Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Пратениците ги изгласаа мерките против кризата

Собранието вчера донесе повеќе закони со кои практично влегуваат во законска рамка десетте мерки на Владата за борба против кризата.

Пратениците дадоа поддршка за измените на Законот за царинска тарифа, со кој, како што рече министерот за финансии, Трајко Славески, со намалените или целосно избришани царински стапки на над 470 групи производи и' се оставаат на македонската економија за идната година над 211 милиони денари.

Според Јован Манасиевски од ЛДП, неговата пратеничка група ќе го поддржи овој закон, затоа што оваа мерка е реална и води кон реално растоварување на трошоците во стопанството. „Но, единствената реална мерка тежи 211 милиони денари или само три милиони евра. Од денешната расправа заклучуваме дека лагите за 330 милиони евра помош се демаскирани, затоа што целата помош изнесува три милиони евра“, додаде Манасиевски.

Измените на Законот за персоналниот данок, како што рече министерот за финансии, Трајко Славески, се предлагаат заради усогласување со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Од 1 јануари почнува реформата на системот на социјални придонеси, а е направена и една значајна измена што треба да им помогне на земјоделските производители, односно се менува системот на оданочување на земјоделците. Пратениците ги изгласаа и измените на Законот за данок на добивка, како една од најважните мерки против кризата, со што се преоѓа од 0 стапка на реинвестирана добивка на 0 стапка на нераспределена добивка. Собранието ги донесе и измените на Законот за даночна постапка и Законот за отпишување на каматите. Се изгласаа и измените на Законот за платниот промет за да им се помогне на претпријатијата што имаат блокирани трансакциски сметки. Маријанчо Николов од СДСМ рече дека овој закон нема да даде ефекти и да им помогне на претпријатијата за да ги пребродат тешкотиите од економската криза поради гаранциите што се бараат.

Собранието ги донесе и измените на Законот за трговија. Горан Минчев од СДСМ посочи дека во Законот се предлагаат измени кои се многу штетни, а се однесуваат на висината на казните за субјекти што раководат со пазарите. (Ек.Р.)

 


Статијата е прочитана 284 пати.

Испрати коментар

Од: zelezara
Датум: 20.12.2008 11:02:16
Posto imame mnogu strucni i kvalifikuvani kadri vo vladata na celo so ministarot Slavevski sigurno ke se spasime od krizata.Gospod neka ni e na pomos
Од: Rade
Датум: 20.12.2008 17:43:23
Како да им се верува на Владата кога до пред 3 недели децидно трвдеа дека НЕМА да има криза. Се нафрлија како стшлени врз сите оние кои забележуваа дека македонската влада ништо не презема за да се ублажат ефектите од кризата. Тогаш сите беа етикетирани со најразлични етикети, но сега гледаме дека Владата носи мерки за намалување на кризата. Како прво нека им заблагодарат на СДСМ за укажувањата и нека се извинат за ‘магарешкиот инает‘. Но .... како да им веруваме дека мерките што ги предложиле се добри, ако истите луѓе не можеа да го предвидат на време влијанието на светската криза?!!!! Изгледа тие луѓе се најголемата криза за нас.
Од: kiro USA
Датум: 20.12.2008 22:54:11
Ami od kade da znaat oni deka ke ima kriza? Koga zavisaat od pomosta na svetskata banka , sto ke im dadaat .. sreka sto ne vodaat kako drzava vo UN taka da imaat nekoi fondovi za malite drzavi vo razvoj kako nasata.
Од: VMK
Датум: 21.12.2008 04:44:53
Мора да се спасиме кога го имаме проф.Славески.Железара за ЦИНЦАР мислев само СКРЖАВ,ништо друго националистички....ако си цинцар знаеш дека сте скржави и сега ШО?
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 21.12.2008 13:07:51
Уште кога економската криза беше во својот почеток ,односно кога оваа Власт заедно со ,,фамилијата ДАЛТОНИ си спиеа на ушите опозицијата со нејзиниот Претседател Зоран Заев ,ги опоменуваше и ги повикуваше Грујо и неговите министри дека кризата нема да не одмине и нас. Одговорот беше ,,што знаат тие криза нема да има во Македонија, па ние сме си доволни сами на себе и сме изолирани ,така што никој ништо не ни може,, Епа Грујо , еве ја тропна и на нашата врата, и тоа со сета силина, но тебе баш те заболе, си имаа ,,умни министри од типот на Славевски и за вас криза нема, а Македончето , кој го прача, нека пасе трева,па тие те избраа, затоа гази додека можеш, можеби ке почнат граганите и да размислуват, и ке ја сватат твојата проста математика, дајму денар , земи му два.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Полит��ка
„Операција триумф“ за македонското евроинтегрирање
Десницата ја спасува левицата од криза
Бруто или нето-платите се исти
Различни математики за дупката во здравствената каса
Прилепските сарми влегоа во Гинисовите рекорди
Големите загадувачи ќе плаќаат казни до 100.000 евра
Ќе се избираат градоначалници според тоа што го сработиле
Паѓа поддршката за ЕУ во Македонија