Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Светот во огромни долгови

За 20 години задолженоста е зголемена за четири пати и достигна 95 илјади милијарди долари

Развојот на најновата криза со презадолженоста на се' поголем број земји во светот, меѓу нив и најмоќната - САД, се' појасно покажува: вака веќе не може понатаму. Свеста за ова се пробива кај сите само нема недвосмислен одговор за тоа каде е излезот од оваа ситуација. И сите земји не се неодговорни во однесувањето со сопствените финансии.

Турбуленциите на светските берзи јасно покажаа дека товарот од натрупаните долгови и нивниот драматичен пораст во последните две децении предизвикува страв на финансиските пазари. САД во 1940 година имаа вкупен долг од 49 милијарди долари, денес тој изнесува 14,3 илјади милијарди, а во наредните месеци ќе се покачи за најмалку уште 2.100 милијарди долари. Во Германија, пред Втората светска војна, долгот на државата изнесуваше 15 проценти од домашниот бруто-производ, а денес е 80 проценти. За финансиските пазари е важен тој сооднос, се' додека заедно со долговите растат и економските постигнувања на земјата, тоа не предизвикува загриженост дека долговите, можеби, нема да бидат вратени. Но, загриженоста сега е присутна насекаде.

„Она што го доживуваме годинава има малку и историски призвук. Финансиските пазари им покажуваат втор жолт картон, со тоа и црвен, не само на поединечни земји од третиот свет, туку и на големи индустриски земји сигнализирајќи им дека соодносот е премногу нарушен“, оценува Улрих Катер, главен економист на Дека банк.

Државите, значи, живееле над своите можности. А тоа, пак, пред се', се должи на ветувањата што политичарите им ги даваат на граѓаните, со надеж дека ќе ги придобијат нивните гласови на изборите. Граѓаните, навистина, со задоволство прифаќаат такви изборни подароци, но во меѓувреме и тие се загрижени поради последиците, цени Штефан Шнајдер, економист во Дојче банк.

„Кога државите толку многу се задолжиле, така што граѓаните ја загубиле довербата во фискалната стабилност или дури и во можностите на државата да ги врати долговите, тогаш тоа, се разбира, има многу негативни ефекти. И ако сега државите се вратат на вистинската патека, на пократко или на подолго време ќе се врати довербата кај граѓаните и во стопанството и од таа страна може да дојде до одредена компензација“, потенцира Шнајдер.

Но, по вистинскиот пат тешко се оди. „Од државите се бара урамнотеженост“, вели Улрих Катер од Дека банк. „Дилемата се состои во тоа дека финансиските пазари бараат побрзи акции отколку што е воопшто можно кај реалната механика на државниот долг. На државите, оттука, им останува само да се обидат да се придобијат веродостојност со тоа што на финансиските пазари уверливо ќе им сигнализираат што сакаат да прават во иднина за да го намалат дефицитот, а на друга страна да не го преоптоварат порастот со премногу силни програми за штедење. Се бара, значи, избалансиран курс на консолидација, кој нема да биде напуштен по една или по две години, туку ќе им дава белег на наредните децении“.

Притоа, целта и не е комплетно раздолжување, туку повторно да се изнајде разумна мерка на државното задолжување и на економската моќ. Во Договорот од Мастрихт не е случајно утврдено ограничувањето на тој сооднос на задолженост до 60 проценти од годишниот домашен бруто-производ на земјата. Натамошното задолжување, сметаат економистите, води кон нарушување на економските текови и опаѓање на конјунктурата.

Набљудувачите се сигурни во тоа дека намалувањето на долговите мора да има највисок приоритет, оти во индустриските држави опаѓа и бројката на населението, а со тоа тенденција на опаѓање ќе има и кај приходите од данокот.

„Врз основа на европската криза со презадолженоста констатиравме дека префрлањето на проблемите за во иднина, во никој случај нив не ги решава, туку напротив, тенденцијата е тие да станат уште потешки“, вели Улрих Катер. Економистите, значи, очекуваат тешки времиња - слично на зависници од дрога, мора да минат тешка фаза, за долгорочно да се ослободат од новото државно задолжување. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 1180 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 23.08.2011 00:22:19
Interesno. No nikoj ne kazuva NA KOGO toa svetot mu dolzi, i od kade mu se na TOJ tolku pari. Ke se dojde do zaklucok deka seto toa e predizvikano so nekakvi si virtuelni pari koj vsusnost ne ni postojat, no nekoj namerava da si gi pretvori vo vistinski. Zatoa e i ovaa "kriza" koja tek sega veke izleze od kontrola i nemoze da se predpostavi kako ke se zavrsi.Dali so novi pljackaski vojni, dali so novi koloniijaliziranja, dali so revolucija, ili pa onie(bankite)koj dosega "unovcija"del od ovie virtuelni pari, ke mora na kraj da gi vratat nazad(sega za sega tesko)
Од: Istocna Makedonija
Датум: 23.08.2011 08:11:58
,,Svetot vo ogromni dolgovi,,!A,nie!
Од: Трпе
Датум: 23.08.2011 08:30:18
Треба да бидеме многу среќни,па не сме биле само ние задолжени.А и ако ние сме задолжени не се задолжуваме за глупости,нашите проекти ке бидат вечни како Скопје 2014.
Од: Десничар
Датум: 23.08.2011 11:37:41
Па нормално. Политичарите преку нивните влади го исцицаа народот, му ги извлекоа и оние бедни пари за скапан живот, а тие? Трошат ли трошат на негова сметка. Пример е засега само Грција, а на повидок Италија, Шпанија и др. Тоа го прават само идиоти, желни за добар паразитски живот за кој Путин се изјасни, за кои само комунистите се лек.

Најди! во Утрински
Економија
Пченицата чека откуп, земјоделците цена
Владата реши да се фокусира на економијата
Почна бербата на „шардоне“
„Стандард и Пурс“
Намалено производството на тутун во Струмица
Златото близу 1.900 долари за унца
Пониски цени поради ситуацијата во Либија

"""