19.06.2012, 17:54 СРД бара регистар на јавните функционери
Да се ��ормира регистар со имиња и презимиња на сите носители на јавни функции, побара Советот за радиодифузија. За водење и ажурирање на документот ќе биде задолжена Антикорупциската комисија. Од СРД напоменуваат дека ова е уште еден обид за доследно почитување на Законот, според кој, јавните функционери и нивното семејство не можат да бидат сопственици или косопственици на медиуми.
„Во тој регистар би биле опфатени не само функционерите, кои се избрани на локалните, парламентарните или претседателските избори, туку и сите функционери, кои ги избираат други државни органи, како на пример Судски совет, Совет на јавни обвинители, единиците на локалната самоуправа и други“, вели Зоран Трајчевски, претседател на СРД.
Од Советот ќе испитуваат дали има интерес во јавноста за добивање слободна фреквенција за уште една национална телевизија. Во меѓувреме, упатено им е последно предупредување на 58 трговски радиодифузни друштва, кои мораат веднаш да го платат заостанатиот долг кон Советот или ќе останат без дозволи. (П.Р.) |