Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Големите загадувачи ќе плаќаат казни до 100.000 евра

Големите загадувачи на животната средина во иднина ќе плаќаат казни до 100.000 евра. Собранието на Република Македонија вчера ги прифати измените на Законот за животната средина, со кои се предвидува поефикасна превентивна заштита на животната средина, зголемување на одговорноста на лицата и почитување на прописите.

Измените на Законот се резултат на реакциите дека казните со кои досега се соочуваа најголемите загадувачи „Фени“, „Окта“, цементарницата „Усје“ и други, се прениски. Големите индустриски капацитети, кои досега повеќепати се соочуваа со финансиски санкции за прекумерните испуштања штетни супстанции во воздухот, водата и почвата, немаа никаков проблем да ја платат казната. Токму поради тој податок, зголемувањето на висината на санкциите треба превентивно да влијае да не дојде до нови загадувања.

Досегашните казни од 8.000 до 20.000 евра ќе бидат заменети со парични казни од 70.000 до 100.000 евра, а паричниот надомест од 1.400 до 2.500 евра ќе се замени од 8.000 до 13.000 евра, додека досегашната глоба од 1.000 ќе биде зголемена на 5.000 евра. Со измените се утврдува надлежниот суд да изрече казна за прекршителите на Законот, наместо како досега „да може да донесе“ казна.

Доколку со прекршокот се предизвикува поголема штета врз животната средина и здравјето на луѓето, во тој случај може да се изрече санкција сразмерна на висината на штетата, но најмногу седумкратен износ од пропишаната глоба. Исто така, доколку се работи за прекршок сторен од страна на организирана група лица или од страна на сторител што сакал за себе или за друго лице да прибави имотна корист, висината на глобата е зголемена и се движи од 130.000 евра до 150.000 евра. (С.Н.)


Статијата е прочитана 193 пати.

Испрати коментар

Од: pejo itar
Датум: 20.12.2008 09:59:53
ma kakvi kazni,ne mi se veruva kakvi glupi zakoni nosi vladata.Sekade vo svetot zagaduvacot dobiva zabrana za rabota.Taa masina ubiva, i vie samo ke ja kaznite? Toa sto ubiva treba da se zatvori! mnogu ednostavno.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
„Операција триумф“ за македонското евроинтегрирање
Десницата ја спасува левицата од криза
Бруто или нето-платите се исти
Различни математики за дупката во здравствената каса
Прилепските сарми влегоа во Гинисовите рекорди
Ќе се избираат градоначалници според тоа што го сработиле
Паѓа поддршката за ЕУ во Македонија
Пратениците ги изгласаа мерките против кризата