Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

5 ПРАШАЊА

Јавниот простор не е сопственост на Владата

Славчо Димитров од Здружението „Плоштад слобода“

Горан Адамовски


Прекршочните пријави за инцидентот на плоштадот „Македонија“ веќе се процесуирани. Им се суди повеќе на студентите отколку на силеџиите. Се чувствувате ли безбедно?


Како може да се чувствувате безбедно во држава во која имате очигледно репресивен државен апарат, во држава во која самопрокламираните демохристијани во своите библии чуваат слики од Сталин и кои место демоимплицитна политика спроведуваат тоталитаристичка политика со посредство на полициски режим од најлош вид? Не може и не се чувствуваме безбедно кога ни се упатува порака дека доколку му се спротиставите на „пастирот“ ќе бидете најперфидно санкионирани. Не бевме безбедни кога првин бевме претепани пред очите на полицијата, не сме безбедни ни сега кога сме обвинети од државата поради едноставниот факт на користење на основното човеково право на мирен протест и слобода на изразување. Не сме безбедни кога ни стигнува покана за на суд и се испишани нашите имиња со сите лични адреси и податоци, а притоа истата покана ја добиваат и насилниците кои претходно не' тепаа.



Ретко кој од професорите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и од студенските здруженија по инцидентот застанаа на страната на студентите. Зошто?

Бидејќи најголемиот дел од нив ја играат улогата на пасивни граѓани под маската на „интелектуалецот“, бидејќи дел од нив му се покоруваат на режимот за да ја зачуваат својата академска позиција и бидејќи дел од нив самите се партиски пиони на власта. Веќе подолго време на сите им е повеќе од јасно дека студентските организации кај нас се партиски лежишта, а не жариште на критичка, бунтовна, прогресивна и интелектуална мисла и акција.



Дел од забелешките беа дека дејствувате со помош на опозицијата и дека протестот на плоштадот бил точно испланиран во пресрет на вториот круг од локалните и претседателските избори?

Само вонредна состојба, што е еднакво на војна, би можела да попречи одржување мирен протест. Дали тоа значи дека Владата може да го изразува своето самоволие без разлика на средствата, а притоа сите треба да молчиме само затоа што биле избори? Мислам дека ниту една здрава логика не може да поддржи таков аргумент. И, во крајна линија, тоа се само лажни обвиненија за власта да се амнестира од сопствената одговорно��т и за да се забошоти неспособноста на полицијата да ги заштити протестантите. Дури и да беше поттикнат од опозицијата, што не е точно, дали тоа значи дека насилството што го засведочивме, силувањето на демократијата е оправдано?



Владата се откажа од изградбата на црквата, но државното земјиште и' го подари на МПЦ. Дали „Плоштад слобода“ ќе излезе на протести и доколку на плоштадот „Македонија“ биде донесена одлука за изградба на џамија?

Прво, каков и да се гради објект на таа локација, ние ќе бидеме против. Архитектите изнесоа повеќе од доволно аргументи против една таква одлука. Од друга страна, градењето каков и да е верски објект е противуставно и е апсолутно недозволиво и некомпатибилно со еден демократски и секуларен државен систем. Самата Црква во овој момент треба да донесе една огромна и одговорна одлука. А ако Владата мисли дека оваа земја, посебно јавниот простор е нивна приватна сопственост која великодушно ќе ја подарува на своите истомисленици, тогаш е во голема заблуда или, пак, не знае што е демократија и не знае кој е симболичкиот влог на плоштадот и што значела Агората уште пред 25 века. Суштината на подарокот е жртвата на сопственоста, жртвата на посесивните его аспирации, т.е. да му се даде на другиот слободата да постои во сета негова недофатлива, неспознатлива другост и различност.



Дали „Плоштад слобода“ е строго позиционирана на прашања околу урбанизмот или има поширока платформа за дејствување?

Како неформално здружени критички освестени граѓани „Плоштад слобода“ дејствува во однос сите актуелни проблеми поврзани со прашањето на градот, јавниот простор, културата и политичката слобода.


Статијата е прочитана 1641 пати.

Испрати коментар

Од: наташа
Датум: 04.07.2009 05:23:42
Браво дечко! браво на храброста елокветноста и ставот!
Од: stole
Датум: 04.07.2009 07:47:09
Celosna podrska na studentite tie se vo momentov zagrozeni od vladinata masinerija. Najtesko se doaga do pravdata koga go imate za protivnik toj sto treba da zastane vo Vasa odbrana i realno i vistinski treba da ja vidi vistinata i profesionalno da ja donese soodvetnata presuda. No za zal naseto "nezavisno" i "nekorupirano" sudstvo verovatno pod pritisok od strana na Vladata na VMRO-dpmne ke donese ,a verovatno veke e dogovorena, presuda deka Vie ste vinovni, ne potkleknuvajte ima i drugi institucii kade ke moze da si se izborite za vasata vistina. Teska e borbata so golemite i nedovolnoobrazovanite poslusnici na VMRO-dpmne mora da izdrzite.
Од: Трпе
Датум: 04.07.2009 10:46:54
Каде се македонските,стручњаци да се огласат за промашените решенија што ги носи оваЕПП влада.Или се кријат во глувчови дупки и чекат владата ,каква е таква е,.да им фрли по некоја коска.Голем срам за македонските интелектуалци кога од неспособни луге се надеват на милостиња.Тоа е Македонијаааа...храбра ...???..античка земја.
Од: janev
Датум: 04.07.2009 13:25:42
Bas e zalosno vaka mlad covek veke da e del od politickata masenerija. Procitajte gi zborovite na ovoj mlad covek . Terminite koi gi koristi se del od zborovite koi ekspertite na Bihacka i na SDSM gi koristea. Prostestot za koj govori ne e nisto drugo tuku partiski orkestrirano dvizene na SDSM. Gi vidovme Despotovski, Milcin i drugite na TV. Koga veke celata rabota dov=bi politicka dimenzija, najdobro ke bese Arhi-bandata da se povlecese
Од: zore
Датум: 04.07.2009 13:29:21
vo intervvuto ste zaboravile edno prasanje: cii partiski piuni se ,,plostad sloboda" i ,,prvata arhi-brigada"?
Од: eleni
Датум: 04.07.2009 14:19:56
A imeto e a?
Од: koki
Датум: 04.07.2009 14:40:48
Podrska do mladite studenti koi ja prezivuvaat najgolemata golgota i presija na svojte pleki od vladeackite strukturi. Da se nadevame deka ke uspeete da ja razbudite svesta kako prvo kaj vasite profesori kade im bese mestoto do vas, a ne po komisii za da odlucuvaat po direktiva kade i koi treba da se postavuvaat spomenici i muzei i da si gi polnat djebovite na vas grb. SRAMNO od nivna strana, a BRAVO do VAS.
Од: јана
Датум: 04.07.2009 16:38:39
се гордееме со тебе славчо! И со твоите колеги, ја знаеме ирена од весници, дамјан со уставниот суд, и двајцата млади што настапија во собрание. Камо среќа да имаше уште стотина како вас, ќе ги поместевте работите во оваа земја, работите кои не мрдаат и уништуваат живот на генерации за жал се уште. Се надевам дека не сте од партија, но и да сте, моето мислење е дека навистина делувате сериозно и поинаку од шаблонот што го имаат наметнаото тие. јана, центар
Од: elena
Датум: 04.07.2009 20:42:41
dobro prasanje. cii partiski pioni ste vie? dosega vo site izminati godini nisto ne vi precese vo gradov, taka? se cudam voopsto ste studentite i profesorite od arhitektonski imaat obraz da se pojavat vo javnosta. pa gradov, dargi moi vi lici na bunker of vremeto na enver hodza. vie zaedno so urbanata mafila ste glavnite vinovnici za seto toa. na site grdotii na zgradi i zdanija molcevte i so navednati glavicki si se pribiravte po vasite dupki, amfiteatri i kabinetcinja. sega naednas vi tekna deka nesto ne cini? kolku i da sum protiv idejata za religiozen hram na plostad, ne mozam a da ne ja sogledam vasata ocigledna, veke videna i se nadevam nadminata partiska pristrasnost i instrumentalizacija za drugi, prvenstveno politicki, celi i interesi. pateticnite lepenja na usti i glumenje na represirana gragani ne proaga veke. dajte nesto novo!
Од: vik
Датум: 04.07.2009 23:30:24
Браво бе дечко. Тепај се ти така за плоштадот твој, иди на протести итн. Али кога ќе дојде прашањето за како да се вика државата твоја СЕДИ СИ ДОМА (и заборави на демократијата) !!!!! Плоштадот е на народот - Грујо неможе да го дава на црквата, али името е на Грујо и на политичките партии - тоа може да се даде на “не - истомисленици“ ( твоите професори, активни "интелектуалци“, ова го тврдат по медиуми). Паметно. Ми се свига како размислувате. За стварно да ви поверувам дека се борите за некои демократски права, идете пред УН, ЕУ, и другите организации со селотејп на уста. Вас 18 години некој ви негира фундаментално демократско право а вас нигде ве немаше, ве нема и ќе ве нема (ај едно време студиравте, па сега станавте интелектуалци и знаете кои ви се ПРИОРИТЕТИТЕ). Тоа ве научиле вашите драги активни “интелектуалци“. Како да станете локални шерифи. (незнам дали сте запознаени со плаошник - го има на спотчиња, разгледници - а е со државни пари изграден).
Од: Do janev i zore
Датум: 05.07.2009 01:48:53
E janev i zore, jas sum ti eden golem vmrovec i patriot, ama ne sakam da mi go uzurpira nekoj ploshtadot. Vo sluchajov ne e bitno od koja partija si, bitno e shto saka gragjanstvoto. Veke ne e bitno ni dali sum ateist(a ne sum, poshto pripagjam na edna demohristijanska partija).A vo Skopje nema nekoe seljache od Pehchevo da mi kazuva shto da mu pravam na ploshtadot! Isto kako za imeto Makedonsko- na referendum! SDSM nema vrska so ova, bar da imashe...Do tolku ne gi biva! Btw zoshto ne napravat poveke ploshtadi?Pa neka gradat!
Од: kole
Датум: 05.07.2009 08:34:15
јавниот простор не е сопственост на Владата, ама е сопственост на Грујо и Фамилијата???

Најди! во Утрински
Втора страница
Двојната капа останува на главата на Фуере
Кошмар со даноците
Шведска најавува дека визите ќе се укинат до крајот на годината
Случајот на ОМО „Илинден“-ПИРИН тест за Стразбур
Иванов најави дека е можна лидерска средба за името
Verbatim