Пониски цени поради ситуацијата во Либија
Цената на нафтата на берзите во Њујорк и во Лондон вчера е намалена откако либиските бунтовници зазедоа поголем дел од Триполи што поттикна надеж дека членките на ОПЕК би можеле повторно да остварат извоз на енергенсот. Цената на нафтата на Њујоршката берза се намали за 21 цент и достигна 82,05 долари за барел, додека на Лондонската берза нафтата поевтини за 2,27 долари за барел и стаса до 106,35 долари.
Либија го запре извозот на нафта од 1,5 милиони барели дневно по почетокот на безредијата и иако е тоа само два отсто од вкупната светска побарувачка, сепак, имаше последици врз цената на енергенсот во светот поради високиот квалитет на либиската нафта и нејзините погодности за преработка во европските рафинерии. (МИА) |