06.02.2013, 16:54 Село Драчево ќе добие нова градинка
Завршија градежните работи за реконструкција, преадаптација и доградба на градинката „Ѕуница“, која се наоѓа во состав на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Драчево. Новата градинка која ќе биде под управа на ЈДГ „8 Март“ ќе згрижи околу 90 деца во една група во јасли и во две воспитни групи деца на возраст од 3 до 5 години. Објектот ќе биде предаден во употреба следната недела.
Средствата за реконструкција во целост се обезбедени од буџетот на Општина Кисела Вода, а внатрешното опремување со мебел, дидактика и друга опрема се реализира со заеднички средства на Општината и на ЈДГ „8 Март“. (С.Р.)
|