Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Борисов ја искористи трагедијата во Охрид да ја нападне Македонија

Погребани телата на 15 бугарски државјани што ги загубија своите животи во Охридското Eзеро

Тамара Грнчароска

Пет дена по катастрофалната несреќа на бродот „Илинден“, вчера во Бугарија беа погребани телата на 15 бугарски државјани што ги загубија своите животи во Охридското Eзеро. Претходно по извршената идентификација од страна на нивните роднини, во доцните вечерни часови во понеделникот, телата со воен авион беа префрлени од Скопје во Софија, по што им беа предадени на семејствата.

Несреќата која ги потресе двете земји и која, пред се', беше човечка трагедија, сепак, не успеа да остане надвор дневнополитичкото поткусурување и напаѓање. Лош пример на политизација на една ваква трагедија покажа новиот бугарски премиер Бојко Борисов, кој најпрвo ја искористи несреќата за да го нападне бугарскиот претседател Георги Прванов, а еден ден потоа и Македонците.

Борисов, без и најмалку сенс за човечката димензија на она што се случуваше во Охрид, го обвини Прванов, кој по настанот веднаш допатува во Македонија, дека се рашетувал низ Охрид наместо веднаш да ги префрли преживеаните во Бугарија. Прванов, кој во Охрид им се заблагодари на македонските власти и граѓани на брзата реакција по несреќата, со што е избегната уште поголема трагедија и со тоа ги смируваше страстите кои некои медиуми во Бугарија ги подгреаја со шпекулациите дека несреќата е можеби „терористички акт“ и не е случајност и кој побара од бугарската влада одговор на тоа како е можно во една земја-членка на ЕУ да не се знае кој и како организира туристички патувања, од Борисов доби одговор дека ќе се испита одговорноста на бугарските фирми, „но во случајов, целото безобразие е на Македонците“.

Борисов во понеделникот во утринска емисија на бугарската телевизија БТВ телефонски директно се вклучил во емисијата, велејќи дека „какви неправилности и да има во туристичките агенции, во мизеријата во која сакаат да прават бизнис, вината целосно е кај Македонците“. „Кога ќе отидеш, ти предлагаат услуга - дали е коњ, магаре, брод, камила... Тој што ја предлага носи одговорност за тоа. Сега да бараме вина во нашите туристички агенции е погрешно. Во случајот, целиот безобразлак е кај Македонците“, изјавил бугарскиот премиер.

Борисов ја искористи несреќата во Охридското Езеро и за уште еден напад врз Македонија, велејќи дека и по овој случај Македонија е засрамена како и за случајот на Спаска Митрова од Гевгелија. „Виновниците сигурно ќе бидат пронајдени. Знам дека има уапсени, знам дека министри си поднесоа оставки во Македонија. Но, повторно, и по овој случај се засрамени како и за Спаска. Останува да ги следиме работите“, изјави Борисов.


#
Статијата е прочитана 3738 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 09.09.2009 00:22:34
Toj mafijasot neka si gleda tamu kaj nego. Kaj nas barem nema DIVI turisticki agencii(iako ne sme vo EU), i neka ne ni soli mnogu pamet. Dzabe se vo Evropa, mozat samo da ucat od nas. A sto se odnesuva do brodot "Ilinden", i istragata ke pokaze deka e obicen nesreken slucaj(lani i vo Svajcarija se sluci ista vakva tragedija so poveke zrtvi) koj nikoj ne go posakuval. Steta za izgubenite zivoti. Bog da gi prosti.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 09.09.2009 01:55:04
Takvi nesrekji se sluchuvaat samo vo zemji kako Indija i Bangladesh. Ni ostanuva samo da se nadevame deka evropejcite kje uspeat da ne stavat vo red. Kulturnoto nasledstvo od antichkite makedonci ne doagja nikako do izraz.
Од: murto
Датум: 09.09.2009 02:50:43
Toa e toa, nema poloso od beden balkanski nacionalist. Da imate malku domasno vospitanie ke bidete na povisoko nivo od Borisov. Toa e premier na clenka na EU!?
Од: mkd17
Датум: 09.09.2009 02:51:43
Kako Makedonija ne e zasramena mnogu mi e gajle za Bugarite ............
Од: gargi
Датум: 09.09.2009 03:48:56
Za kakvo be bate Borisov ne mrzis nas Makedoncite.Pa neli sme si s'stio narod i ciskite sme si b'lgari koito govorat na s'stio ezik.Pa i tize ako iskas da go vidis Ohrid dojdi,ne se boj,ke te kacime na edno magarence i ste te rashodvame k'm naste strni.Jali pa ti iskas da vlezis vo Ohrid na kon.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 09.09.2009 03:55:30
Borisov ne ja vodi Bugaria vo prav pravec .Za vreme na izborite izgleda Bugarskiot narod ne znaele kolku plitok covek bil toj. Drzava nese vodi so na ANASANA brza kucka slepi raga. A za gospodinot Paravanov sto da recam covek na mesto dosta stalozen fleksibilem i mozes dasi najdes zaednicki jazik.
Од: pk-canada
Датум: 09.09.2009 06:00:04
Toa ti e evropski politicar, e Makedonijo, doceka edna bugarija koja bese 100 godini nazad da ne stigne i prestigne pa sega se pametni i ce solat pamet. E de 15 bugari pomalu golema rabota.Da, ne gi sakam bugarite, jas sum vlav a za vreme na bugarskata okupacija na Makedonija mnogu vlasi bile internirani vo bugarija i ne se vratile, malu e ova povece trebase.
Од: sneska
Датум: 09.09.2009 07:24:05
А што друго да се очекува од човек кој знае и умее само со тупаници.Кога благоречивоста ви е скриена во тупаниците, тој е стилот на водење политика.
Од: jimmy
Датум: 09.09.2009 07:25:14
Ma kava Spaska kakvi bakraci, ako vi e mila zemeteja vo Bugarija, takvi gubrina ne treba da ima kaj nas, sto zadnikot go davaat pod tuga kirija. Golemo socustvo do zaginatite i nivnite familii, no piliticarite ne treba da gi zemaat za politicki celi, samo glupavi i nepismeni politicari bi go pravele toa, kako sto e ovaj Borisov. Ponekogas i Grujo nas se odnesuva taka, ali i nemu tolku mu e znaenjeto. Dali uste Bugarite i Grcite spijat so glavite nadolu pa mu se stvara pritisok vo mozokot?????
Од: Bern-CH
Датум: 09.09.2009 08:07:36
Ne pluvajte tolku po bugarite, sekoj vtor bugarin e po poteklo makedonec, no so bugarsko nacionalno samosoznanie.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.09.2009 08:11:13
Не се работи само за Борисов. Во Бугарија и новинарите се нафрлија на Македонија, искористувајќи ја несреќата во Охрид. Весниците се преполни со вакви текстови. Во најмала рака ја обвинуваат МК за Антибугарска пропаганда, а секој Македонизам (како што тие го нарекуваат залагањето за Македонија) го означуваат со ПроСрпско делување. Нешто слично,прават и нивните „најпатриотски“ собраќа од BMRO-ΔΠΜΝΕ! Секој кој не е со нив и не рзамислува плитко (како нив) го прогласуваат за предавник и Србоман!
Од: do pk-canada
Датум: 09.09.2009 08:36:50
Bojko Borisov e seljak, tova go znae vseki v Bulgaria. A ti javno se mislish za Gospod, za da reshavash koj tr da umre i koj da zhivee. Bog li si ti, pk-canada? P.S. bravo na makedonskite grazdani, koito sa pomognali na ocelelite ot tragedijata v Ohrid! Vechna im pamet na zaginalite!
Од: dedo dimo
Датум: 09.09.2009 09:11:16
Ova e dokaz deka vakvi politichari kako Borisova i drugite Balkanski politichari ne se spremni da vodat drzava i izbotot go imaat da sozdavaat omraza megu BALKANSKITE NARODI .Umesto sozaluvanje gospodinot izlega so pogrdni zborovi ,navistina zaostanat i ne civiliziran divjak,na zalost e premier na nasiot komshija .Dali na vistina Bugarite se tolku bedni sho izbrale vakov ( MANGROL )?.
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 09.09.2009 09:27:29
Велат дека на идиотот не може да му докажеш дека е идиот, можеш само преку неговите акти и постапки да констатираш дека е идиот. Секоја сличност со лицата споменати во текстот е случајна/
Од: petrit
Датум: 09.09.2009 09:37:11
Stvarno preteruva epten ali pak se sakat ova e samo politicka REKLAMA i koga ke dojdat da zboruvat ke zboruvat za TENDERI naj golemiot kriminalisticki bissnis se pravi so vlasta na bugaria
Од: Macdonian Downundr
Датум: 09.09.2009 10:01:11
Dragi Makedonci i Grujo, Komentarite na bugarskiot premier Bojko Borisov ne se voopssto na mesto. Ne mu licci na eden premier na drzzava da gi messa semejnite problemi na nekoja si prodadena dussa Spaska so tragedijata na Ohridskoto ezero. Ne mu licci na bugarskiot premier da ne' navreduva site Makedonci narekuvajkki ne' bezobrazni. Se gleda kolku mu e umot na toj premier. Samo za sporedba, ako toa voopssto mozze da se sporedi, pred mesec dena se urna avion vo planinite na Papua Nova Gvineja - 10 pati posiromassna zemja od Makedonija. Zaginaa 8mina Avstralci i eden Japonski turist. VO NIEDEN MOMENT (!) AU Premierot Kevin Rudd ne ja navredi ovaa mala ostrovska zemja sosed tuku izrazi soccuvstvo za nastradanite i isprati vednass pomoss vo tehnika i lugje za da se vratat ostankite i ispitaat razlozite za nesrekkata. Za zzal, ovoj bugarski premier ima usste mnogu da ucci i e zzalosno ssto bugarite se tolku nesrekkni da go imaat za premier. Gore glava Makedonci!!!
Од: Македонија
Датум: 09.09.2009 10:12:25
Незнам во Бугарија како е не сум била од 2оо1 година,но знам дека во Македонија човечкиот живот не вреди многу.Кога ке се предизика некоја несрека тогаш се презема нешто.Е,па јас ви велам нема во ЕУ,затоа што низ цела МК во секој град имате ПОСТАВЕНО БАЗНИ станици од Т-мобиле за 3 ГИ...кое зрачи и ги убива Македонците..Господа нема град во ЕУ каде има БАЗНИ станици на покривите,на поштите,и тоа каде е најгусто населено..Во Кичево е толкава базна станица поставена на Поштата што поскоро треба да се сотре тука целото население,а богами сме густо населени,и повекето етнички Македонци..Дали софрата во Скопје на плоштадот беше наша задушница...Срамота што правите вие во Скопје..и не земајте провизии за животот на Македонците.Позз до утрински...
Од: jas
Датум: 09.09.2009 10:17:59
е мои македончиња, ако самите не си ставиме ред , ниту ЕУ ниту НАТО ниту пак Свети Петар нема да ни стави ред. Додека се толерира јавашлукот во Охрид и арамилакот по јавните служби од локалната самоуправа ќе се случуваат вакви глупости. Најмногу ме чуди како капетанијата му издала дозвола на бродот. Сигурно оние кои биле во Охрид го осетиле арамилакот на секој чекор, почнувајќи од дивите таксисти потоа газдите на „апартманите“ кои не плаќаат туристичка такса и на крајот таканаречените газди на плажите и слични објекти каде едно пиво е поскапо од пивото во Дубровник. Па нормален човек би пиел пиво со поглед кон Јадранот отколку со поглед во некакви си квазигазди и локални фраерчиња кои ако заработиле некој денар повеќе од комшијата се најјаки и најфраери. После не ни чини времето, економска криза е и сл. само не се домаќините на тие туристи кои се дојдени да се одморат и да не размислуваат на тоа кој колку ќе ги окуби.
Од: citatelka
Датум: 09.09.2009 10:31:11
Bas vcera edna prijatelka od Bugarija mi kaza deka sega gi proveruvaat site brodovi na crnoto more vo kakva sostojba se, bidejki golem del od niv se vo ista ili uste polosa sostojba od "Ilinden". Isti vakvi situacii (brod 90 god. star zema duplo povekje patnici od shto moze da podnese so 2 pojasi za spasuvanje) se slucuvaat i vo Turcija, (ne znam za Grcija - mozebi deka se vo EU pa moraat da vnimavaat). Lekomisleni i povrsni sme nie balkancite za nekoi raboti: "ajde, bre, nema gajle, i umrea 22 dushi." Ova se odnesuva na balkanskiot mentalitet koj ne razlichen vo drugite zemji. Taka da toj Mr. bugarski premier neka si go chisti prvo svojot dvor, a ne od ova da pravi politicka raspravija.
Од: LOLO
Датум: 09.09.2009 10:48:32
do Kultiviraniot Balkanec: Nesreki sekade se slucuvaat,ne samo vo indija i banglades. Lani imase golema nesreka na avstriskite alpi koga mnogu skijaci gi zagubija zivotite, Vo italija ,nato avion se spletka vo zicara i ete pak mrtvi,na avtobus zaspal vozacot pak vo austrija i pak mrtvi!Fakt e deka vakvo nesto nesto se slucuva prv pat vo Makedonija i se nadevam i posleden.
Од: Aleksandar Petkovski
Датум: 09.09.2009 11:05:55
Bravo za novinarkata kako objektivno go okarekterizirala nivnion premier. Utrinski vie ste vesnik na mesto, a ne kako od A1 kade sto nitu imaat objektivnost nitu pak znaat deka treba da si ja branat drzavata kako i sekoj normalen i sovesen gragjanin.
Од: srebre
Датум: 09.09.2009 11:27:42
ne gledam sto borisom loso kazuva vistina e deka vo mak vladee haos kako moze brod so visok na patnici propadnat 1-2metri vo voda i na krivo da plovel a pravoznik da se pravel corav?tuka li e kriv borisov?kapetan 23god bez nikava skola (na zapad se sturira za ova 5god)a ovoj upravuval so brod od 13god.....i koja e taa kapetanija sto go registrirala ovoj brod koj bil zariban vo kanalot decenii i bil zabranet za upotrbe do 1990god znaci do togas imalo zakon a posle ne(so osomostujuvanjetoo)a min za vrski da gi imal site ovie ravoti pod kontrola nemase da dojde do ova...a kako ce bese da bese obratno ce gi plavme bugari na lomaca ce gi obvinivme za terotizam...sasrami se makedonijo.
Од: tomo
Датум: 09.09.2009 11:47:58
Bugarija da plati milioni evra reparacija za II svetska vojna na Makedonija. Tie milioni bea dosudeni na medjunarodna konferencija so medjunaroden dogovor a Tito mu gi prosti na Georgi Dimitrov bidejki ovoj gi prizna Makedoncite.E bidejki pak sega ne ne priznavate, da si gi platite parite i toa so kamata i DDV. A za zaginatite Vecnaja Pamjat!
Од: filip
Датум: 09.09.2009 13:01:38
srebre,borisom se pravi mnogu mudar,toj saka dobro da zema,a loso da dava. neka si kaze, kolku nesreki se slucile vo bugarija poslednive 10 g.,a posle toa neka ja navreduva makedonija
Од: sladj
Датум: 09.09.2009 17:04:51
Isto ke iskomentirase nekoj nas, da bese obratna situacijata..nema lutenje. A, PK Canada sram da ti e!!!

Најди! во Утрински
Насловна
За странска инвестиција 50 отсто бонус од Владата
Поправен испит барем со победа на крајот
Вести на рати
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Херојска победа над Израел
Споменици завиени во мистерија
Бакојани
До Брисел преку Триполи и Техеран
Потонатиот брод „Илинден“ ќе го извлекува хрватска компанија
Чадорите при рака во наредните десетина дена
Штетата од избрзувањето со еврообврзниците
Ја губи ли власта пропагандната војна?
Зонското паркирање ги испразни паркинзите, а ги наполни тротоарите