменик државен секретар на САД или некоj заблуден портпарол. На пример за две години Б. Борисов има најмалку по две разменети посети со секоја соседна земја, но не и тука - тоа не може да не значи пак ништо. Сега за да биде сличноста со Северна Кореја стопроцентова, треба само на роденденот на Ники Груевски - лидерот на ДПМНЕ (не ВМРО-таа никогаш не била удбашки чирак), да цветаат низ целата земja во портокалов цвет сите дрвја и цвеќиња, како што е при Ким Ил Сунг и Ким Џонг Ил.
до Стерјо, 24.08.2011 13:38:10
"Исто како и на Грците" : Стерјо - гр. stereos – „ здрав"
abdula-turk, 24.08.2011 14:01:52
Odnosite na RM-se losi osobeno so Bugarija i Grcija,severniot sosed e preokupiran so problemite okolu Kosovo dodeke Albanija igra dvolicna uloga. Mislam deka Bugarija ne igra golema uloga vo NATO i se znae deka Bugarija stalno vodi politika od kaj sto duva veterot.Makedonija so vlezot vo NATO i EU nema da ima problemi bidejki kaj nas tradicionalno na eden visok i profesionalen demokratski nacin im se dadeni pravata na site multietnicki zednici,dodeka toa nee storeno vo sosedna Bugarija i Grcija.Tokmu trgnuvajki od ovaa tocka bug.i grc.ke se soocaat so problemi vo ponatamosnata integracija vo familijata na Evropskata unija. Sto se odnesuva do NATO-veke RM ucestvuva vo mirovnite akcii na NATO na sekade kade sto e potrebno ne zavisno od Grcija i Bugarija bidejki ovie dva soseda ne se tolku interesni za NATO vo sporedba so TURCIJA.Problemite so GRC-i BUG.ne se novi nego imaat istoriski koreni koji treba ednas za sekogas da se nadminaat so dogovor i da se olesni politikata na BALKANOT.
Народе Македонски...разбуди се!, 24.08.2011 15:26:49
Едно чудо коментатори ледно се по задача од Бугаска интересна зона. Од јазикот со кој што се служат исто се гледа дека има и Бугари ( Македонци) од Бугарија кои упорно читаат и следат се што се пишува во Македонија. Кампањат на МПО-вските структури трае и се интензивира додека во исто време се сузбива се што е Македонско дури и од страна на Владата и владините служби на Македонија. Што сакаме повеќе да ни се случи? Ќе чекаме ли ДА НЕ НЕ МА па да ПРАВИМЕ ВОСТАНИЈА како во време турско или пак да правиме ГЕМИЏИЛАК за да каѓеме дека не има? ДОСТА беше!
nacional-patriot, 24.08.2011 16:17:53
Makedonskite golemci sv.Naum ,sv.Kliment ne sluzbuvale za nekakva "bugarstina",car Samuil bil makedonski kral i se poveke istoricari od nadvor doagjaat do soznanija za toa.Tocno e toa deka "Bugarite"vo,Makedonija ne se etnicko malcinstvo,tuku etnicki Makedonci,a Makedoncite vo Pirinsko se sekako etnicka zaednica.Kominternata uste koga ne bila formirana Makedoncite postoele.Od antikata,pa sredniot vek,kade sto od sredniot vek ima i zapisi od vremeto na car Dusan kade sto Makedoncite i togas bile oznacuvani za etnicki narod.Potoa od 17 vek ima dokumenti kade sto pisuva za Makedoncite deka se etnicki narod so makedonski jazik.No takanarecenite Bugari se formirale na pocetokot na 19 vek i nivniot jazik formiran od ruski lingvisti,kako sto i drzavata sto ja narekoa Bugarija formirana so pomos od Rusija.Znaci za takanarecenite Bugari moze da se rece deka se vestacki narod.
George, 24.08.2011 19:37:50
Не од вчера, туку веќе дваесет години ги следам нашите источни соседи (како и јужните се разбира), а тие си вртат се една и иста работа, демек отприлика како што пишува паметен. Меѓутоа, кога ќе зборуваш лице во лице или кога ќе ги прашаш да запеат македонска песна, освен 'Македонско девојче' (дословно речено) не знаат ништо. Со еден збор, го знаат за нас само она што сел свет го знае и ја 'верглаат' својата приказна. Е сега, ајде да бидеме фраери и речеме, дека не сме само добри соседи или братучеди, туку сме 'браќа' (простете ми за ПРЕТПОСТАВКАВА). Зошто тогаш не рекоа браќа наши, ајде сега еве ви ја Пиринска Македонија, зошто не ја отворија границата, зошто не застанаа на наша страна во 'битката' со јужниот сосед? Зошто? ДА ви кажам? Затоа што не само што не сме никакви браќа, туку и си го гледаат г*з*т свој. Е па, добри наши соседи, и ние си го правиме истото и нормално ви посакуваме се најдобро како наши добри соседи.
23.08.2011, 17:56

Насловна

29.03.2010, 15:02

21.09.2010, 14:57







„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 8°C

Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (29)
Јованка се обидува да го дискредитира Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Во пет вечери, од 19 до 23 октомври, со полноќна програма, на Џез-фестивалот гостуваат значајни имиња од САД, Јужна Амер...
Глупоста и глупирањето станаа ценета форма на живеење
Инаетот ми е голем и нема лесно да им го отстапам местото на медиокритетите“, вели Кокан Димушевски, композитор, клавија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Онлајн вести |