Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
17.10.2012, 17:59

„Јади бурек“ на ТВ-екраните од 22 октомври

Јанко Илковски, ТВ-водител, најавува старт на Сител 3

Катерина Шекеровска

Јанко, одамна Ве нема во ТВ-етерот. Се појавија разни шпекулации, конечно, што е вистина, што се случува со емисијата „Јади бурек“?

- По четири години, дојде време за промени, иако сум човек кој сака да пушти корени и да се закопа на едно место и да гради на долги патеки, но условите не овозможуваат секогаш да продолжиш дури и во рудиментирана форма соработка.

Кога ја напуштив мојата претходна телевизија, немав ништо договорено каде ќе одам и кога, конечно, го направив чекорот и истапив, како да почувствував едно огромно олеснување. Жалам што сум носел бреме кое не сум го ни чувствувал, но очигледно дека одлуката ми беше на место. Всушност, и немав многу избор, при економската криза прво страдаат медиумите, а излегуваат последни, а кај малите медиуми тоа жестоко се чувствува. Затоа причините за моето напуштање беа и субјективни, но, пред се', објективни.

Како се случи изборот да падне токму на Сител 3?

- Стартот на емисијата е закажан за 22 октомври на Сител 3, од 22 до 24 часот, секој ден од понеделник до петок. Логиката на нештата ми говореше дека треба да одам на голема ТВ, но знам дека не сум за меинстримот. Мојата емисија да се појави на некоја од главните национални канали би била премногу проблематична, што е кажано, како е кажано, а јас сакам, т.е. ми треба слобода за импровизација, малку исчашен агол на работите. Сител 3 ми беше најдобро можно решение, тамам ги фатив во од затоа што телевизијата сака да го развие овој канал и јас им дојдов како одлично засилување на програмата, а мене ми беше забавно, во буквална смисла, затоа што е канал на кој нема турски серии, но затоа го има Бени Хил. Видете, секогаш се повикувам на „Монти Пајтон“ кога сакам да ја објаснам инспирацијата за мојот концепт на работа, но да не се лажеме, премногу аспекти на Бени се во мене, ха, ха, ха!

Почетокот се одолжи, одамна се чека на стартот на новата сезона на „Јади бурек“. Зошто?

- Стартот се одолжи, но изгледа така работат големите телевизии, баш како мамути, додека ги мрднеш... Но, кога тркалцата ќе фатат замаец, е тогаш нема запирање. Еве веќе сме во подготовки, деновиве се мести опремата и се почнува со суви проби затоа што емисијата има многу, премногу варијабли во реализацијата на кои мора да се внимава. Колку и да им изгледа едноставна, „Јади бурек“ не е воопшто лесна за реализација, особено додека се постави.

Ќе има ли концепциски промени во емисијата?

- Концептот останува ист, презентирање на дневниот печат, потоа јавувања во живо од гледачите, користење и вклучување или интервјуа преку скајп за гледачи, но и познати фаци, новинари, дописници, интервјуа, тет-а-тет, бидејќи не сум љубител на дебати, не трпам кога луѓе се „глодаат“ меѓу себе, останувам на она дека секој има добра страна која заслужува да се презентира, заедно со неговите ставови. Редовен преглед на содржини и настани што се актуелни на социјалните мрежи и видеоканали. Генерално, како што беше и досега, немам намера да го менувам концептот, затоа што и самиот концепт е создаден во од, со години, едноставно еволуирал, затоа мислам дека е подобро така да дојдат промените одошто да ги наметнувам. Зошто? Па јас сум таков табиет, многу сум упорен во работата, затоа повторно ќе бидам присутен секоја вечер, но се' што работам сакам и го ставам на увид и одобрување на јавноста, бидејќи искрено го ценам нивното мислење, а тоа ми помага да ја развијам емисијата токму така за да им се допадне на најширок слој гледачи.


Статијата е прочитана 5985 пати.

Испрати коментар



Што јадев вчера - Влатко Лозаноски, пејач
Вкусни, лесни и евтини
Викторија Бекам во куќата на Коко Шанел
Моден викенд - Скопје 2012 - Пластичен свет со фолклор-вибрациите на Александра Митковска
Што прават
Се работи турбо, се подготвува „Дон Кихот“
На лош глас поради бившиот сопруг
Се жени скокачот од вселената
Порноактерка амбасадорка на културата на Аргентина



Ne stvarajte zabuna, 18.10.2012 03:50:01
Нема деФ од тебе, али ако...потаму си на Сител 3, и така никој не ја гледа!
Tane Metodi Trajkoski - Tancho, vlashanski bitolchanec od Toronto, Kanada, 18.10.2012 04:33:00
Povtorno dva chasa zabava so emisijata Jadi burek, emisija koja edinstveno pravi kontakt so pomosh na najdobrata vo momentov konekcija skype, osobeno so nas gledachite koi se javuvame od dijasporata. Srekno!
м и л ч о, 18.10.2012 07:41:51
dovolno e covek ednas da gleda i svati -- prost voditel ,koi mze da ima samo proisti gosti i prosta publika ,, a sega se nadovrza i televizijata,, pa taka i se naogaat lugeto
Pero, 18.10.2012 12:57:37
SSto smessna emisija, bozze, bozze, toj ccita vesnici, aaajjjdddeeeeeeee de, kakva jaka rabota!
nato-jato, 18.10.2012 20:14:16
Kakva vest lelee kako izdrzavme bez Janko do sega ne znam ???

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)
Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |