Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Иванов најави дека е можна лидерска средба за името

Кавадарци - „Како земја сме длабоко навлезени во евроинтегративните процеси. Имаме солиден тим и солидни кадри. Менувањето на човекот што ги раководеше процесите нема да влијае на евроинтеграциите“. Со ваков став од Кавадарци настапи шефот на државата, Ѓорге Иванов, по оставката на вицепремиерот, Ивица Боцевски.

Иванов го избегна прашањето дали ќе свика нова лидерска средба. Тој речиси на заминување од средбатанајави дека е можно наредната недела, пред посетата на Метју Нимиц, да има координации на државниот врв во Македонија.

Иванов вчера го посети Кавадарци. Се запозна со работењето на новата производна линија за густи сокови на „Кожувчанка“, со производствените капацитети на „ИГМ трејд“ и на винарската визба „Тиквеш“. Притоа, рече дека го искористил првиот слободен ден од неговиот претседателски мандат за посета на градот кој има стопански капацитети што можеле да бидат пример во Македонија. „Иако претседателот нема ингеренции во стопанството, сепак, создава амбиент во оваа сфера. Се уверив дека во Македонија има успешна приказна и дека состојбата во стопанството не е таква како што ја гледаме од дневните настани“, изјави Иванов. Притоа, рече дека при посета на странски држави ќе носи домашни успешни бизнисмени. (А.Д.)


Статијата е прочитана 679 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 04.07.2009 11:12:57
Наш Ѓоле иако е правник по се излегува дека му лежи економијата.Наместо председник,требало да го стават за министер по економија.Барем човекот има искуство како се продават калинки и смокви.А за ова дали ке свикува лидерска средба ќе зависи од налогот на мистер Рејтинг.Па нели чоекот го избра за продолжена рака (маша ) на власта.Место тие да го фаќат жарот тука е Ѓоле.

Најди! во Утрински
Втора страница
Двојната капа останува на главата на Фуере
Кошмар со даноците
Шведска најавува дека визите ќе се укинат до крајот на годината
Случајот на ОМО „Илинден“-ПИРИН тест за Стразбур
Јавниот простор не е сопственост на Владата
Verbatim