Европската унија ја губи поддршката во трите земји-кандидати за членство Македонија, Турција и Хрватска, покажуваат резултатите од октомвриското истражување на Евробарометар. Најголема поддршка за влез во ЕУ има во Македонија - 62 процента, но таа е намалена во однос на пролетното истражување кога изнесувала 72 отсто.
Во Турција е 42 процента, а во Хрватска 23, што е пад за седум, односно за 13 отсто во споредба со почетокот на годинава.
Позитивен став за ЕУ имаат жителите на 25 од 27 членки на Унијата. Генерално, повеќе од половината од населението (53 проценти) го смета како позитивно членството на својата земја во ЕУ, што е за еден процент повеќе од претходното истражување.
Најголеми ЕУ-поддржувачи се Холанѓаните со 80 проценти и граѓаните на Луксембург со 71 процент, а најмали Унгарците и Литванците со 31, односно 27 отсто. Во Грција поддршката за ЕУ е 45 отсто, а во Бугарија 48.
Од големите „стари“ членки, најпозитивно мислење за ЕУ има во Германија - 64 отсто, во Франција е 49, а во Велика Британија 32 процента. (МИА)
celta na vmro e postignata poleka ama sigurno. narodot ke se izmori od muabetive za nato i ieu ke stane letargicen i ke mu bide seedno dali plostadot mu go nagrduvaat so raznorazni spomenici i mu ja povampiruvaat antickata istorija - za da moze nepreceno da se stvara vmrovskata oligarhija
Од: od stip
Датум: 20.12.2008 09:44:19
da tokmu taka celta na VMRO e postignata barem ne se ponizuvame na evropskiot ekonomski okupator.
Од: zabegan
Датум: 20.12.2008 10:35:43
aspirator vo potpolno pravo si,samo da se nadovrzam sto ne sporeduvat so turcia,i hrvatska, pa tie nemat komsi ko sto ima makedonia.koi sakat da ne rascerecat ama izgleda tie sto treba da mislat,ili ne znat ili ne i sakat dobro na makedonia.
Од: ljupco,bitola
Датум: 20.12.2008 12:39:02
Подршката на ЕУ во Македонија е сеуште највисока во регионот,така да падот е неизбежен. Тоа се должи на политиката која тие ја водат спрема нас,не третираат како пониска раса,а нивната дволичност јасно се гледа на спорот со грција.Само Кушнер се осмели искрено да ја каже причината поради која нашиот прием,засега не доаѓа во предвид.
Од: mirko
Датум: 20.12.2008 14:10:54
Pa redno bese da se osvesti makedonskiot narod deka za vlez vo EU i NATO ne treba da si go menuvame imeto .Hrvatska se sooci so blokada od Slovenija zatoa sto ne im dava Hrvatska teritorija kolku sto ne gi sleduva ,i dobro rece nivniot premier DA za vo EU ama nema toa clenstvo da go placame so teritorii.Taka treba i nasiot premier da kaze na EU i NATO , DA ama ne go menuvame nasiot identitet i ime.Site vo Makedonija treba da se slozni za toa prasanje i pozicija i opozicija i togas ce ima napredok a ne so međusebni kritiki i sopki