Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ПОГЛЕД

Кошмар со даноците

Сања Наумовска

Дистрибуцијата на решенијата за данок на имот деновиве внесе збрка во секојдневјето на скопјани. Едноставна работа како достава на сметка, која ниту градските власти ниту, пак, фирмата која беше избрана на тендер не се покажаа дека можат навремено да ја завршат, за граѓаните се претвори во кошмар.

Очигледно совесни кога станува збор за граѓанската должност да се плати данокот, скопјани растрчани на сите страни неколку дена се обидуваат самите да дојдат до својата документација. Во меѓувреме, различни дезинформации ги упатуваа на неколку страни за на крајот да излезе дека, сепак, ќе треба да чекаат решение на врата.

Иако замислена како подобра варијанта од достава преку пошта, очигледно дека изборот на фирма за дистрибуција на фактурите не е она добро решение за кое се одлучиле градските власти.

Ако сака секој даночен обврзник да го добие своето решение, под претпоставка дека ќе го плати и дека тоа ќе значи поголем прилив во градската каса, Градот Скопје треба да бара од ангажираната фирма „Глобко логистик“ да му ги испорача сите фактури на рака на сопственикот.

И најважно, целиот процес да помине без понижувачките малтретирања и губење време. Недозволиво е граѓаните да се принудуваат за решенијата да чекаат ред пред камперско масиче во некој парк, а ако не дојдат да им следува санкција.

Се разбира, доставата не треба да се врзува со неизводливи временски рамки и рокови од само десет дена за близу 150.000 решенија. И, секако, без изговори дека никој немало дома.

Ако е важно да се соберат повеќе пари во градската каса, тогаш не е важно дали ќе треба два или три пати да се заѕвони на иста врата.


Статијата е прочитана 1146 пати.

Испрати коментар

Од: pance
Датум: 04.07.2009 06:26:01
Da se placa danok na imot za toa sto imas eden stan vo koj zivees so svoeto semejstvo a si go isplatuval 40 god,vo najmala raka e smesna rabota.Zatoa i graganite ne go placaat redovno,isklucivo ako dojde da go prodava nekoj so siot pamet oti ce nema kade da zivee.Neka placaat onija sto sobiraat kirii a svoite potstanari ne gi prijavuvaat,gi ima iljadnici,nikoj brojot ne im go znae.Zatoa nie narodot treba da se zalozime ovoj zakon da padne.Nikoj mojot edinstven stan ne mi go kupil pa niti imam namera za nego da placam danok na imot.
Од: kiril
Датум: 04.07.2009 07:56:06
Uste sto li ne se ke se izmisli vo taa neptekopsana drzjava samo da se dojde do pari i toa samo na tie luge sto se blizu do vlasta .Pa luge jas sum pogolem del od mojot zivot na zapad toa go nema nigde na kakvi li idei se ke dojdat taa vladeachka garnitura no interesno lusite raboti sto gipravaat se drug gi pravi oni se se dobrite i ubavo rabotat .Sega mi mirisa pak na 2001 va samo da znaat vladearite deka sega ke gi nemat vo podrska vekinata od togas posto si izigraa togas so nas ve molam osvestetise ako ja sakate tatkovinata
Од: ЗСС - Скопје
Датум: 04.07.2009 08:29:09
Треба неколку работи да промениме работите да си дојдат на своето: 1. Да ја вратиме доставата по пошта, како уредно доставување и според ЗОУП и според ЗДП (а невидената глупост: утврдување и наплата на даноци според ЗДИ веднаш да се избрише). 2. Плаќање на данокот на имот со т.н. трен налог до банката , секој месец по 1/12-тина (се разбира само оној кој ќе го одбере тоа).
Од: Пинг
Датум: 04.07.2009 09:55:27
До градските власти: 1. Која е причината наместо по пошта Решенијата да се додтавуваат преку фирма? 2. Дали во Договорот потпишан со фирмата и градот е прецизирано како треба да се изврши доставата? 3. Колку пари се издвоени од градската каса за оваа “операција“? 4. Колку е “стара“ избраната фирма, кои се нејзините референци, колку вработени има и колку данок платила минатата година? Почитувана Наумовска, доколку сте во можност помогнете ми да добијам одговори на поставените прашања. Верувам дека при одмотувањето на клопчето ќе Ви излезат уште повеќе прашања. Поздрав до сите Ваши и наши, а Вие почитувани коментатори ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА, АКО НЕ ЗНАЕТЕ КАКО, НЕ РЕЗИЛЕТЕ СЕ`, ВООПШТО НЕ КОМЕНТИРАЈТЕ.
Од: jovan
Датум: 04.07.2009 13:05:24
Narode danoci mora da plakate bidejki drzavava ke nema pari od kade da gi finansira svojte novopeceni biznismeni koj preku tenderi(kako vo slucajov) stanuvaat bogatasi preku nok. Najinteresen e primerot so MVR,kade sto tender za nabavka na oprema dobi edno momcence koe raboti kako skretnicar vo zeleznica, a "honorarno" brka i tenderi. Denes e eden od pobogatite vo drzavava. Zatoa plakajte redovno danoci i ne se bunete, vo drzavava ima dosta "uspesni "firmi i gazdi za koj morame site nie danoci da im plakame.
Од: Trajanka
Датум: 04.07.2009 21:08:16
Do Ping Mozebi ne vie poznato deka sekoj kompjuter nema kirilica . Jas ja sakam toa e moe prvo pismo. Pozdrav do site kirilicata treba da se neguva ( posebno mladite deca koi se rodeni nadvor od tatkovinata) .
Од: Makedonija
Датум: 05.07.2009 00:44:27
A dali pak ne e smesno pak sl.Izgradena kuka 46 godini so plan so odobrenie za lokacija ,odobrenie za gradba ,plan ,resenie za lokacija i dr.raboti sega mu teknalo da se otkupuvaat mestata kade se izgradeni kukite kako lugeto gradele na cuzdi mesta eeeeee mestata bile na R.Makedonija i sega plakajte za da se napolnat kasite treba dvoristata posle 5o godini da gi pravime sopstvenost eeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee

Најди! во Утрински
Втора страница
Двојната капа останува на главата на Фуере
Шведска најавува дека визите ќе се укинат до крајот на годината
Случајот на ОМО „Илинден“-ПИРИН тест за Стразбур
Јавниот простор не е сопственост на Владата
Иванов најави дека е можна лидерска средба за името
Verbatim