15.07.2012, 18:57 Поглед
Утеха за сиромашните
Наум Котевски
Владата е задоволна што само една третина од населението е сиромашно. Според премиерот Никола Груевски, добро е што во време кога Европа е во криза бројката на сиромашни граѓани барем не се зголемила. За Владата и одржувањето на позицијата статус кво претставува влез низ Триумфалната порта. Што ќе рече, ниту повеќе сиромаси, ама ниту помалку „побогати сиромаси“. Во приказнава, за жал, не играат парајлиите.
Премиерот, кој, очигледно, како традиционалист на таа појава гледа како на природна и неизбежна, за разлика од современата позиција која вели дека сиромаштијата е неприфатлива, свесно или не, на неопределен период им помогна на сиромашните, а ги замисли оние со подлабок џеб.
Тој практично им кажа на очајниците, кои живеат со 100 денари дневно, да се опуштат во својата „егзотична купка“ од путер и сол и да не се заморуваат со црната иднина, туку со сигурната сегашност, ослободувајќи ги така од неизвесната ситуација, која предизвикува хроничен стрес како дел од интегралниот систем на ризико-фактори. Со малку повеќе хартија во домашната каса би се изложиле на силен притисок на денарот, а потоа и во главата, поради кој може лесно да бидат сместени во уште некоја потешка статистичка графа.
Можеби премиерот ја слушнал ѕвездата во „Црниот лебед“, Мила Кунис, кога неодамна кажа дека е благодарна што како ќерка на имигранти од Украина пораснала во беда, бидејќи тоа ја изградило како личност, но сигурно знае дека жестоко би се борела, како со Натали Портман, со оној што ќе се обиде да ја врати во тој животен амбиент.
Кој тоа очекува од Груевски, како премиер, секогаш да тргнува од премисата дека луѓето треба да бидат еднакви, и без градење приоритети да се бори против нееднаквоста во општествената структура? Како најомилениот претседател меѓу сиромашните на Хаити, Жан Бертран Аристид. |
|
Статијата е прочитана 1567 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Siromav, 16.07.2012 00:36:49 | Shto sme siromashni sme, ama barem da ja spodelime siromashtijata. Toa go pobara i pratenikot na SDSM od Tetovo, a oni go ismejuvaat i reklamiraat vo negativna konotacija. A jas bi go prashal premierot, dali e normalno da obichni policajci zemaat penzija od 500 evra, a rabotnicite od realniot sektor 100 evra. I kako da e toa od gospoda dadeno, pa ne moze da se intervenira. A da, oni ne bile odgovorni za tie rabotnici. Boze mili! Verovatno jas sum odgovoren. Samo ne znam so koe pravo go baraat nivniot glas na izborite. |
| Hari, 16.07.2012 09:13:30 | Edinstvena zemja kade siromastijata se prikazuva kako uspeh, kade trosenjeto na milioni evra za spomenici vo uslovi na svetska kriza e golemo dostignuvanje. Ne e do lopovite tuku do narodot e. |
| kanagjanka, 16.07.2012 09:31:56 | Нашиот напатен човек не знае за подобро, што всушност е проблем број еден.Тие што излегле и живеат надвор - знаат. Има и такви што излегле, се вратиле и соработуваат со владава - јаничари! За оние што не знаат за подобро ќе гласаат пак за Груевски. За голема несреќа тоа е мнозинството што ја крои нашата иднина, а особено нашето минато! |
| Istocna Makedonija, 16.07.2012 09:38:04 | Ne,uteha za siromasnite NE POSTOI.I nivniot broj
e poglme od edna tretina populacija vo zemjava.Koj
moze so gola retorika da gi utesi ponizenite roditeli,
koi sekoj den maka macat na detevo da mu dadat nekoj denar,barem za gevrek.A,sokot e ekskluzivi
tet,od Gurgovden na Mitrovden. |
| pretpriemach, 16.07.2012 18:07:32 | Nie Makedoncite sme genijalci, se si gledame niz prizmata na politikata... No, neli samite sakavme pazarna ekonomija...planskata, socijalisticka ekonomija ne ni bese dobra... site bevme za kapitalizam... pa eve gi posledicite... sega si imame bogati tanziciski menadzeri (tie sto za ich pari si gi kupija firmite..).. si imame i bogati tranziciski politicari (koi preku nok se obogatija od parite na danocnite obvrznici)... a graganite..?? tie neka prezivuvaat od izbori do izbori za da ima koj da glada...i lekcijava nikako da ja naucime. se karame megu sebe za interesite na onie koi ne ogrbuvaat.. ich ne mi e gajle koj ke bide na vlast... moite emocii, mojata energija ke si gi trosam za sebe i za rast i razvoj na sopstveniot biznis, bidejki od toa ziveam, a ne od politika... rabotete za sebe i ke imate, bez rabota nisto... toa e mojot sovet za site... |
| zoki, 16.07.2012 21:46:37 | do pretpriemach: dobro be covece vo red e toa sto go pisuvas ,no nesto da te prasam ,dali vie kako biznismen smetate deka svoite rabotnici gi plakate kako treba?dali nek0gas ste bile na zapad pa da vidite kao se zivee?
dali znaete sto e socijalna politika na edna drzava? odgovorete na ovie prasanja pa posle pravete se biznismen.ne e za sve narodot kriv ako nemoze da se snajde vo pazarnata ekonomija ,no vo toa ima mnogu uloga i biznismenite (krvopijci) i vlasta. |
| melbourne, 16.07.2012 23:11:27 | pretpriemach,vo pravo si ama donekade,zosto vo sekoja drzava premierot e toj sto pravi promeni vo zakoni,vo odluki,za podobro da raboti drzavata(negovata kompanija).Adokolku i ti ne gi tretiras tvoite vraboteni kako treba,nema da raboti uspesno tvojata kompanija dolgorocno.Neprifatlivo e od eden premier(menagerot na kompanijata), da istresi takva glupost,demek arno so bile samo edna tretina siromasni,i treba da se raduvame na toa. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 25°C
Ведро
|
Четврток
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 9°C
|
Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (29)Јованка се обидува да го дискредитира Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|