Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Ќе се избираат градоначалници според тоа што го сработиле

Избирачите на локалните избори во март ќе гласаат многу шарено водејќи се, пред се', од своите потреби што треба да им ги задоволи општината во која живеат, но и од своите политички убедувања, покажува анкетата на агенцијата „Рејтинг“ изработена овој месец за неделниот магазин „Форум“.

Според анкетата спроведена врз 1.200 испитаници во општините Прилеп и Битола, каде што на минатите избори победи ВМРО-ДПМНЕ, и општините Струмица, Куманово, Охрид и Штип, во кои локалната самоуправа е во рацете на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ во сите шест општини има повисок рејтинг за советничките листи од СДСМ, иако според „Форум“ речиси е сигурно дека градоначалниците на Охрид и на Куманово ќе бидат од СДСМ. Анкетата покажува дека при изборот на градоначалници кај избирачите нема да биде одлучувачка политичката припадност на кандидатот, туку што сработил тој досега, додека при изборот за советнички листи мотивите на гласачите ќе бидат поинакви и граѓаните најверојатно ќе се водат од своите политички убедувања.

Во Битола, 66 отсто од граѓаните повторно би гласале за сегашниот градоначалник, а шест не, во Струмица 59 отсто би го поддржале актуелниот градоначалник, а 17 не, во Прилеп за сегашниот градоначалник би гласале 53 отсто, 19 против него. Процентот на охриѓани кои би гласале за актуелниот градоначалник е 41 отсто, а 22 против, во Куманово 42 отсто би го поддржале сегашниот градоначалник, а 35 отсто би биле против, додека во Штип само 17 отсто би гласале за актуелниот градоначалник, додека 50 проценти би биле против.


Статијата е прочитана 512 пати.

Испрати коментар

Од: aleksandar
Датум: 20.12.2008 11:26:02
i kade se sega onie sto plukaat po VMRO-DPMNE po vesnicite i elektronskite mediumi,deka nisto ne e sraboteno,a eve koj e najrealen pokazatel na situacijata vo drzavata i koj e koj,koj pravi nesto a koj samo zboruva vo veter,podbucnuva strajkovi i namesto da bidat konstruktivna opozicija kako sto dolikuva,mene poveke mi licat na malo rasplakano detence koe ne mu dale cokolada:))zatoa i na narednite lokalni izbori ke gi snajde ona sto gi snajde na poslednive ,parlamentarni-politicka katastrofa..potoa mozat slobodno da gi zaklucat stabovite i kancelariite i da go rasprodadat inventarot..ednostavno nema da im treba,nema da postojat kako partija:))
Од: mudar
Датум: 20.12.2008 13:27:26
ne tresi gluposti Aleksandar mnogu srabotija e onoj vo nasiot Prilep svitka sarmi i se raduva vo ginisovata kniga ke bideme pod ustavnoto ime nevidena glupost onoj vo bitola prikazna e za sebe go opravduvam glumec sto drugo znae da glumi kako sto glumat site portokalovi nesto rabotime a nisto nese gleda ke bide neve biva be Aleksandartoa go dokazuvate od najvisoko do najnisko nivo vo vlasta no taka e koga sto veli Boskovski se upikaa sekakvi pa partijata i ideologijata ni otidoa kurban,neka pominat izborite pa davaj ocenka ima uste celi 3 meseci partiskite vojnici kako tebe ne odlucuvaat odlucuvame nie neopredelenite izvadigi naocarite i ke vidis deka nee taka Prilep i Bitola so godini se isti izlezi od stabot na vmro i prosetaj ke se uveris.
Од: Toni
Датум: 20.12.2008 16:41:00
Sepak lokalni izbori se lokalni i se razlikuvaat od parlamentarnite.Faktor licnost.No sepak mislam deka uspehot na gradonacalnicite na gradonacalnicite ja povlekuva i sovetnickata lista pozadi sebe .Inace ke bide karma-kasha po opstinite
Од: ljupco,bitola
Датум: 20.12.2008 19:09:22
Во Битола џабе ќе прават трошок,да организираат избори за Градоначалник,``Двојче``е веќе избран. Тоа го знаат и оние од сдсм,кои за да најдат некој да се кандидира под овие услови треба да му платат дебело,за бламажата што ќе ја доживее.
Од: Трпе
Датум: 20.12.2008 21:26:55
Македонцки работи,можи од глаата да си патиме.Што ке си избереме тоа и ке си го трпиме.Македдончееее ....гледај резултати не бистри политика,грбот ти е кревок ,веке не трпи.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
„Операција триумф“ за македонското евроинтегрирање
Десницата ја спасува левицата од криза
Бруто или нето-платите се исти
Различни математики за дупката во здравствената каса
Прилепските сарми влегоа во Гинисовите рекорди
Големите загадувачи ќе плаќаат казни до 100.000 евра
Паѓа поддршката за ЕУ во Македонија
Пратениците ги изгласаа мерките против кризата