Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Зонското паркирање ги испразни паркинзите, а ги наполни тротоарите

„Градски паркинг“ тврди дека зонското паркирање ја постигнува целта

Снежана Калабакова

Паркинзите каде што почна примената на зонското паркирање зјаат полупразни. Затоа, пак, пребукирани се тротоарите и уличките во радиус од еден километар од центарот на градот. Поради зафатените тротоари со автомобили, пешаците се принудени да се движат буквално на улица. Тоа доволно кажува дека новиот начин на организација на паркирањето во централното подрачје доживеа промашување.

На скопјани зонското паркирање им е скапа варијанта и затоа бараат други места за своите автомобили, а локацијата да биде близу. Ваквата можност од неодамна им е ускратена и на паркинзите спроти последната постојка на автобуската линија „23“ во Капиштец, бидејќи некој и таму ставил рампи и го ограничил влегувањето. Од „Градски паркинг“ велат дека во согласност со Решението за утврдување режим на сообраќај, од 22 јули годинава, претпријатието е задолжено да го уреди и да стопанисува со паркингот „Народен фронт“. Моментно таму се вршат градежни работи, обележан е просторот, а за цената за паркирањето треба да одлучат градските советници. Дури потоа паркингот ќе почне да функционира. Појаснуваат дека работите на овој паркинг почнале на барање на граѓаните што живеат во зградите.

Оние, пак, што живеат близу паркинзите со зонско паркирање станаа привилегирани. По се' изгледа единствено тие имаат ќар да паркираат за 200 денари месечно, додека другите граѓани мора да се снаоѓаат. Бидејќи 45 денари за два часа паркирање е прескапо за оние што работат во центарот на градот, а возилата мора да ги преместуваат на секои два часа, тие сега ги наполнија тротоарите со паркирани автомобили.

„Не сметаме дека зонското паркирање е промашување. Напротив, ја постигна целта. Сите граѓани што доаѓаат во центарот на градот да завршат некоја работа, секогаш имаат слободно место за паркирање. Сите паркиралишта, кои се дел од зонското паркирање, се обележани, исчистени и со поставена вертикална и хоризонтална сигнализација. Зонското паркирање ја постигнува целта уште во првите седмици од неговото имплементирање“, вели Ана Витановска, референт за односи со јавност во ЈП „Градски паркинг“.

Од претпријатието не се согласуваат дека цената за паркирање е висока и го споредуваат со паркирањето на улицата „Максим Горки“ каде што за еден час се плаќа 50 денари, но и покрај тоа паркиралиштата се полни. Кај „Телеком“, пак, паркирањето е 40 денари, а над влезната рампа најчесто свети црвено светло како знак дека паркингот е преполн, иако тоа се паркиралишта од затворен тип!

Надлежните велат дека зонското паркирање е преземено искуство од многу земји, дека нуди повеќе начини на наплата и ја зголемува фреквентноста во најтесното градско подрачје. Исто така, сметаат дека ваквиот начин на паркирање го намалил метежот и оставил простор за пешаците, велосипедистите, лицата со посебни потреби, децата. Сеп��к, не кажуваат дека во земјите од каде што го презеле искуството има и алтернативен градски превоз, трамвај, тролејбус, квалитетен автобуски превоз. Што се однесува до просторот за пешаците, пак, веројатно одговорните сметаат дека на коловозот секогаш има доволно простор за пешаци, бидејќи очигледно е дека на тротоарите нема. Тие сега се резервирани за автомобили.


#
Статијата е прочитана 1903 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 08.09.2009 22:40:08
Во држава во која има квалитетен јавен превоз паркирањето во централното градско подрачје е скапо и временски ограничено за да се стимулира користење на јавен превоз. Македонија НЕ Е една од тие земји. Цената на паркинг и целиот овој проект е смешен.
Од: Александар
Датум: 09.09.2009 00:51:39
Јас како жител на Центар, не забележав повеќе возила на тротоарите од вообичаено. Ја поддржувам акцијата за поскапување на паркирањето во Центар. Впрочем тоа е пракса во најголемиот дел западноевропски главни градови. Време е Скопјани да почнат да размислуваат да се превезуваат со велосипеди и пешки.
Од: Todor
Датум: 09.09.2009 09:03:30
Ukinuvanjeto na vizite ke vlijae najmnogu na nasiot palanecki mentalitet. Makedoncite konecno ke uvidat deka zapadnite drzavi se jaki i ubavi zatoa sto narodot im e takov, a ne zaradi nekoj si premier ili minister. Ke se frapiraat koga ke vidat deka vo Pariz na primer, i najgolemite direktori barem malku pooduvaat peski do rabotnoto mesto, a decata na najgolemite bogatasi nemaat prilika da vlezat so svoeto Ferari vo kafic, kako sto kaj nas toa go pravat so jadna Seat Ibiza i toa bela!
Од: окрад
Датум: 09.09.2009 09:10:00
Прво организирање на ЈАВЕН ПРЕВОЗ, велосипед и пешки функционира во земја како Холандија поради влажната клима, кај нас истото ќе има предизвика смрдлив Центар поради испотени мишки, ние не сме Холандија. Прашање до овие што се прават паметни, каде има паркинг за велосипеди каде би ги паркирале ништо не е организирано. Се обратно се прави кај нас.
Од: sk 63
Датум: 09.09.2009 10:11:52
Zonskoto parkiranje e vistinsko resenie za postepeno resavanje na parkiranjeto na motorni vozila vo centralnoto gradsko podracje.Takvo resenie e primenoto vo evropski gradovi vklucuvajki gi tuka nekoi gradovi od bivsata SFRJ/Belgrad,Zagreb i dr./So ogranicuvanjeto na parkiranjeto na dva casa se otvora moznost poveke vozacik da parkiraat vo centarot na gradot.Poplakite na gragjanite deka e skapo ne "drzat voda" ako nekoj moze da si dozvoli da vozi avtomobil sto cini 15-20 iljadi evra,togas sekako deka moze ik da plati 45 denari na cas a ne daparkira na nedozvoleno mesto.Portadi takvoto odnesuvanje na skopskite vozaci pesacite se prinudeni da se dvizat po kolovozot,apeliram do nadleznite vo gradolt da ja zajakn at "pajak sluzbata" i i da gi podigaat site n epraviklno p;arkiran i vozila po trotoarite!!
Од: B22
Датум: 09.09.2009 13:27:43
Овој начин на паркирање долгорочно ќе се покаже како успешен, треба да се истрае. Но има еден голем пропуст, тоа е постепеното обележување на патркиралиштата, треба сите во еден ден да се обележат, вака се создава голем метеж и се остава впечаток дека проектот е во тест фаза и дека властите се колебаат, што не смее да се дозволи.
Од: Osogovo
Датум: 09.09.2009 13:29:16
Prvo treba da se stvorat uslovi pa da se pocne nekoj proekt.No kaj nas se e pod eden "kalap" i toa e URAAAA. Da vo golemite svetski gradovi imaat zonsko parkiranje, no celta e da se najde formula za da se namali soobrakajniot metez vo centralnite podracja.Zatoa i imaat vo prvata zona organizirano BEZPLATNI avtobusi koi se dosta "frekfentni" ( gi ima na 5-10 min), pa lugjeto si parkiraat podaleku od centralnoto podracje i gi koristat ovie avtobusi ( vo glavno se eko avtobusi). Normalno trosocite za istite gi pokriva drzavata.E vo ovie gradovi i pokraj visokiot standard na naselenieto lugjeto planiraat kako da ne doagjaat so koli vo prvata zona.No kaj nas se e obratno. Palaneckiot mentalitet dominira vo site "pori" na opsteastvoto...NAZALOST
Од: Delco
Датум: 09.09.2009 15:07:29
Podobro da prodavas parking odkolku benzin. Toj sto ima avtomobil mora stalno da parkira kade i da e!
Од: Gjore Jorgo
Датум: 09.09.2009 15:57:50
А дали сте се паршале зошто во Солун и во Атина паркиарњето е секаде дозволено иако во првиот има 4 пати повеќе коли и 3 пати повеќе жители од СКопје? - Не мора да одите подалеку кадешто се` е посредено од тука и тешко е да се споредува. Еве зошто зашто од јавните површини т.е. улици и тротоари (што им припаѓаат на сите) не смее некој да заработува. (Устав на РМ чл.3 = res communes omium - на латински), а и дека уствот и на Грција и на Македонија гаранира слободно движење по целата територија на државата за сите. (Кај нас чл. 8 од уставот). Истото важи и за лежалките до самата вода во Охрид, (5 м од водата по брегот е земјиште кое им пропаќа на сите), ама во Македонија никој не шмиргла ни Устав ни Закони. Можеби згрешив во некој од членовите арно ама сигурен сум во правата на граѓаните. Па така никој не може да труша пати од делот од Скопските улици кој ми припаѓа мене, а кој со нивни пари ги изградиле моите родители, а и јас сега, со комуналните такси кои ги плаќам.
Од: od mene
Датум: 09.09.2009 17:51:59
nie sme mn.mn.mn. daleku od taa idila(zapadnjacka),zasega za nas e samo bajka koja neuspesno se trudime da stane realnost.da,bi trebalo,no se vo svoe vreme.plodovite sto se berat zeleni ne samo sto ne se slatki i socni,tie GORCAT.

Најди! во Утрински
Насловна
За странска инвестиција 50 отсто бонус од Владата
Поправен испит барем со победа на крајот
Вести на рати
За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза
Зденко
Бакојани
Споменици завиени во мистерија
Херојска победа над Израел
До Брисел преку Триполи и Техеран
Борисов ја искористи трагедијата во Охрид да ја нападне Македонија
Потонатиот брод „Илинден“ ќе го извлекува хрватска компанија
Чадорите при рака во наредните десетина дена
Штетата од избрзувањето со еврообврзниците
Ја губи ли власта пропагандната војна?