Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Владата реши да се фокусира на економијата

Вчера се одржа првата седница на новото тело - Економски совет

Владата реши сериозно да се зафати со решавање на економските прашања, пред се', на оние дадени во економскиот дел од Програмата за нејзина работа во периодот од 2011 до 2015 година, но и на тековните економски проблеми во државата. За таа цел се формира и од вчера почна со работа новото тело - Економски совет, што во некои земји се нарекува економска влада. Претседател е премиерот Никола Груевски, а постојани членови се министрите од економските ресори во Владата, гувернерот на Народна банка, како и претставници на други државни институции кои имаат одредени надлежности во сферата на економските прашања. На вчерашната прва седница присуствуваа министрите за финансии, за економија, за транспорт и врски, за земјоделство, директорот на Царина, вицепремиерот за економски прашања, директорот на Агенцијата за странски инвестиции, како и неколку претставници од министерствата.

„Ова е нов момент, нов зголемен фокус на економијата за да може да се потроши повеќе време на она што е најзначајно или на еден од приоритетите. Тоа се рефлектира со создавањето Економски совет во кој членуваат постојани членови, главно, луѓе од државните институции, како и непостојани членови, кои ќе бидат повикувани во зависност од потребата. Може да бидат од Универзитетот, од бизнисот или од некоја друга институција од каде што нема постојан член“, изјави Груевски.

Тој додаде дека еднаш неделно, најчесто во понеделник, ќе се одржуваат состаноци што ќе траат по неколку часа и на кои ќе се разговара само за економски прашања, во насока на решавање на проблемите и подобрување на економијата, а со цел да се зголеми квалитетот на живот и да се отворат нови работни места.

Во зависност од потребите, како што се наведува во вчерашното соопштение на Владата, на состаноците на Економскиот совет ќе бидат поканети да учествуваат и претставници од стопанските комори, од универзитетите и од други асоцијации од сферата на економијата и економските прашања.

„Предвидено е, покрај економскиот дел од Програмата, да се дискутира и за други економски движења што имаат соодветен ефект врз генералните трендови во македонската економија“, се наведува во официјалното соопштение на Владата. Се додава дека ваквите дискусии би резултирале со дефинирање соодветни заклучоци и насоки, кои потоа би биле предмет на формално произнесување од владините министри на редовна седница. (М.Т.)


#
Статијата е прочитана 1721 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 23.08.2011 00:09:42
Odlicna idea.
Од: ekonomis
Датум: 23.08.2011 00:20:52
e duri sea ke ja sleat, po 6 godini jaka ekonomija voa sega ke bide bomba ekonomska! ke staneme kao swicarska, ma kaki pojaki
Од: Buntovnik
Датум: 23.08.2011 08:07:56
Inace bese mnogu tesko. Baraa, baraa, baraa pa na kraj im tekna ekonomijata. Jebesga od onoplku konji i magarinja na Aco golemiot, tesko e da mislis.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 23.08.2011 08:09:23
Veke slusnato 2006 godina.Rezultati?Evidentni!
Од: Tina
Датум: 23.08.2011 08:15:56
A sto cekale do sega? Sepak, po dobro sega nego nikogas. Znaci gi slusnale ljudskite komenti, oti ljugeto ponekogas znajat po dobro sto im treba. Sega! Ne utre. Skroite go denes da bide dobro, a utre ke se sredi samo od sebe.
Од: Трпе
Датум: 23.08.2011 08:26:06
Од гледанје нема фајде,фајде има од остварувања и тоа народот да го осети.Не гледајме Доне ,Донке од гледање вајде нема....
Од: Вано
Датум: 23.08.2011 13:06:01
A do sega ne bese fokusirana na ekonomijata?????
Од: Minister
Датум: 23.08.2011 14:24:06
Gruevski prodolzhuva so glupostite...
Од: Mark
Датум: 23.08.2011 17:02:02
Ne zezajte, se fokusirale na ekonomijata?!? MA LJUDI MOJI, JE LI TO MOGUCE?!?!

Најди! во Утрински
Економија
Пченицата чека откуп, земјоделците цена
Светот во огромни долгови
Почна бербата на „шардоне“
„Стандард и Пурс“
Намалено производството на тутун во Струмица
Златото близу 1.900 долари за унца
Пониски цени поради ситуацијата во Либија

"""