Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Во Македонија нема алтернативни патишта

Кога има сообраќајка, патниците чекаат со часови, бидејќи нема од каде да завртат

Билјана Ангеловска

Тешката сообраќајна несреќа што се случи пред неколку дена на патот Демир Капија - Гевгелија, кај Удово, во која загинаа пет лица, отвори повеќе прашања на кои досега можеби и не им се обрнувало големо внимание. Додека истражните органи вршеа увид на местото на судирот, сообраќајот на оваа делница беше во прекин повеќе од три часа. Поради тоа се создаде колона возила на двете коловозни ленти долга 10 километри. Некои од возилата во колоната, по долгото чекање, се обидоа да се вратат назад, но повеќето, поради неможноста брзо да се приклучат на некој друг спореден пат, останаа да чекаат да заврши увидот и повторно да биде воспоставен сообраќајот.

Овој случај само го изостри проблемот со немањето алтернативни патишта во нашава држава, кои во вакви неочекувани и повремени случаи би се користеле за сообраќај. Поразителен е фактот дека во Македонија не постојат „резервни“ патишта за „не дај боже“ случаи, а да не говориме за нормално изградени алтернативни регионални патишта покрај експресните сообраќајници, кои редовно би ги користело месното население во секојдневната комуникација.

Не затоа што на тој начин би се избегнувале наплатните рампи, туку многу повеќе оти би се намалил метежот на автопатот, а мештаните со своите постари автомобили многу побезбедно би возеле по сообраќајницата од понизок ранг, проектирана и изведена за помал интензитет на сообраќај.

И во Агенцијата за државни патишта се согласуваат дека во Македонија нема алтернативни патишта. Онаму каде што ги има, најчесто се во многу лоша состојба, а на некои места, пак, постојат патишта од најнизок ранг, неасфалтирани, со земјен или тампониран коловоз. Тоа значи дека не може да стане збор за алтернатива на магистралниот пат, туку, едноставно, за некаква врска меѓу две населени места, а која во вакви, како во последниот пример, екстремни случаи може да послужат како замена на автопатот.

Конкретно, од местото каде што се случи сообраќајката, возилата можеле да го продолжат патувањето кон Гевгелија единствено ако се врателе 40-ина километри назад до раскрсницата кај Неготино, за потоа преку Неготино да стигнат до Струмица или до Гевгелија. Или, пак, како алтернатива можело да се користи и друг пократок пат, но од многу низок ранг, а тоа е со враќање назад до Демир Капија, поточно до селото Давидово, од каде што преку макадам може да се стигне до Гевгелија.

Од Агенцијата за државни патишта велат дека кога ��е се доврши изградбата на Коридорот 10, токму сегашнава делница Демир Капија - Удово ќе биде алтернатива на автопатот до Гевгелија.

Алтернативен пат кој е во релативно добра состојба и е во функција е стариот пат Скопје - Тетово. Станува збор за патот Р402 од Сарај до Гостивар, за чие одржување се грижи „Македонија пат“. Но, затоа, пак, од Гостивар кон Охрид може да се рече дека не постои помошен пат. Доколку се случи нешто на тој патен правец, освен евентуално преку Дебар и Струга, веројатно и нема друга можност да се стигне до Кичево или до Охрид. Во Агенцијата појаснуваат дека во екстремни случаи може да се користи и земјениот коловоз кај кичевското село Извор, кој има широчина од само 4,5 метри, а се приклучува кај Бошков Мост. Проблемот во овој дел од државава, велат, ќе се реши дури кога ќе се изгради Коридорот 8, но кога точно ќе биде тоа, засега никој не може со сигурност да каже.

Надлежните се согласни дека во Македонија нема алтернативни патишта паралелни на магистралните сообраќајници. Потенцираат дека постојат обиколни и други регионални патни правци, што е многу поразлично од алтернативен пат. Од друга страна, голем е бројот и на регионалните патишта кои не се пробиени, а се зацртани во план да се градат. Но, со оглед на тоа што за нивна изградба се потребни големи суми, засега е сосем неизвесно кога ќе се реализира тоа.


#
Статијата е прочитана 1203 пати.

Испрати коментар

Од: Albanec so lavsko srce
Датум: 04.09.2009 07:24:05
Pozdrav uste ednas od mene do site vo Mk. Jas ne znam kakva alternativa se bara vo maked? Da bese rabotata za alternativni zivealista za ministrite i funkcionerite e mnogu lesna.Sekoj koj e vo moznost da krade od taa nasa mala drazava krade i ima alternativa na svoeto zivealiste,T:E ako ima kuca sum siguren da ima i Vila i Po 3-4 stanovi podeleni ili vo prekrasnite Mk planini ili po ezerata. Ne se glupirajte za patni alternativi. Prijaten den od CH
Од: goce
Датум: 04.09.2009 10:34:34
во Македонија ни фалат нови нормални магистрални патишта... каде има магистрален пат во источна Македонија, таму сите патишта се алтернативни ...
Од: јас
Датум: 04.09.2009 11:09:44
Што сте чудни?!Па во МК нема салам основни патишта, а не пак алтернативни...
Од: Samoil
Датум: 04.09.2009 13:05:12
Vo Slovenija se gradat Avtopatishta,no po nova trasa a starite patishta si ostanuvaat vo funkcija za lokalnoto naselenie i za tie sto ne sakaat da plakaat Vinetka taka da nikogas ne moze da se napravi zastoj i guzva Slovencite mislat odnapred i dolgorocno toa nie treba da go pravime
Од: kaktus
Датум: 04.09.2009 13:39:46
Едно време имаше една алтернатива која на збор се именуваше како демократска, арно ама и таа без алтернатива ја зеде матната Какви алтернативни патишта, бараш кога немаш никави пристојни патишта (барем во цивилизациска смисла-патишта).
Од: STAVRE
Датум: 04.09.2009 15:46:15
Pa zarem ne gledate deka kaj nas nema koj da vodi griza za patistata? Nekoi lugje nemaat kapacitet.

Најди! во Утрински
Македонија
Ќе се градат пет фабрики во гостиварско Зубовце
Прекин на молчењето пред медиумите
Битолчани ќе плаќаат ем поскапа вода ем кредит
Масовно искачување на Голем Кораб