Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Случајот на ОМО „Илинден“-ПИРИН тест за Стразбур

Зошто Софија не ја почитува одлуката на Судот за човекови права

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Предметот ОМО „Илинден“-ПИРИН против Бугарија е се' уште без разврска во Стразбур. Полека, но сигурно, тој се претвора во „чувствителен политички случај“, за кој одбегнуваат да даваат изјави високите функционери на организацијата. По обидот во почетокот на годинава да се претвори во билатерален спор меѓу Македонија и Бугарија, денес тој се претвори во вистински тест за капацитетите на Советот на Европа во областа на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Тоа се случува во моментот кога најстарата паневропска организација слави 60 години од своето основање и десет години од почетокот на работата на постојаниот Европски суд за човекови права.

Комитетот на министрите во јуни одлучи дека во септември сака да го затвори како решен случајот ОМО „Илинден“-ПИРИН, не водејќи сметка дека Европскиот суд за правата на човекот нема донесено одлука околу повторните неуспешни обиди за регистрација на партијата.

Во најновиот додаток на мониторинг-извештајот за Бугарија изработен од украинскиот парламентарец Серхиј Холовати, јасно се вели дека „извршувањето на пресудата на Европскиот суд за правата на човекот во случајот ОМО ’Илинден‘-ПИРИН, се' уште не е спроведена од страна на Бугарија“. Во извештајот, Холовати потсетува дека станува збор за случајот со кој беше распуштена оваа политичка партија, која имаше цел да се „признае македонското малцинство во Бугарија“. Во пресудата од 20 октомври 2005 година, Судот од Стразбур заклучи дека распуштањето на партијата во 2000 година претставува кршење на член 11 од Европската конвенција за правата на човекот.

Позиција на ПС на СЕ драстично се разликува од последната одлука на Комитетот на министрите. Известителот на ПС на СЕ, кипарскиот пратеник Кристос Пургуридес, кој беше во мониторинг-посета на Софија, токму околу прашањето за начинот на кој Бугарија ги спроведува пресудите на Судот од Стразбур, смета дека овој случај најдобро сведочи за разликите во пристапите на двата органа на СЕ кога станува збор за извршувањето на пресудите:

„Една од областите во кои има најсериозни конфликти меѓу ПС и Комитетот на министрите е токму спроведувањето на пресудите на Судот. Во ПС на СЕ бараме пресудите на Судот да бидат спроведени брзо, без одложување и на ефикасен начин. Комитетот на министрите од негова страна им дозволува на земјите и владите, на кои Судот им рече дека ја прекршиле Конвенцијата за човекови права, да добијат на време, оставајќи им години и години пред да бидат принудени да ја исполнат пресудата“.

Пургуридес, притоа, нагласува дека ова не е нов проблем меѓу двата органа на Советот на Европа.

За својот 60. роденден на Советот на Европа се соочува и со друга институционална криза. На последната летна сесија, ПС на СЕ требаше да го избери наследникот на Тери Дејвис, генералниот секретар на Советот на Европа, но изборите беа одложени за септември. Причината е конфликтот меѓу ПС на СЕ со другиот орган на СЕ, Комитетот на министрите, кој отстрани двајца од четворицата кандидати за генерален секретар. Инаку, двајцата елиминирани кандидати се членови на ПС на СЕ. Според критериумите на СЕ, овие услови ги исполниле Полјакот Влоѓимјеж Чимошевич и Норвежанецот Тјобјорн Јагланд.

Но, Собранието дава отпор и се повикува на проблеми во процедурата, со барање да бидат повторно вратени во трката Унгарецот Матијаш Орши и Белгиецот Лук ван ден Бранд.

Летниот период се најавува како бурен за најстарата паневропска организација, на која не и' требаше ваков скандалозен избор на генерален секретар, во моментот кога бара нов здив и место под европското небо. Изборот е одложен до септемвриската сесија.


Статијата е прочитана 789 пати.

Испрати коментар

Од: pece
Датум: 04.07.2009 00:31:12
OMO ILINDEN benchmark broj eden za EU! da vidime dali ke go ispolnat?
Од: strumica
Датум: 04.07.2009 10:47:11
ovoj sliucaj vo eu e vece zavrsen novinarot tukaq se trudi da napise nesto no bez fakti imeno ova partija nemoze da sobere soodvetno clenstvo vo bug za da se formira a potrebni se 5000clenovi kade ce gi najde vo mak?sum bil sto p+ati vo petric nuikoj nese izjasnuva za makedonec.
Од: laze-prilep
Датум: 04.07.2009 12:46:09
do strumicanec-aj ne drapaj madinja!,vo Makedonija imase 5000clenovi sto ja registriraa "Radko"?!Ti mozis da odis vo Petric uste1000pati dzabe!Vo Bugarija ima povece Makedonci otkolku kaj nas vo Makedonija!A eden od makedoncite so bg pasos si sigurno i ti pa zatoa mnogu se zastapuvas za bugarite!
Од: Danail
Датум: 04.07.2009 17:23:53
Laze Prilep Jabe , site istoriski fakti velat deka poteknuvame od Bugarite i porano sme bile eden narod, ako i sega da sme Makedonci.
Од: dedo dimo
Датум: 05.07.2009 09:57:53
Ah bre ,ovie od strazburg se kako zooloshka gradina a i nivniot sud .Nikoj od zemjite vo EU ne go pochituvaat niu pak niv nikoj ne mozit da mu naredit - zatoa i Bugarite i Grcite pa i site postari chlenki se pravat gluvi Izgleda ako si chlenka na EU nikoj ne ti moz inishto dali si kriv ili prav ,tie kolat i besat a pstanatite zemji sakaat tamo pa morat da trpat .Veruvajte deca ,taa EU eden den ke EKsplodira kako (A bomba ) isto kako yugoslavia.

Најди! во Утрински
Втора страница
Двојната капа останува на главата на Фуере
Кошмар со даноците
Шведска најавува дека визите ќе се укинат до крајот на годината
Јавниот простор не е сопственост на Владата
Иванов најави дека е можна лидерска средба за името
Verbatim