Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Кошарка

За 10 минути Хрватите ни го урнаа сонот за два бода во втората фаза

Македонските кошаркари прокоцкаа водството од 17 коша од 15 минута и на крајот загубија со 71:81

Од нашиот известувач
Наум Котевски




Ни фалеше дрскост, храброст, и секако памет па ова да биде втора вечер од ханскристијановите бајки за македонската кошаркарска репрезентација, овде во Арената во Познањ. Додека од трибините се ореше песна од македонските навивачи кошаркарите пропуштија голема шанса по вчерашната победа над Изреал да ја совладаме фаворизираната Хрватска во битката за вредните два бода кои сакавме да ги пренесеме во втората фаза и новоформирната група во Бигдош.

Имено, по импресивното прво полувреме во кое ја врзавме Хрватска за радијатор, правејќи и плус од фантастични 17 коша во 15 минута и 14 на полувремето, следеше катастрофален пад во вториот дел во кој не игравме практично ништо, а Хрватите како духови влегуваа во рекет и се извлекуваа на шут доаѓајќи до победа од 81:71.

Нивната серија од 12:0 на стартот од третата четвртина за топење на нашата предност на само два поена разлика ја врати насмевката на лицата на хрватските навивачи и новинари, кои во првиот дел си удираа шега на своја сметка: ""Ги нема Бурисис, го нема Спанулис, но ги има сите Македонци кои можат да даат тројка", викна еден хрватски колега од своето место. И беше во право, во тоа незаборавно полувреме нашата бековска линија играше одлично и благодарејќи на Врбица и на Ристе Стефанов, како и на Соколов имавме 5/8 за три на крајот од првата четвртина и 9/20 на полувремето. Згора на тоа по 10 минути го смрзнавме на нула најдобриот хрватски кошаркар, од оваа сезона бек на Милвоки, Роко Лени Укиќ, кој својот прв кош го даде во 16 минута.

Таа чиста слика за нас за кратко време се замагали. Третата четвртина Хрватите ја завршија со минус пет, а во последната ни го раскажаа филмот. Кошаркарот на ЦСКА Москва Зоран Планиниќ беше креаторот на пресвртот. Влегуваше лесно покрај Гечевски, положуваше, му играше со грб, го ротираше, а и асистираше. Покрај него некако најконстантен кај Хрватите во текот на целиот натпревар беше Вујчиќ, кој на крајот заврши со 12 коша. Ако, Хрватите во првиот дел имаа проблем со пик играта, а ние со две додавања имавме отворен шут, во вторите 20 минути приказната беше сосема различна. Хрватите поентираа, а ние се нервиравме. Арсиќ доби и техничка грешка во последната четвртина. Таа негова грешка не е битна, но битна е очигледната психолошка грешка, кај целиот тим. Таа мора да се поправи во мечевите со Германија, Русија и Франција во Бигдош.

Македонија - Хрватска 81:71 (48:34 полувреме)

Сала: Арена во Познањ, гледачи:1000, судии. Долинек (Чешка), Херезуело (Шпанија), Празак (Чешка)

Македонија:Стефанов 12, Мираковски, Соколов 12, Р.Стефанов 11, В.Стојановски 7, Блажевски, Тасовски 2, Гечевски 8, Антиќ 7, Д.Стојановски 12, Мејси 12, Самарџиски.

Хрватска: Укиќ 7, Кус 8, Поповиќ 7, Вујчиќ 12, Пркачин 9, Розиќ 7, Пла��иниќ 9, Стојиќ 2, Лончар 1, Баниќ 11, Ничевиќ 8, Касун.


#
Статијата е прочитана 1550 пати.

Испрати коментар

Од: stip
Датум: 09.09.2009 20:30:12
amateri........... utki nevideni. drzavata ni e neprofesionalna , i se natamu ni e amaterizam............
Од: Aleksandar Mali
Датум: 10.09.2009 01:18:14
So vakov katastrofalen selektor nisto arno ne ni se pisuva.Niti znae koga da napravi izmena,niti znae koga da zeme tajm aut,vadese klucni igraci koga mozevme da ja dotolcime Hrvatska,Mejsi go drzi skoro cela utakmica na klupa...Pod hitno da se istera,a timot neka go vodat pomosnicite.
Од: Pece
Датум: 10.09.2009 07:07:10
Za nasite sportisti dali bile rakometari,kosarkari,fudbaleri,treba samo edno:PSIHOLOG!Ova sto go pravime nie e za ubistvo!
Од: Pece
Датум: 10.09.2009 08:45:18
da, se ce bese dobro ako selektorot Arsic so sebe ne povede penzioneri. Ako imase mladi momci koi ce mozea da go zamenat Antic i Gecevski se ce bese poinaku. Takanarecenata prva postava nema kondicija za dolg natprevar. A famozniot Vrba e samo legenda i nisto povece. Svestete se
Од: andrej
Датум: 10.09.2009 08:55:45
MIZERIJAAAAAAA!!!sramota e sto nosat nacionalen dres.Na se licat osven na UIGRANA ekipa ne!!
Од: Stradalnik
Датум: 10.09.2009 09:26:37
Navistina tesko e da si makedonec koga onie sto gi imame odbrano da ne pretstavuaat pred svetot ednostavno kako da zaboravaat deka se makedonci. Kosarkarite prokockaa takva prednost sto na krajot go iskluciv televizorot, mi bese sram da gi gledam. Nisto podobra prikazna ne se ni fudbalerite, i toj natprevar nemozev da go gledam do kraj. Tesko mi bese.
Од: machak
Датум: 10.09.2009 09:47:10
Ke se prekrstam u Jeremiah Masey...definitivno najgolemoto srce koe igra za reprezentacijata.....so dolzna pocit i samo napred majstore
Од: Saso
Датум: 10.09.2009 10:27:27
Toj sto gi vodese od klupata ( kako si Izrael vo poslednite 3 minuti) povtorno se izgubi. Abe, kako moze toj Arsic da ne reagira koga hrvatite vo ocaj zonskata odbrana ja promenija vo presing, da ne zeme tajm-aut, da gi posovetuva centrite da vlezat vo reket, da ima posigurni dodavanja...? Steta, imavme solidna razlika, kosarkarite vo najgolem del od mecot igraa dobro, a da bese bilo koj podobar selektor - vakov presvrt sigurno nemase da dozvoli.
Од: zelezara
Датум: 10.09.2009 10:39:20
Do Aleksandar Mali. Prijatele na vakvi igraci i Fil Dzekson da e selektor pa dzabe.Ne e do trenerot tuku do igracite,tolku e kvalitetot
Од: vlatko stip
Датум: 10.09.2009 10:55:04
se slagam potpolno za selektorot.zar ne mozese nekako barem da go viknat barem da bide sovetnik zare markovski.covekot e pat rajli za evropska kosarka.mislam deka covekot nemalo da odbie da bide sovetnik na arsic.inaku cro e velesila sega poleka se vrakaat na starite pateki.17 poeni prednost ne trebase da ispustime.steta.
Од: FILIP
Датум: 10.09.2009 11:33:08
prvin vaka za igracite ni fali vlatko ilievski toj ni e organizator na igrata i ima golemo iskustvo vrbica se gleda zaedno so gecevski se za vo penzija bravo za mladite igraci ova mu se prvi golemi natprevari i bas dobro gi izigraja zboruvam za vojdan i damjan stojanoski 21g sokolov 23g samargieski 23g za niv nemam nikakva zabeleska tasovski i mirakovski nikogas poveke ne treba da igraat zatoa sto ne se reprezativen kalibar i poveke steta ni pravat zosto blazevski 37 g go zedoja i ja grejt klupata ke bese podoro da go povikase k.nikolovski 21 mlad taletiran centar ke bese golem iskustvo za nego vaka nisto ne dobivme so blazevski a za arsic samite srpski vesnici kazuvaat deka toj e najgolemata utka na ova reprezetacija i jas mislam bez nego ke igrame po dobro golem amater i los strucnak
Од: jas
Датум: 10.09.2009 12:09:46
koga ke prestaneme da gi potcenuvame drugite ekipi ako malce sme podobri, togas ke bideme dobri vo kontinuitet... i za fudbal i za rakomet i za kosarka...
Од: i love this game
Датум: 10.09.2009 12:53:24
Bidete realni - ne sme dovolno dobri! Padnavme kondiciono, Hrvatite izigraa perfektno vo odbrana, gresni takticki potezi, pa nisto ne slucajno koga nekoj ke napravi 14-0 vo takvi uslovi. Sepak fala im na nasite sto ne prenesoa vo vtoriot krug, nekako ni go obelija nasiot obraz posle onoj nesreken poraz, samo se molam da ne potemne i vo ostanatite 3 meca sto sledat. Makedonija e navistina neprofesionalna drzava, so neprovesionalen mentalitet, neseriozni lugje i mal sportski potencial - se toa e preslikano vo sportot, ne slucajno e sto sme nekako na dnoto i posledni.
Од: srecko
Датум: 10.09.2009 15:08:30
Makedonski sindrom.Taka bese i Katanec kriv za nasite "TUTURUTKI" vo fudbalot.Im smetase, go trgnaa i sto??? TAPA!!!! Ta nie ke pobedevme vo Skotska ta vo Norveska, ta...ta..drzi me majko se isposrav.Site sme nie "nevideni" selektori i se razbirame vo se.Pa, pa sto nacija bevme da se cudis.A bre lugje tolku ni se moznostite, ALOOOOO, ne se "treskajte od zemja" i bidite malku realni.Dosta so toa UAAAA i vednas selektorot. Ako nekade treba da se raboti toa e na PSIHOLOSKI PLAN, 100% se slozuvam so Pece.Primer: selektor kako Katanec moze samo da "SONUVAME", ama im precese na golemite "zvezdi" i "LIGUSI", a voedno i mamini i tatini sinovi.Go izbrkaa i STO???

Најди! во Утрински
Насловна
За странска инвестиција 50 отсто бонус од Владата
Поправен испит барем со победа на крајот
Вести на рати
Зденко
Бакојани
Споменици завиени во мистерија
Херојска победа над Израел
До Брисел преку Триполи и Техеран
Борисов ја искористи трагедијата во Охрид да ја нападне Македонија
Потонатиот брод „Илинден“ ќе го извлекува хрватска компанија
Чадорите при рака во наредните десетина дена
Штетата од избрзувањето со еврообврзниците
Ја губи ли власта пропагандната војна?
Зонското паркирање ги испразни паркинзите, а ги наполни тротоарите