Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Прекин на молчењето пред медиумите

ГОСТИВАР - При завчерашната посета на Гостивар, претседателот Ѓорге Иванов го прекина молчењето и со задоволство одговараше на новинарски прашања.

За спорот со името со соседна Грција, Иванов потенцира дека процесот трае во континуитет и дека постојано се во контакт со преговарачот Јолески, кој го известува за сите детали. Претседателот Иванов очекува олеснувачот во преговорите, Метју Нимиц, да изготви предлог. „Забелешките се однесуваат, пред се', на она што е во наш интерес, бидејќи тоа е процес во кој секоја страна ги има своите адути и кога трае тој процес, не е пожелно да се откриваат деталите“, потенцира Иванов.

Претседателот на Македонија изрази надеж дека позитивната реторика на можниот иден министер за надворешни работи на Грција, Андреас Ловердос, одговорен за надворешната политика во ПАСОК, кој со тоа најавил помек однос спрема Македонците во Грција, ќе придонесе за трајно стабилизирање на македонско-грчките односи. „Ние како држава сме конструктивни, даваме позитивни предлози и нашиот однос спрема соседна Грција е добар“. (К.К.)


#
Статијата е прочитана 649 пати.

Испрати коментар

Од: od strelec
Датум: 04.09.2009 08:41:24
zosto Gjorge ne kazis zosto tvojot mentor grujo se otkazuva od A.Makedonski da go postavi na plostad.Se dogovorivte so grcistata,(ne im veruvaj koga i podaroci nosat),koj znae sto se imate dogovoreno a toa e PREDAVSTVO na Makedonija i Makedonskiot Narod.

Најди! во Утрински
Македонија
Во Македонија нема алтернативни патишта
Ќе се градат пет фабрики во гостиварско Зубовце
Битолчани ќе плаќаат ем поскапа вода ем кредит
Масовно искачување на Голем Кораб