Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

„Операција триумф“ за македонското евроинтегрирање

Боцевски ја презентираше скицата за исполнување на забелешките од ЕК, опозицијата се посомнева

Тамара Грнчароска


Акцискиот план на Владата за исполнување на препораките на Европската комисија содржани во извештајот за напредокот на земјава во изминатата година вчера од членовите на Националниот совет за евроинтеграции, генерално, ја доби поддршката, но само како документ, во чија пак реализација се посомневаа претставниците на опозициските партии.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски, презентирајќи го планот, рече дека тој претставува политички и институционален одговор на Македонија на препораките на Европската комисија содржани во извештајот за напредокот на земјава во изминатата година и тој е скица и иницијатива на Владата со цел да се излезе во пресрет на процесот на евроинтегрирањето.

„Овој акциски план е со цел да се земе целосна сопственост на процесот, да се покаже дека Македонија, во сферата на европските интеграции, ја зема иницијативата и дека и понатаму останува цврсто посветена на целиот овој процес“, изјави Боцевски. Според него, стратегијата на Македонија во наредниот период е да не се даде никакво алиби за дополнително одлагање на наредната фаза на процесот на пристапување. „Планот, меѓу другото, има точни рокови кои нас самите не' врзуваат за реализација на планот“, рече Боцевски, според кого значаен дел од мерките треба да бидат реализирани до април 2009 година.

Претседателката на Советот, Радмила Шекеринска од СДСМ, говорејќи за планот, критички се осврна на имплементацијата, велејќи дека на Македонија никогаш не и' била проблем изработката на документи, туку нивната реализација. Таа упати забелешка зошто Советот и Собранието не биле консултирани пред да биде планот јавно презентиран, бидејќи „најголем дел од обврските се закони што треба да ги донесе Собранието“. Шекеринска за содржината на документот рече дека не ги третира областите посочени во извештајот на ЕК, како што се улогата на полицијата во изборните инциденти, собранискиот Деловник. Реформата на полицијата, проблемите со јавната администрација се прашања со кои земјата се соочува во континуитет и Владата вети дека ќе ги спроведува законите континуирано, но недостасуваат конкретни мерки за реализација, смета таа.

Македонскиот процес на евроинтегрирање Шекеринска вчера го спореди со реалното шоу „Операција триумф“, велејќи дека „три години бевме фаворит речиси во секоја емисија, не бевме спасувани, туку наградувани од публиката“. „Во последните три години публиката не' заборави, жирито не' искритикува, а директорот не сакаше да не' спаси“, рече Шекеринска, додавајќи дека очигледно настапот мора да се менува, и суштински и партиски.

Андреј Жерновски од ЛДП и Тито Петковски од НСДП беа на иста позиција во поглед на скицата, велејќи дека изготвувањето на документот е позитивна работа, но проблемот е во имплементацијата. За професорот Владо Камбовски, секој напор треба да се поддржи и да не се критикува однапред, особено не политикантски. „Политичарите знаат што треба да се направи, но не знаат како да се направи тоа“, рече Камбовски.

 


Статијата е прочитана 929 пати.

Испрати коментар

Од: Dr Stojadin B.Naumovski-Coci /Sovet na Tetovcani Detroit
Датум: 20.12.2008 04:53:32
Pred recisi 30 godini (Maj 1979) godina, Tetovo ucestvuvase na Igri bez Granici vo Ascona (Svajcarija). Ekipata na Tetovo bese povekenacionalna i "integrirana", nemase koj da se buni za nezastapenost. Taka bese i so delegacijata na Tetovo. Za onie mladi generacii koi se rodeni podocna eve link kon galerija na fotografii od igrite, a za onie koi gi sledea (i Atanas Kostovski) ili pak ucestvuvaa vo istite, kako poranesen ucesnik isprakam pozdrav i potsetnik POMNETE i ne zaboravajte. Ima inicijativa za vrakanje na igrite. Eve sansa da pokazeme deka uste sme "integrirani". AKo Evropskata TV ne gleda kako Makedonija ne mozat nivnite politicari da gi lazat lugjeto. Tokmu mnogumina od ucesnicite vo ovie igri 1979 se vo Sovetot na Evropa i nasi (anonimni) prijateli.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Десницата ја спасува левицата од криза
Бруто или нето-платите се исти
Различни математики за дупката во здравствената каса
Прилепските сарми влегоа во Гинисовите рекорди
Големите загадувачи ќе плаќаат казни до 100.000 евра
Ќе се избираат градоначалници според тоа што го сработиле
Паѓа поддршката за ЕУ во Македонија
Пратениците ги изгласаа мерките против кризата