Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Златото близу 1.900 долари за унца

Цената на златото на Берзата во Лондон се зголеми на речиси 1.900 долари за унца, или 31,1 грам благодарение на тоа што стравувањата за иднината на глобалната економија поттикна интересирање за тој метал како сигурна инвестиција, како и поради информациите за слабиот развој на американската економија. Златото за испорака веднаш на Лондонската берза на метали прво поскапи на 1.894,10 долари за унца и подоцна цената се намали на 1.878,59 долари или 1,1 отсто повеќе во однос на цената од минатиот петок. Минатата недела цената на златото имаше највисок неделен раст од февруари 2009 година, а од почетокот на годината златото поскапи за 33 отсто. В петок претседателот на американската Управа за федерални резерви, Бен Бернаки, ќе одржи говор, кој инвеститорите го очекуваат, како показател за идната политика на ФЕД. Информациите за можна интервенција на централните банки на Јапонија и на Швајцарија на валутните пазари, исто така, поттикнаа раст на цените на златото. (МИА)


#
Статијата е прочитана 382 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 23.08.2011 00:25:17
Ne raste zlatoto, nego pagaat evroto i dolarot. Izrazeno vo svajcarski franci, zlatoto si ima skoro ista cena. Taka da, dali si kupuval zlato ili svajcarski franci, gore dole, isto ti se faka.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 23.08.2011 00:32:43
Иако е можеби нескромно сакам и овој пат да потсетам дека „Утрински Весник“ од 30 јуни 2009 година го објави мојот напис „Златото како супервалута“. Од написот може да се дојде до сознанието дека цената на златото тогаш беше околу 800 САД долари за една унца. Тоа беше прв напис за златото во кој било македонски весник! Напис со ист наслов, но, со малку поинаква содржина, поради кратењето на написот од страна на редакциите, беше објавен и во „Нова Македонија“ од 9 јули 2009 година!
Од: Златара Крушево
Датум: 23.08.2011 02:17:20
Така е, златото е поскапо, но во Македонија Народна Банка ( Владата) продава златни денари по цена 545 долари за унза поголема од таа на берзата. Треба ли ова да не изненади?

Најди! во Утрински
Економија
Пченицата чека откуп, земјоделците цена
Владата реши да се фокусира на економијата
Светот во огромни долгови
Почна бербата на „шардоне“
„Стандард и Пурс“
Намалено производството на тутун во Струмица
Пониски цени поради ситуацијата во Либија

"""