Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Ќе се градат пет фабрики во гостиварско Зубовце

Камен-темелникот на првиот стопански комплекс, не само во регионот туку и во државата, беше поставен во присуство на премиерот Никола Груески

ГОСТИВАР - Пет мини-фабрики за производство на леб и бели печива, за преработка на месо и на кафе, за електропроизводи и за метал по две години ќе бидат изградени во атарот на гостиварското село Зубовце. Новите погони на месната индустрија „Карне М“, „Интер кафе“, „Дамјан стил“, „Амиго „ и „Елком“ ќе бидат според стандардите на ХАСАП.

Според проекцијата на инвеститорите, младите гостиварски бизнисмени: Михајло Михајлоски, Ивица Димитриески, Ѕвонко Михајлоски, Вуке Срезоски, Ристо Ристоски и Влатко Анѓелкоски очекуваат за една година да ги активираат погоните. На почетокот ќе се вработат стотина лица, пред се', од селото Зубовце и од околните населби.

„Сакаме да покажеме како со слога и храброст се остваруваат ваквите проекти. Со тоа да им ја подотвориме вратата и несебично да им го покажеме патот и на други фирми од регионов, дека сега е можно да се реализираат вакви идеи“, истакна Михајло Михајлоски, сопственик на фирмата за преработка на месо „Kарне М“, идеен творец на овој проект.

Камен-темелникот на првиот стопански комплекс, не само во регионот туку и во државата, беше поставен во присуство на премиерот Никола Груески и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Погоните ќе зафаќаат површина од 10.000 квадратни метри, со можност за двојно проширување.

Груевски истакна дека бизнисмените донеле мудра одлука за изградба на индустриски комплекс и тоа во тешки услови на светска економска криза, кога најголем дел од компаниите во светот ги стопираат своите инвестиции. „И оваа криза, како и секоја има свој крај“, потенцира Груевски.

„Ова е вистински начин за забрзан развој на руралните општини, како што е Врапчиште. Ги охрабруваме бизнисмените да го развиваат бизнисот, а ние ќе им помагаме во рамките на надлежностите“, истакна Бајрам Кадрија, градоначалник на општина Врапчиште. Тој очекува оваа иницијатива на бизнисмените да биде предизвик и за други да почнат некаков бизнис во општина Врапчиште, која нуди одлични услови. На тој начин, нагласи Кадрија, „ќе се стопира миграцијата, не само село - град, туку и иселувањето во странство“. (К.К.)

 


#
Статијата е прочитана 694 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 04.09.2009 07:24:46
Cuden mi e Grujo vaka duzdisan na slikava, sakam da go vidam so lopata...
Од: јас
Датум: 04.09.2009 11:15:24
Не ми е јасно , зошто при ваква „потрошувачка“ на ЛОПАТИ , портокаливе не отворат фабрика за лопати???Вака , само се трошат непотребно девизи за увоз на лопати.А како што запнале со поставување на камен-темелници , МНОГУ ЛОПАТИ ТРОШАТ!!!

Најди! во Утрински
Македонија
Во Македонија нема алтернативни патишта
Прекин на молчењето пред медиумите
Битолчани ќе плаќаат ем поскапа вода ем кредит
Масовно искачување на Голем Кораб