Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
19.06.2012, 17:50

Црвенковски од „Козјак“ го поздрави Груевски

Лидерот на СДСМ одржа теренска прес-конференција, на која пристигна со автобус, промовирајќи нов стил

Во паузата меѓу два протестни митинга, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, промовираше нов стил во битката со политичкиот противник. Како одговор на кампањата што ја води владејачката партија против него, односно за неговата улога во транзицијата, тој одржа вчера прес-конференција кај браната на Хидроелектраната „Козјак“ за, како што рече, јавноста на самото место да се увери што се градело во времето на СДСМ.

Црвенковски за оваа пригода го остави дома костумот и пред камерите се појави во лежерна облека. На браната допатува со автобус, заедно со претставниците на медиумите и со дел од своите сопартијци и соработници.

„Во изминатите денови, една од клучните теми што се наметнаа е - што се градело некогаш, што се гради сега, на што се трошеле народните пари некогаш, на што се трошат денес. Сакавме на самото место да се уверите што се градело во времето на СДСМ“, рече Црвенковски, покажувајќи кон хидроелектраната, за која рече дека годишно носи профит од 15 милиони евра.

Изградбата на хидроелектраната „Козјак“ почнала во 1994 година, кога Црвенковски беше премиер, продолжи за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Љупчо Георгиевски, а финиширала во 2005, кога социјалдемократите повторно беа на власт. Поранешниот премиер рече вчера дека „Козјак“ е најголемиот енергетски објект изграден во периодот на независна Македонија и дека вкупната инвестиција чинела 173 милиони долари.

Тој се потсети дека изградбата почнала во исклучително тешки околности, во период кога ни беа затворени две граници, кон Србија, поради санкциите, а на југ поради грчкото ембарго.

„Навистина, во наше време не се градеа споменици и триумфални капии, не се инвестираше во скапи огради или жални врби, но се инвестираше во објекти кои ги враќаат парите и од кои ќе имаат корист и наредните генерации“, рече Црвенковски, забележувајќи дека во изминатите шест години не се направило ништо во енергетскиот сектор во Македонија.

Тој рече дека во програмата на СДСМ приоритетно место заземаат инвестициите во енергетиката и, генерално, во инфраструктурата, како и гасификацијата, на кои, како што наведе, ќе почнело да се работи во првиот момент по смената на власта.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа брзо, со тврдења дека Црвенковски ја одолжувал изградбата на „Козјак“ и дека се кител со туѓи перја. Според Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, околу 70 проценти од средствата кои биле инвестирани и работите кои биле завршени околу браната „Козјак“ се за време на мандати на владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Со писмена реакција контра СДСМ се јави и ЕЛЕМ, од каде што, со политички речник, го нападнаа Црвенковски дека манипулирал со фактите и дека ја дезинформирал јавноста за партиски цели. И од ЕЛЕМ рекоа дека над 70 отсто од инвестициите биле реализирани во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и најважните и најтешки зафати. Според ЕЛЕМ, изградбата на ХЕ „Козјак“ започнала во 1996 година со неповолно кредитно задолжување во висина

од 93 милиони американски долари со камата

од над 8 отсто. (А.М.М.)


Статијата е прочитана 1840 пати.

Испрати коментар



Иванов не избра советник за јавноста
МРТВ лани потрошила 12,5 милиони евра
СРД бара регистар на јавните функционери
Иванов
И Атина се зарази од антиквизацијата
Воскопулос
Немирно во „домот“ на Поповска?
Врховниот суд и' го одзеде детето на Спаска Митрова
Борисов најавува строг однос кон Македонија
И Грците се Словени
Учи многу за да станеш член на партијата



девичанецот, 20.06.2012 07:54:11
Сега на ред е пензионерот да се искачи на еден од столбовите кај Велешко езеро и да одржи говор како уште за Олимпијадата во Атина го изгради автопатот до Битола, што само тој може да го види. А можеби уште повисоко е да се искачи на еден од столбовите на пругата за Крива Паланка, којашто ја изгради дури пред предвидениот рок. По која логика, еквилибристот мисли дека народот уште му верува?
Branko, 20.06.2012 17:23:24
A 250.000.000 evra so kamata od 6.7% za konji, vrbi i razni gluposti e povolno zadolzuvanje?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Недела
Локални грмотевици со дожд
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |