Неговиот двоен мандат ќе стане модел за дипломатијата на Европската унија
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - Двојната функција на Ерван Фуере не само што нема да биде укината, туку тоа ќе биде моделот според кој ќе функционира дипломатијата на Европската унија во сите земји, најави вчера Кристина Галах од кабинетот на Хавиер Солана, како одговор на дилемите ни треба или или не специјален претставник во земјата. „Моделот во Македонија е логичен.
Тоа е модел кој ќе се применува насекаде и место да се повлекува едниот дел од функцијата, ќе се случи спротивното, ќе имаме само по еден претставник во земјите кој ќе ги претставува и Советот и Европската комисија“, изјави Кристина Галах, навестувајќи ја ваквата промена со стапувањето на сила на Лисабонскиот договор, што треба да се случи постепено од октомври годинава.
Според овој договор ЕУ ќе има класична дипломатија, а не претставништва и амбасадорите ќе ја претставуваат целата Европска унија, а не само ЕК како досега, или ЕК и Советот како единствен случај во Македонија. Тоа ги прави беспредметни нашите расправи ни треба ли или не специјален претставник и дали неговото присуство е лош сигнал за евроинтеграцијата на државата бидејќи сугерира нестабилност.
Од кабинетот на еврофункционерот Хавиер Солана порачаа исто така дека за продолжувањето на мандатот на Фуере се' уште се разговара и дека одлуката ќе биде донесена до пред летните одмори, што значи многу наскоро и, неофицијално, актуелниот амбасадор во Македонија ќе добие уште едно продолжување, иако не се навестува колку.
Во кабинетот на Солана се запознати со дискусиите во земјата на оваа тема и нивниот впечаток од нив е дека политичките партии ја оценуваат работата на Фуере како добредојдена.
Според нив, оваа функција е релевантна за Македонија, и како поддршка и како охрабрување, бидејќи во земјата има уште работи што треба да се завршат околу Охридскиот договор и евроинтеграцијата. Тие не се запознати со некакви обиди на Владата да се стави крај на функцијата специјален претставник, но нагласуваат дека следи период на промени и дека многу прашања од ваков вид ќе треба да бидат одговорени ако стапи на сила Лисабонскиот договор, и тоа ќе се прави едно по едно.
Се очекува сега некои од десетте специјални претставници да станат амбасадори на ЕУ, таму каде што има двајца да остане само еден, а ситуацијата да не се менува таму каде ш��о има еден, како во Македонија. Советот во моментов има и различен профил на специјални пратеници, па некои се надлежни само за една земја, некои за цел регион, а само во Македонија функцијата е двојна, бидејќи мандатите се прилагодуваат според ситуацијата.
Во нашата земја таа очигледно бара двоен политички надзор, иако последната година Македонија е многу повеќе работен опис на Оли Рен отколку на Хавиер Солана, дотаму што еврокомесарот за проширување оствари и средба со медијаторот Метју Нимиц за спорот околу името, нешто што порано исклучиво го правеше Солана.
pazi vi se molam ,vie novinarite sami si izvadivte AFERA deka fuere ne bil dobredojden ,a posebno od VLADAVA ,sega sami i se demantirate .ZNACI vo nedostatok na AFERI SAMI SI GI IZMISLUVATE.
Од: Rage
Датум: 04.07.2009 00:43:44
Coekov e samo za po kafani!
Од: Dvojna igra
Датум: 04.07.2009 00:53:06
Smetam deka dvojni igri se igraat so nas dokolku sakaa da ni gi ukinat vizite toa ce go storea do sega, a ne malteretiranje ispolnete ova ona. Da ne dozvolime da setaat Evropejci i da se zabavuvaat, a nisto da ne storat i lobiraat za nas!
Од: zore
Датум: 04.07.2009 13:16:11
nikoj ne bara od Fuere i od EU da si zaminat od Makdonija, ona sto se bara od niv e da ne izleguvaat od ramkite na nivniot mandat i ovlastuvanje, zatoa sto tocno se znae stoe e diplomatijata, a toa sigurno ne e mesanje vo sekoi raboti na edna drzava, a kako sto e na primer slucajot na EVN.
Од: GORAZD
Датум: 04.07.2009 13:17:56
G-dinot E.Fuere e dostoen da ja pretstavuva EU vo Makedonija i dosta so novinarsko stripovski patki.Se uste kako da ne e jasno deka sme bankrot luzerska nacija so inaetot koj go terame so onie za koi se izjasnuvame deka 90 procenti se za vlez vo EU i Nato, ama ako moze da ne trpat vakvi kakvi so sme nikakvi i da ni tropnat po edna vrekja pari sekoja godina.Vo Makedonija imame najskapi vozila,najskapi marketi za siroka potrosuvacka,reakcija ko na mrtov konj,nikakva.Ovie od vladata se pravat naudreni za ogromnite danoci so gi plakja siromasniot makedon.gragjanin oti ako ne se danocite za nepolna godina sme vo bankrot,a da ne gi spomnuvame parite so gi isprakja dijasporata na svoite ovde.Podzaskrieni zad ovie fakti Shilezinjata od SDS i VMRO glumat li glumat vlast eve 20 god.Toa Eu i Fuere go znaat sovrseno i zatoa preku mediumite mu mestat vakvi niski udari,no sovrseno e jasno deka mu se nedostojni i na Fuere i na EU,procitani ste.
Од: Od Mene do Vas
Датум: 05.07.2009 00:56:52
Komentari od tipot "Drn drn jarinja". Koi se pak tie vodaci od EU? Koja im e namerata? Da i pomognat na teroristicka Grcija vo nepriznavanjeto Makedonci vo okupiraniot del od Makedonija pod Grcki teror? Celiot pritisok sto se vrshi nad makedoncite e da si ja svitkat opaskata i da cutat pri trtenjeto. Ako MK ima najskapi avtomobili znaci ima i kapital za troshenje. Od kade e kapitalot ne navleguvam. Vazno pari ima. Na eden del im e povazno da dojdat do pari preku prodavanje na ime = svoevolno potcinuvanje. Podobro rob otkolku grob. Zarem Ne?