15.07.2012, 18:54 Македонија повторно ќе извезува автобуси
Груевски најави дека белгиската компанија за производство на автобуси „Ванхол“ до крајот на следната недела ќе почне со изградбата на фабрика во земјава
Белгиската компанија за производство на автобуси „Ванхол“ до крајот на следната недела ќе почне со изградбата на сопствена фабрика во Македонија. Со оваа инвестиција премиерот Никола Груевски најави дека ќе се отворат 400 нови работни места и ќе го зголеми македонскиот извоз за 100 милиони евра.
„Македонија повторно ќе стане извозник на автобуси. Првата тура која ’Ванхол’ ја има веќе потпишано е за Америка, односно првите 500 автобуси кои ќе се произведат ќе одат за американскиот пазар и ќе бидат производ од Република Македонија“, изјави Груевски по промоцијата на нови книги во читалницата „1.000 книги“ во Градскиот трговски центар.
Според него, добро е тоа што Македонија порано имаше традиција во производството на автобуси така што белгиската компанија ќе може да најде соодветен кадар, но исто така новата инвестиција ќе биде можност и за младите високообразовни кадри.
„За ’Ванхол’ ова ќе биде добро затоа што ќе можат да најдат соодветен кадар, а и некои луѓе од ФАС ’11 Октомври’ исто така ќе можат да се најдат повторно на некои работни места кои во животот еднаш веќе ги работеле. Се разбира ова ќе биде добра шанса и за младите високообразовани кадри и за оние со средно образование, така што ќе има работа за сите“, нагласи Груевски.(Ек.Р.) |
|
Статијата е прочитана 1211 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 16.07.2012 00:05:10 | така што ќе има работа за сите, veli premierot. Za site 400! A kolku rabotni mesta imase vo 11 Oktomvri? |
| mitre, 16.07.2012 08:59:04 | Добро е!!! Во новата фабрика ке ги репарираме двокатните од Кина ............. |
| Hari, 16.07.2012 09:03:09 | Branko li ja zatvori fabrikata 11 OKTOMVRI i kupi krs od Kina i Ukraina??? I ova , ako bide???, trebe da bide uspeh na Vladata, zalna Makedonija.... |
| Tale, 16.07.2012 10:17:38 | Ke im go zagorcime zivotot na site svetski fabriki koi proizveduvaat avtobusi...Duri i na Kina.
Cirkuzijadata prodolzuva. |
| Трпе, 16.07.2012 12:04:18 | Во предизборна паника и самите не си веруват што зборат.Откако ја уништија домашната фабрика за автобуси и направија далавера со увезените, сега ние ЌЕ сме биле извозници на автобуси.Човек да не знае дали да се радува или да плаче од вакви мудрости кажани од големи човеци. |
| DD city, 16.07.2012 17:12:19 | Ova so VanHool e sigurno podobro, otkolku da se ima dve tranzicioni fabriki so ime SANOSS so 40 vraboteni - ili ne vraboteni / toa ne e FAS-11 Oktomvri / i nekakva spansko-meksikanska druzina / so isto tolku vraboteni / od prilepsko poteklo a koi dvete, denes nemaozat kraj so kraj da fatat od mnogu pari i rabota! |
| dragan, 16.07.2012 18:23:19 | gi citam komentarite i nemozam da veruvam kakov narod sme nie prvpat od devedesetite pa navamu nesto se dvizi na podobro i nie vednas kritiki ljubomorni i samite na sebe, ostavete go covekot da raboti ne deka nesto nogu sraboti ama za razlika od politickite rivali ili potocno sdsm milion pati podobro ,ako mu se dade i malku podrska vo smisla na idei ili samo moralna veruvam deka uste mnogu nesta ke se podobri. |
| mashinski, 16.07.2012 20:52:42 | ...kaj nas nema kapacitet, barem ne covecki, i ako VanHool ja donese opremata i delovite, da se napravi takov avtobus, neznam dali e zapoznaena javnosta, toa e premium proizvoditel, kaj nas nema ni da se sklopi, ni da se zavrsi po zadovolitelni standardi, pogotovo ne za vo SAD, kade sto ke go kupat zasto e Belgiski, ne Balkanski...cokoladata ne e ajvar...osven ako nemaat vreme za nasite rabotnici da vezbaat nekolku godini...nesto da se sijat navlaki za sedista - toa mozebi i da...ako informacijata e stvarna, toa e...a FAS/Sanos/drugi - avtobusi za Bolivija i Mijanmar - mozea da pravat, pa i da im se prodavaat |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 8°C
Ведро
|
Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
|
Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (28)Јованка е загрижена: „Ќе ме растргнат по смртта на Тито“! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|